Тоа е тоа ама гледај сеа како ќе ме нападнат од каде ми е ова, како јас говорам лаги и теории на заговор, како јас сум нацист, како ова го правам за внимание и слични бљувотини. На рајата полесно им е да верува на она што се пропагандира на ТВ или по другите медиуми, не им се истражува самостојно. Уште една случајност дека се што е поврзано со вирусов и 5Г мрежата и е поставено на ФБ автоматски се брише, а се допуштаат многу многу полоши работи и не се бришат.
Јас само сакам да кажам дека многу ми се свиѓа темава. Се' си е на место, со цврсти факти поткрепено. Исто така сакам да кажам дека многу ми е мило што истата беше поттик за Витали повторно да не' дружи на форумов. Успат се надевам дека нина ќе биде прогласена за научник на годината затоа што навистина најмногу се вложи на форумов за да го открие потеклото на вирусот.
Јој лепоте вие се што говорите и пишувате со факти ко да е. А и не треба никој да прашам кога да бидам активен а кога не на форум, мое право. Исто така и што ќе пишувам, ако ти се чита читај ако не без провокации ќе те молам.
Од порнхаб. Гледаш ли дека не ни знаеш од кај се а се вклучуваш во дискусија. Истражи, имаш интернет. Прочитај прво, истражиги и двете страни па види на која ќе веруваш наместо да плукаш по се што е контра од она што ти го знаеш.
Мене овде секое мислење кое ми беше поврзано со ова ми беше избришано и тоа се до вчера. Меѓутоа има информации кој се пласираат на широката народна маса бидејќи истата таа маса на луѓе дури и да им ја кажеш вистината џабе е. Премногу сложена е за да ја сфати некој со премалку познавања. И тоа е реалноста.
И мене ми се свиѓа. Само не и местото во подфорум здравје. Може во насмевка. Или кај гатачки, бајачки Дали информации за 5г мрежа има јавно достапни или и тоа е тајна? Ме мрзи да истражувам денес
Ама остави некој нив треба да им каже дека треба да се перат раце, и они на тоа гледаат како вауууу, ќе не спасат. Мозокот испран, уште рацете останаа.
Ќе ти пишам ќе ти објаснам подетално ако те интересира. Не е за секој тоа. Бидејќи не секој може да разбере.
Во 69 година можело телефонски да се комуницира од Земјата до месечината ама денес после толку години потребно е 5Г антени на секои 300 метри бидејќи таа технологија ја изгубили како што велат од наса, и сепак во подрум да се симнеш мрежа нема, јбг развој на технологија. Абе душички во што веруваат. Туку остави не им се замарај, и онака гледај колку природата е почиста поради ситуацијава. Се надевам после ова светов ќе биде подобро место за живеење. Провокациите и навредите упатени кон мене за вас може да ги задржите. Кога на човек му даваш подарок а тој не го прифаќа подарокот е ваш, така и со лошите зборови. Поздрав и мијте раце, и да напоменам дека и газот треба да се мие не само раце, нема потреба од толку тоалетна хартија, фекалиите после вршење нужда треба да се мијат а не да се замачкуваат. Чао.
Сите електромагнетни зрачења имаат извесно влијаение врз природата и човекот, тоа секој радиастезист го знае. Но тоа е што е, не сме повеќе 18 век. Сето тоа има лоши но и многу добри страни, прашање е само во која насока ја користиме постоечката удобност што ни ја овозможува современата технологија. Сепак, во 2003 година не постоеше 5G мрежа ама се појави варијанта на коронавирус во форма на SARS, исто во кинеската околија.
Jaс знам дека не е зашто вирусот како таква сигнална молекула не е можно вештачки да се произведе и да се врзе за тие рецептори за кои коронава се врзува. Вирус не се прави туку така.
Ај не читајте теории на интернет за како се поврзани овие две ствари туку прочитајте прво што е 5G, како функционира и сами заклучете дали некој модифицирал корона вирус за да прикрие 5G антени. И аман со Бил Гејтс, Вухан бла бла. Ова од баба ми го очекував, не од млади луѓе. И ако стварно верувате во ова, остајте ги сите смарт уреди, wifi, 4G,микровалните и вратете се во планина. Алтернатива, вратете се на dial up.
А ти колку имаш познавања чим мислиш дека на некој гениј-ум не му е "лесно" да направи вирус во лаб!? Патем...не е финтата да е лесно. На тоа може со години да се работи.