Значи да сумираме, нема никакви конкретни докази дека 5Г има лошо влиание, освен претпоставки и случајности, неколку врапчиња што умреле и 2-3 држави што откажале 5Г. Исти аргументи и претпоставки како и земјата дека е рамна, тука се некаде. А и фемина гледам еволуирала од дебатирање во сами да си истражите ви пише на интернет. Знаеш на времето кога беа актуелни бомбите на Заев во политикине, каде кога ќе ги прашаше неутралните вмровци од каде им се информациите барем ќе кажеа нешто баба им работела у сдсм па знаат или курир/инфомакс некој линк ќе пуштеа нешто, ова нов левел на дискусии... ова вака можам и јас. Еве, јас викам не е штетна, баш напротив има одлично влијание врз луѓето, не ми верувате? епа видете си на интернет, ви пише таму, едуцирајте си се проста масо, е така. И јас не сум запознаен со 5Г и реално мислам дека нема никаква поврзаност со вирусот, апсолутна никаква, тоа дека е билошко оружје и што знам што корона вирусот, би рекол дека тоа е друга тема и е дискутабилна, ама дека се поврзани не би рекол дека се. Па уште влегуваат со тон како они да се едуцираните научници, ги нашле скриените тајни во општеството, ние глупите ги исмеваме ама ќе видиме еден ден.
Ја уште не сфатив како тоа фрекфенција се апсорбира во воздух. Се мисли на некаква резонанција, диполни моменти...што? Едит - на пример има објаснување зошто токму гасови како СО2, метан се причина за глобалното затоплување, а не се азот и кислород и се должи на структурата на молекулите. Па ајде, чекам и за ова.
Дотичниот е прв човек на канцеларијата на Мајкрософт во Македонија (сега прочитав на еден сајт каде што му го имаат објавено статусов, освен што се шири по фб), ама океј, ти сигурно многу подобро знаеш од него
Па мислам многу јасно фреквенцијата ќе се апсорбира во воздухот и ќе ја дишеме. Што е фреквенција? https://mk.wikipedia.org/wiki/Фреквенција
Како што реков погоре - може евентуално еве таа фреквенција да резонира со фреквенцијата на осцилација на молекулите на некои гасови во воздухот, да им менува диполен момент и ред други работи кои се својствени како интеракции помеѓу молекули и електромагнетни бранови. Али овие ги спомнувам онака. На ваква интервенција се сведува глобалното затоплување - ИЦ бранови со хетероатомски молекули, ама да не навлегувам во детали. Така да и ова пак ќе речам- чекам објаснување каква е интеракцијата помеѓу таа фреквенција и молекулите на азот и кислород кои се застапени во воздухот? Зашто сериозно и јас не знам.
5г е бизнис. Нормални Илијанчо ќе си го штити бизнис интересот. Не дека од него нешто зависи, де... Секоја иновација носи за некого бенефит за некого штета. Одамна сме контаминирани и живееме во контаминиран свет, благодарение на иновациите кои се нечиј бизнис. Еве, јас лично, комотно би преживеала без пластика, живеев во свет без пластика. Башка пијалоците имаат подобар вкус во стакло. Ама, кој ме прашува мене. И за радиумот Марија Кири мислеше дека е не е многу опасен, очигледно погрешно. Ама ништо од погоре кажаното нема врска со ковид. Меѓу другото, Финска има развиена 5г мрежа, не знам во кој дарк нет ја гледате мрежата во италија. Финска има 1000 случаи на корона или така нешто. https://www.sdxcentral.com/5g/definitions/the-top-countries-with-5g-deployments-and-trials/ Не ми се верува што се обидувам да објаснам Има разлика меѓу информираност, критичко преиспитување на изнесени информации и шпекулирање со баби и компири. Темава се занимава со тоа последното.
Е кажи ај како е глупост? Ја отвораш темава без никакви докази, аргументи и факти, па кога некој ќе постира такви викаш дека се глупости. Зошто е глупост? Или "Нѐ лАжАт оД НасА" е работава. Инаку не сфатив уште еве која е поврзаноста меѓу 5G и ковид19. Да речевте има поврзаност со рак ќе сфатев од каде ви иди сомневањето, ама со вирус??? Како 5G предизвикува вирус, како???? Вирусот е пренесен од лилјаци, не е ни лабораториски направен. Зошто побогу некој би направил вирус да предизвика пандемија и со тоа економска криза? На кого му е во интерес државата да падне во економска криза? Вирусот не бира кого ќе зафати, не му е гајле за богати и сиромашни држави, за елита и обични смртници. Превртувам очи ко ќе прочитам дека некој си мисли оти цел свет кова заговор против него. Од тоа што се информирав, 5G мрежата спаѓа во делот на нејонизирачко зрачење во електромагнетниот спектар, кое btw не е штетно. Нема никакви докази ни дека убива птици и слично. Ај олабавете малку со теорииве на заговор.
Eve sto ke diseme , kraj na prikaznata. https://arizonahomeopathic.org/2019/02/06/5g-a-toxic-assault-on-the-planetary-web-of-life/