Бројот на пчелите не е намален како причина од технологијата, конкретно од радио брановите или радио брановиот спектар кој се користи. Тука се во прашање други хемиски и биолошки процеси поврзани со тоа прашање. Но природата се прилагодува на се така да нема да е проблем, ние како единки неможеме многу да направиме за да ја смениме. Друга работа, во врска со електро магнетните бранови и нивниот спектар, земјата емитува каде каде повисоки фрефенции од нејзиното змјино поле, и до бива од сонцето, а особено од сончеви бури. Поларната светлина на пример е знак на големо полнење на земјата со електро макгнетна енергија од сонцето. Се ова што е по медиуми е ветар во магла што читате за пчелите и 3г и4г мрежата, особен 3г.
Само што најдов итражување на индиски научници за влијанието на wi-fi врз пчелите https://mudita.com/community/blog/how-does-mobile-radiation-affect-honey-bees/
Поголем магнет има од земјата и сонцето. Соларните бури се најопасното нешто што постои, само ретко кој прочитал и знае што се случува и што прави тоа. А ние тоа не можеме да го промениме. Доста читате и слушате муабети, некој нешто рекол, не дорекол не дослушнал. Ако сакаш да знаеш прочитај релевантни линкови или книги. И мафнете го овој Васко Ефтов. На една саглам емисија праи 5 несаглам.
Знам друже, на сите предавања во здружението сите го потенцираат ова. Штом Брисел не го употребува, значи е штетно и шо паѓаат врапчиња. @DiCaprio врапците и пчелите од постоење на светов немале мака од земјиниот магнет колку шо имаат сега од ова. Ти ги гледаш работите од научен и технолошки аспект.
E aj од кој аспект да ги гледам кажи ти. Од некој што 3 чисти нема од технологија или медицина, или незнае какво е дејството на радиобрановите врз околината и живиот свет. Туку кажи ми ти сега, од каде податокот на кој фрекфенции оперира 5г мрежата, кој ти е изворот на тоа...од видеото нешто слушна?
Никој нее против техниката, и јас сум за технолошки развој. Но мора да се превземат посериозни чекори за да нема опасности како помор од врапчиња, дезиоринтирање на пчелите и штетно за човекот. Затоа и Брисел не го воведе уште.
Ваква статија можам и јас да ти напишам, ова е нерелевантно. Кај е студијата што ја извеле, кај има линк до неа. Плус ги гуглав "научниците" едниот е писател на книги другиот е психолог. Допирна точка со технологија ама ич. Ти реков ќе отворам веб-сајт и ќе пишам и јас шо сакам.Никој не може да ми забрани, па ти верувај. Оф леле Брисел не го вовеле. Рекол некој вратар од таму и сите скокаат брисел не го вовеле. Ако разбираш геополитика ќе сфатеше дека тоа е економски удар врз кина како главен развивач. А дека сите ќе го користиме тоа е извесно. Кажи ми ти за фрекфенцијата, не избегнувај одговор.
@DiCaprio штом се разбираш добро во ова, може ли на мене да ми објасниш дали е опасна или не, според тебе? Јас немам големо познавање на оваа тема, па сакам да се едуцирам, и да се разбира сакам да се информирам од некој стручен, а штом велиш дека ти си стручен, може ли да објасниш
Секако дека може да објаснам. Брановите се делат на високо и ниско фрекфентни, и тие имаат свое зрачењ. Високофрекфентни бранови (од типот на рентген зрачење уште познато како јонизирачко зрачење) имаат помала бранова должина, но поголема енергија (затоа може да пенетрираат подлабоко). Со самото тоа што се јонизирачки, можат да направат промена во самата ДНК на човекот (така променета ДНК може да резултира со рак). Нискофрекфентни бранови (од типот на радиобранови, уште познато како нејонизирачко зрачење) имаат поголема бранова должина, но помала енергија (не може да пенетрираат подлабоко). Нивниот ефект е генерално термички (односно создава загревање на ткивото). Згора на тоа карактеристиката на радиобрановите, кога имаат поголема фрекфенција e дека тие стануваат побезбедни, според спроведени клинички истражувања што не е случајот со рентген зрачењето . 5г и сите други телекомуникациски мрежи користат нискофрекфентни бранови кој се нејонизирачки. Не поради фактот дека ако се јонизирачки ќе наштетат, туку не јонизирачките можат да поминуваат големи растојани за разлика од јонизирачките кои можат мали растојанија. Докажано научно е дека фрекфенциите на кој работат овие мрежи за телекомуникација се во безбеден опсег кој не штети ама баш никому. Плус 5г мрежата користи фрекфенции пониски од оние кои ги користат радарите и системите на авионите за нивна комуникација и координација. Воените подморници користат исто така други типови на фрекфенции ко продираат многу длабоко надвор од овој опсег на цивилните мрежи. И сета оваа фама ја праат лаици кои се праат експерти во наука и кој нешто слушнале недослушнале, некој им кажал ама недокажал.
Еве го ивештајот на АЕК за спроведеното тестирање на 5г мрежата во скопје. http://aek.mk/wp-content/uploads/2019/12/20191812_Izvestaj_od_merenje_na_nejoniziracko_zracenje.pdf
Не верувам дека нејонизирачкото зрачење е сосем безопасно, не во однос на корона, туку на малигните заболувања. Читав податоци од кои заклучив дека откако се во масовна употреба мобилните телефони, расте процентот на болни од канцер. Не очекувам некој да оди против своите бизнис и повисоки интереси и да дозволат проблематиката да се експонира во јавноста, а и да се каже отворено, нема многу шо да сториме, луѓето се приврзаа за оваа технологија и не би се одрекле шо сака нека е. Како беше то If I get corona, I get corona, eпа така и за ова. Во модерната наука шо не може/не сака за еден вирус да понуди концизни информации после четири месеци негово харање немам безрезервна верба.
Епа тоа негово влијание врз загревање на ткивата е опасно. Не е потполно безопасно, во било кој опсег и јачина. Тоа е најнормално. Никој не е ненормален до толку да се самоубие и да си ги убие децата и своите поколенија. Опсегот на операбилност на системите, досегашните истражувања покажале дека се безбедни.
еве еден информативен текст https://www.porta3.mk/kolku-e-shtet...4whnzB1GEGl8KEBux_cKcYVKnjtf18s4VSCpPTLI-dMtc
mene nesto drugo me interesira ..dali e tocno deka ovaa tehnika,mreza 5G se voveduva vsusnost za da se pocne so upotreba na smart avtomobili, smart frizideri i se bi bilo "smart" i deka so ova e mozno da se sozdadat od site domovi 3d proekti i lesno moze bikvalno da se znae koj sto pravi vnatre vo svojot dom? nekade toa procitav no,neznam dali e tocno
Јас би го нарекла релативна безбедност. Како ќе знаеш кај болен од рак точен причинител? Сето се само претпоставки. Поентата е дека човештвото како зависно од технологијата го пика под килим овој ризик по здравјето ради други комодитети и така ќе остане понатаму.
Народов се отепа од јадење нездрава храна и микропластика, чад од цигари не е проблем да се вдишува, ама електромагнетни бранови што предизвикуваат топлина (да, топлина) ќе ги убиеле.. Знаете кој друг зрачи многу поштетна радијација а исто предизвикува топлина? Сонцето. Не ве гледам многу потресени, да мачкате кремови против UV и IR Low life народ што се возбудува ако учествува во интернет хајки..
Ај уште еднаш напиши дека сонцето е поканцерогено од вај фај, некој не те прочита и не удри лајк. Не се притресувај brainwashed, не паничи, ќе добиете 5г мрежа до 2025-та без разлика кој се противи само полека и смирено. И да истражиш дека последниве децении сончевото зрачење стана поопасно ради човечкиот фактор не ќе е лошо а за другите ич да не се секираш, користам креми за лице спф 50 и сонцето дури го избегавам. Љубоморни шо некој пишува и тие не се осеќаат центар пажња па вреѓаат хахахахахха, разни болести по интернетов.
Ако викаш дека сонцето, не само неговото уве зрачење туку и соларните бури се помалце штетни од ви-фи незнам навистина што да ти кажам. Зрачењето на сонцето е појако ради оштетување на озонската обвивка. И таа може да се обнови ако се намали емисијата на CO2 гасови. А според последните истражувања озонската обвивка на некои делови за кои се сметаше дека многу подолго нема да се обнови се обновува многу побрзо. Планетата земја се прилагодува на секоја ситуација и не е фиксна и непроменлива материја наспроти теориите за стаклена градина кога потполно ќе се оштети озонот. Човечкипт фактор ја уништува планетата во голема мера, но секогаш природата ќе изнајде начин да се справи со тоа.