Имало смисла, ама не за корисниците. Моментално го гледам видеово, ми се допаѓа како почна. Не се теоретичари на заговор, експерти од соседството се. Хајлајт- влијанието на 4Г мрежата врз здравјето на луѓето не е испитано, а тек потоа би се испитало 5Г. Ова е аргумент на швајцарските судски одлуки за стопирање на проектот. Нормално во САД немаат време за такви тривијалности...
@Vitaly, кога веќе кажа дека со ова се занимаваш, ако може да знам, која ти е целта? Не ли те интересира напредна технологија и усовршување? Ептен несвојствени мислења даваш за некој што се занимава со информатика.
Во се се има граница, ако се занимавам со тоа немора да значи дека под дифолт мора да подржувам секаква технологија која пред се е штетна за човекот.
Повелете YouTube линк од моето гостување вчера кај Јанко Јади Бурек, на тема: Штетноста / нештетноста на 5G мрежите и биоинформатиката.
Мене за неверување ми е овој форум. Замисли, тука прочитав има луѓе кои мислат дека овој вирус и хистеријата што го опкружува се случајни и покрај вакви симулации кои го најавуваа неговото појавување и ги предвидоа последиците до танчина хахах сега ова, ако доволно долго повторуваме дека ова зрачење околу нас не е штетно, зрачењето ќе стане здраво, хахахахахаха Отвори ги линковите на англиски, постои гугл транслејт и прочитај што тврдат светските научници пред да демантираш. Не ме порекнуваш мене, туку авторитетите. Намалениот фертилитет во развиените земји го припишуваат делумно на бежичната технологија и нема зошто да верувам во некој на форум што напишал. Никој сериозен официјално нема да изјави дека зрачењето не е штетно, то е работа на пропагатори на интернет. Во прекрасниот 21 век ми починале луѓе од рак кои здраво живееле, да има и во денешно време такви без пороци кои здраво се хранат ама џабе. Да беше доволен учебник по физика и дарба за природните науки, сите ќе беа кадар за развој на овие мрежи но ние не знаеме повеќе од тоа што ни е кажано за да тврдиме дали е вака или така. Марк Твен
Сега и некој нобеловец што го открил хив вирусот мисли дека ковид19 вирусот е излезен од кинеска лабораторија. https://plusinfo.mk/francuski-nobelovec-tvrdi-deka-kovid-19-e-razvien-vo-kineska-laboratori-a/
Ама ова нема врска со 5г мрежата. Написот е денес објавен во Ле Паризјен и индицира дека вирусот би можел да биде резултат на неуспешен обид да најдат вакцина против ХИВ http://www.leparisien.fr/societe/co...er-est-invraisemblable-17-04-2020-8301387.php
Па мислам дека на темава се дискутираше и за тоа дали вирусот може да е излезен од некоја лабораторија и ова ми се чини е аргумент плус.