Поврзаност на коронавирусот со 5G мрежата

Дискусија во 'Коронавирус' започната од нина122, 27 март 2020.

  1. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    Од каде ова?
    И зошто?
    Ако веќе го напиша ова поткрепи го со факти
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.779
    Пол:
    Женски
    можеби.
    ама АКО е така, дефинитивно некој не толку генијален ум ја створил.
    За разлика од ова, што е перфектно.
     
    На smile:), Jana06, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  3. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.168
    Пол:
    Машки
    FB_IMG_1585332635411.jpg
     
    На Lianna Anna, Jana06, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  4. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    106.318
    Пол:
    Женски
  5. Leviosa2503

    Leviosa2503 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    1.232
    Пол:
    Женски
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.856
    Допаѓања:
    202.969
    Пол:
    Женски
    Не знаев дека Бил Гејтс работи во микробиолошка лабораторија и создава вируси.

    Има тука членови и со поголеми познавања, слободно објасни ја вистината.

    @LiliBoz знам дека и ти се сомневаш дека е лабораториски создаден, можеби имаш и издржани аргументи, поткрепено со факти, ама немој да бидеш дел од групава што шири теории на заговор.
     
    На Lianna Anna, CameliaMiller, Peperutce1115 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.779
    Пол:
    Женски
    Не, мене тоа со 5Г искрено ми е смешно. Се надоврзав само околу болести создадени од човечка рака.
    Другото искрено не ме занима зашто како што кажа-теории на заговор.
     
    На WildMk, candy.cane, smile:) и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Прочепкајте малку низ интернет, пребарајте. Зошто вирусот букна крајот и се прошири почетокот на годината. Дали и како е можно да "конструирате" вирус, со каква цел и како може тоа да влијае врз глобалната економија. И за крај за чија полза.

    Deep web, со документи, верификации, имиња и потписи. Толку имам да кажам на темата, повеќе не можам. Поздрав.
     
    На Gosh, buba4e89, Fallen.Angel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.168
    Пол:
    Машки
    Неговата фондација учествувала во симулација на глобална реакција на пандемија и сеа кликбејт медиумиве си го користат тоа за сензационалистички вести
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Во другата наука. Таму и е местото. :D
     
    На WildMk и Biljarkata им се допаѓа ова.
  11. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.727
    Допаѓања:
    13.501
    Пол:
    Женски
    Тоа е работата што ги мрзи да побараат.
    А не дека нема од каде да се едуцираат.
    Од македонски портали и онака не може многу да се едуцираат ама нема врска.
    Тој што сака да најде може да најде и да прочита да се едуцира и да создаде свое мислење.
    Вака со ова што кажуваат дека е обична глупост колку нешто да кажат ништо не прават.
     
  12. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Не знаев дека до толку постои оваа негатива кај луѓето.
    Како напаѓате човек безусловно, браво!
    Оваа тема е доста актуелна деновиве, посебно денес со информацијата за проба од страна на Телеком или кои да се не ме интересира и не ја гледам потребата зошто и тука да не се дебатира?
    Форум е за дебатирање и искажување на ставови, а не за праење некој да се чувствува лошо што има поразлично мислење од вас.
    Ама тоа е, македончето е само научено да плука.

    Искрено, запознаена сум со оваа мрежа одамна и исто така одамна се збори дека со самото нејзино ''активирање'' ќе дојде до лоши последици кај луѓето, и општо на природата.
    Но, не сметам дека короната е тесно поврзана со појавата на 5G мрежата.
     
    На CarrieBradshow, Gosh, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.727
    Допаѓања:
    13.501
    Пол:
    Женски
    Сосема коректен одговор.
    Ти благодарам што не плукаше по мене и ми се смееше како сите погоре.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.168
    Пол:
    Машки
    Никој не те плука ни ти се смее, ама кога веќе изнесуваш вакви тези дај ми и докази за да ме убедиш. Така се дебатира а не јас прочитав јас мислам вака и ако некој ти се изнасмее еј македонска работа не знаат да дебатираат.
     
    На Pixi5, crimson, Jana06 и 11 други им се допаѓа ова.
  15. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.727
    Допаѓања:
    13.501
    Пол:
    Женски
    Никој на овој свет не може да ти даде доказ па не можам ни јас.
    Секој има право да има свое мислење врз основа на она што го чита гледа разбира.
    Јас можам да ти кажам што мислам и што за мене е вистина но доказ немам како и никој друг што нема.
    Статии можам колку сакаш да ти пратам тези и трудови.
    Ама тоа не е доказ само по себе.
     
  16. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.168
    Пол:
    Машки
    Па ти ме убедуваш дека е тоа така, ако веќе ме убедуваш очекувам релевантен извор што те убедил и тебе во тоа. Исто ко да тврдиш дека земјата е рамна а немаш докази.
     
    На Pixi5, Feminka22, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Никој никого не пробува да убеди. Таа кажа мислење ако некој има да се искаже да подискутираме како луѓе. Докази ако сакаш а и не само ти кој и да сака може да се прочепка низ интернет, ама не она што е на вести е доволно, нема потреба да се бара друг одговор. Ист бев и јас се додека за секој проблем не почнав да гладам и од друга перспектива и да бирам она што мене највеќе ме уверува а не под дифолт да кревам два прста на само она што се пропагандира на вести и тоа е тоа.
    Исус вели, на оние кои не веруваат и мртвите да им станат тие пак нема да веруваат, така да бате сам барај докази ако нешто те интересира, сигурно ќе најдеш. А тука ајде нормално да дискутираме. И нормално е секој својот став да си го брани и задржи, немора да вреѓаме и плукаме на се што е контра.
     
    На Mama993 и elenaeli22 им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.124
    Допаѓања:
    188.700
    Ама не е ова дискусија на тема, смислата на животот, па метафизички да се дебатира. Ако дискутирате, изнесувате извори, аргументи, логичко мислење. Јас ништо такво не прочитав. Сурфајте на нет. Ако беше за сурфање, не почнувајте тема и дебата без аргументирани ставови.
    Јас мислам на пример дека црвена боја најдобро фаќа на велигденски јајца. Треба за тоа тема да отворам?
     
    На Pixi5, Jana06 и oblace1 им се допаѓа ова.
  19. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Епа зошто еве ти не ми го докажеш спротивното? Ајде докажи ти или некој дека вирусот не е вештачки и нема врска со 5Г. Ама нормално е дека ќе го негираш тоа кога медиумите ги контролира оној кој го создал па вие знејќи или незнаејќи ги подржувате. Како повеќе да ти докажам кога никој не се разбира од електроника и телекомуникации технологии такви работи, ајде нека се јави некој и пак ќе го кажам истото дека 5Г мрежат работи на 60GHz, а таква фрекфенција се апсорбира во атмосферата и ние тоа го дишеме по што се појавуваат проблеми со белите дробови или тие одкажуваат. Што повеќе? Ако се разбираш во ова тоест имаш соодветно образование во овој смер слободно ќе ти објаснам и со стручни зборови.
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Ај за тоа 5G-то да се објасниме...просто ме вади од кожа кога ќе видам луѓе кои инаку се сосема разумни, да се „упецаат“ на будалаштините кои се пишуваат за оваа нова технологија.

    5G е ознака за петтата генерација на безжични комуникациски технологии. 5G ќе ги користи дел од веќе постоечките фреквенции кои се користат и со 4G имено 900 MHz, 1800 MHz, 2.6 GHz и 3.5 GHz. Дополнително, ќе користи френквентни опсези и околу 24 GHz, 28 GHz и 40 GHz, со тоа што најексплоатиран ќе биде опсегот околу 26 GHz. Највисоките фреквенции за кои се зборува се 81-86 GHz, ама тие веројатно нема да бидат mainstream...запамтете ги бројкиве значи...24 до 40 GHz...

    Нов поим – јонизирачко и нејонизирачко (електромагнетно) зрачење.

    Јонизирачко зрачење е такво зрачење кое има доволно енергија да избие електрон од некој атом или молекул и со тоа да го „јонизира“ (јон е атом или молекул со (нето) позитивно или негативно електрично полнење заради загуба на електрон или вишок на електрон, соодветно). Ако еден атом или молекул се јонизира, тој може да ја промени хемиската врска во која дотогаш бил стабилен и да создаде нова хемиска врска. Ако тоа се случи со молекул на ДНК, тоа може да е проблем заради тоа што ќе настане конфиграција на ДНК-то која не ја носи оригиналната инфромација хемиски закодирана во неа, што може да доведе до несакано однесување во конкретната клетка на пример клетката да се „збудали“ и да се претвори во рак.

    „Јонизирачко зрачење“ значи = „лошо“

    Нејонизирачко зрачење е пак такво да НЕМА енергија да избие електрон од атом или молекул. Тоа значи дека НЕ МОЖЕ да ја растури хемиската врска на молекулот на ДНК и НЕ МОЖЕ да предизвика рак.

    „Нејонизирачко зрачење“ значи = „немај гајле“

    Е сега, кое зрачење е јонизирачко, а кое не е....Види слика....Јонизирачко зрачење почнува на крајот на ултравиолетовиот дел на спектарот, веднаш под Х-зраците. Затоа сунчање без заштита долго време, може да предизвика рак на кожа. Рентгенска снимка (х-зраци) носи ризик, ама само ако е долготрајно и/или често...5G ќе зрачи на 40 GHz или во делот на сликата кој вика Microwave т.е. длабоко во делот на спектарот кој е НЕЈОНИЗИРАЧКИ.

    Ултравиолетовиот дел на спектарот (каде отприлика почнува јонизирачкиот дел од спектарот) е во опсег од 750–950 THz – ТЕРАХЕРЦ...значи...1 ТераХерц = 1000 ГИГАХЕРЦИ....да се сетиме на бројките од погоре......Ултравиолетовиот дел на спектарот почнува значи од 750 THz = 750 * 1000 GHz = 750000 GHz...5G како што кажавме, нели, зрачи на 40GHz....

    Значи, 40 GHz – телефон со 5G технологија, 750000 GHz – сунчање на плажа.

    Мислам дека станува јасна поентата – 5G e НЕЈОНИЗИРАЧКО зрачење и не може да влијае на вашето здравје. Едино може да влијае термички, да го загрее ткивото до кое е допрен таков извор на зрачење (телефон) и тоа е се...

    Све друго, врапчиња шо умирале, вирус шо се појачувал...и што ли уште не – се БУ-ДА-ЛАШ-ТИ-НИ!!!

    ПРЕЗЕМЕНО ОД ФБ.
     
    Последна измена: 27 март 2020
    На cresa-jagoda, Lianna Anna, crimson и 11 други им се допаѓа ова.