Дечки фино лепо повторете си физика од средно за електромагнетен спектар, за бранова должина и фрекфенција, енергијата од што и како зависи...Да не мудруваме тука. Јас плус тоа се прашувам од сите што се против 5G колку не пушат, се хранат здраво и се физички активни.
Кој разбра, разбра. @DiCaprio објасни зошто сонцето секој ден е се по канцерогено. Јас не навлегов зошто само нагласив дека Е. Следно пред да пишете дека ви-фи е пострашно, проверете УВ индекс.. @Tan4ence немој сега и ти да спомнуваш цигари и нездрава исхрана, и ти ли сакаш да ти викаат brainwashed
Не, туку уште малку ќе прочитаме демек нискофреквентни бранови се здрави и се препорачува поголема изложеност на нив. А тоа шо подемот на мобилната телефонија коинцидира со зголемен процент на малигно заболени, луѓе со когнитивни проблеми, хормонални нарушувања, анксиозност, никој не го коментира. Не ми спинувај мене сега, имам други приоритети пред докажување на форумов. Убаво за планетата земја туку како еден човечки организам да се справи со штетите поттикнати од друг човек? п.с.Непушач, околу 50 кила на 165 см, нормален бми, доволно кажува за здрава исхрана и физичка активност.
Епа друго незнам што да ти кажам. Со сила да те убедам во нешто неможам. Фактите се тие а твое е какво мислење ќе имаш.
И Сонцето и сите можни планети вртат околу рамната плоча планета Земја Што нема да прочитам . И така седите дома бре прочитајте некоја книга , зголемете вокабулар , не читајте кромид сајтови аман !
Ти убаво пишуваш, ама монетата секогаш има друга страна, исто и на тема 5г, јас така мислам и на тоа се повикувам. @Biljarkata Така е, без разлика што е лага а што вистина, факт е дека човештвото ја сече гранката на која седи, ама кога некој тоа ќе го укаже, тој наводно не чита книги, не гледа серии и филмови, не седи доволно на форумов чунки тука сето експерти и испод части е дискусија со некој надвор од научната заедница. Лингвицизам и “остракизам“ за таквиот.
Пишав погоре ама лошо цитирав. Пишав дека живееме во токсичен свет и секој ден е се потоксичен, а човештвото неповратно ја сече гранката на која седи. Не знам доволно за телекомуникациските мрежи, ама знам доволно за хемиските фабрики, загадувањето, микропластиката. Пишавте кој би направил самоубиство на човештвото. Не ги знам по име ама очигледно постојат. Не мислам дека Мајкл Мур фабрикува теории на заговор во Фаренхајт 11.9. Профитот е побитен од некои си луѓе, кој ги врти, и онака се небитни. Ова, ако некој има илузија дека корпорациите мислат за луѓето, и сака да погледне од другата страна. Короната е надвор од оваа приказна, сеуште.
А најубаво вие што мислите дека 5Г ќе ве убие, во знак на револт, пресечете кабли и не користете интернет. Добра порака ќе испратите
^ Се во свое време https://www.cnbc.com/2020/02/24/app...t-traded-in-his-flip-phone-for-an-iphone.html
Многу сте ми интересни. Си гледате секакви филмчиња и серии, и тука си креирате секакви теории, или во се што ќе прочитате неофицијално почнувате да верувате бидејќи нели звучи сомнително и интересно. Имав другарки како вас што од гледање криминалистички серии отидоа на факултет криминалистика, мислат Америка е ова и ќе имаат возбудлива работа, а тие кутрите сеа во полициски станици седат по цел ден на шалтери и се занимаваат со барања и пасоши,лични карти и сл. Не се возбудувајте толку. 5Г мрежата можеби е штетна по нашето здравје, ама да се поврзува со корона вирус е апсурдно.
Врз плодноста исто така може да има негативни последици од вифито, заборавив да потенцирам https://www.bionews.org.uk/page_142704 https://www.nzherald.co.nz/lifestyle/news/article.cfm?c_id=6&objectid=12226105 https://time.mk/cluster/7d9aabbbe1/wi-fi-mrezata-gi-ubiva-spermatozoidite.html
Уште една глупава теорија на заговор. Изгледа многу е полесно да ги излажеш луѓето, одошто да ги убедиш дека биле излажани.
@Аргентина * бидејќи тој кошмар го живеам, еве ќе ти објаснам. Топлината најмногу ги уништува сперматозоидите. Седење на топла површина (грејно тело, песок на плажа..), сауна, џакузи, но и лекарства (антидепресиви во најголем процент) хемотерапија.. Можам да ти набројам бар 3ца со уништени тестиси од пред 20 години. Тогаш немаше ни мобили ни ви-фи. Ама имаше азбестни покриви, имаше заушки и ред други докажано штетно работи за машкото репродуктивно здравје. На мажи со лош спермограм не му викаат исклучи дома вифито, му викаат да прекине алкохол и цигари, да премине на здрава исхрана и суплементи со витамини и минерали. И има подобрување. Како што кажав погоре, живееме ужасно лошо, не внимаваме на здрава исхрана, на релаксација, на спиење.. Верувај, вифито е најмал проблем..
Ама зошто го игнорирате фактот тека зрачење од 60GHz како што има 5Г мрежа ги дава истите ефекти како корона, тоест одкажување или проблеми со белите дробови.. Зошто го игнорирате тоа? Секој кој барем малце се разбира во ова знае како работи 5Г и тоа зрачење од 60GHz.
Не кажав никаде дека супер е 5Г и дека поддржувам. Се сложувам дека може да има негативни ефекти врз здравјето на луѓето. Ама апсурдно е да се поврзе со корона вирус.