1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Површни луѓе

Дискусија во 'Психологија' започната од Hipster, 28 јануари 2013.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.414
    Пол:
    Женски
    Често го употребуваме зборот и терминот површен, па не би било лошо да дадеме една дефиниција и да споредиме мислења.
    Кој за вас е површна личност?
    Баш денес правев муабет со тројца колеги и колешки, и од сите добив тотално различни мислења и дефиниција, што подразбираат под површна личност.
    Баш ме интересираат вашите одговори.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.418
    Допаѓања:
    267.649
    Зависно од тоа од кој аспект се анализира еден конкретен пример, а и од самата ситуација која е тема на разговор секој од нас би дал различна дефиниција.
    Површност најчесто мораме да ја поврземе со нешто, во однос на кое се рефлектира таа површност.

    Наједностава општа дефиниција би рекла задоволовање на основните потреби, интереси и обврски од страна на некои луѓе и нивната незаинтересираност, неспособност или некомпетентност за продлабочување на истите.

    Терминот можеме да го примениме во однос на краткиот хоризонт на размислувањата кои ги имаат.
    Многу често се надополнува и со најразлични човекови особини од типот на дволичност, користољубивост, простоќа...
    Извршувањето на работните обврски и задачи без навлегување во било каков вид на нивно детализирање и доведување на повисоко ниво.
    Пријателствата истотака многу често знаат да бидат наречени површни поради нивниот слаб интензитет.

    Не доаѓањето до сржта на нештата.
     
    На 1209, crazylady, Deniere danse и 8 други им се допаѓа ова.
  3. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    55
    Површност кога се обрнува внимание само на надворешноста без да се навлезе подлабоко во суштината, без разлика дали станува збор за личност, љубов, извршување на разботни задачи, учење итн.

    За мене површни се оние луѓе кои ценат по убавината не гледајќи ја притоа личноста со сите нејзини мани и доблести....кои ценат по тоа кој како е облечен, кога се завршува нешто реда ради.
     
    На hermosa, crazylady, Umbrella22 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.214
    Пол:
    Женски
    Тоа се галебите на Ричард Бах кои летаат кон брегот за да се прехранат, без желба да го усовршат летот.
    Површните луѓе се робови на материјалното, без потреба и желба духовно да се издигнат, да стекнуваат нови знаења или да ги развиваат своите креативни потенцијали.
     
    На 1209, Cka, crazylady и 19 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.351
    Допаѓања:
    10.436
    Површни се наивни за мене. Го гледаат само надворешното , лековерни се и се залетуваат. На пример површна девојка среќава фраер и се фали дека има многу пари и таа се врзува за него, а дури потоа сфаќа дека ја лаже, дека врска нема. Површните не размислуваат, тие гледат туѓи примери и се водат од туѓи, површни искуства.
     
    На glorijaMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.275
    Луѓе кои немаат ништо длабоко во себе. Немаат никакво знаење, култура, морал кои се подлабоки.

    Не се паметни, интелигентни, се претопуваат во мнозинството, делуваат како глупави, се земаат здраво за готово, не знаат да ја употребуваат главата.

    Едноставно, многу се плитки, површни. Речиси еднакво на глупави.

    За жал, ги има многу меѓу нас. Па, и ретко е денес да најдеш паметен, мудар човек.
     
    На hermosa, QueenElena, glorijaMKD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.736
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со членката над мене,едноставно,тоа се луѓе кои живеат во материјалниот свет,притоа фалејќи се за нивното богатство или другите материјални нешта кои ги поседуваат,притоа не знаат да влезат подлабоко во човекот.Но не знаат колку се всушност наивни.Се вклопуваат во толпата така што ги следат туѓите ставови,а не размислуваат за нив,ниту за своите постапки кои треба или ги направиле.
     
    На glorijaMKD и Silver.E им се допаѓа ова.
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.008
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се сложувам со пишаново.
    Само би додала, на некој момент и проѕирни.
     
  9. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Површни луѓе, луѓе кои не им е грижа за ништо и никого, освен за себе (а понекогаш ни тоа :D ) !
     
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.168
    Површни се оние кои слепо се заљубуваат одеднаш, без да ја проанализираат личноста што ја гледаат пред себе!
    Површни луѓе се оние кои само ткаат љубезности а истите не ни ги мислат.
    Површни луѓе се оние кои не се вдлабочуваат во кажаното, гледаат еднострано и слепи се за вистинските вредности, а полни со предрасуди против скоро се.
    Површни се оние кои не си гледаат подалеку од сопствениот нос.
    Површно дише скоро целото наше општество! Ако некогаш луѓето се бореле за својата чест, сега повеќето имаат заборавено што значи тоа. Сега битно е тие да се нахранат и да се напијат кафе на ул. Македонија, без нималку да размислат со кого го прават тоа и што зборуваат на таквите средби. Површни еднообразни лица, разговори, облеки и насмевки. Бррр морници да те пролазат од нив.
     
  11. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Површни луѓе се луѓе кои живеат само затоа што се родиле и сеуште не се мртви :D ...Луѓе кои немаат цел во животот, (како што рече некој пред мене) немаат ништо длабоко во себе...Едноставно се плитки, глупави...Луѓе кои не размислуваат, туку наместо тоа си прават смешки од нечие размислување...Незрели луѓе (да...12 годишно детиште го кажува ова)...Обични, просечни луѓе...Всушност, површноста се дели (или јас ја делам) на повеќе видови:
    -Незрела површност: тука спаѓат тинејџерите и оние од 20-29 нивното исмејување на се, ама баш се...без размислување...
    -Површност од старост: старите луѓе, пензионерите кои помиале се во животот и сега им останува само да зборуваат за глупости и да се потрудат што помалку да си го мачат мозокот.
    -Простачка површност: оние луѓе без образование, без кулура кои го користат мозокот само за „што утре за ручек“.
    -Просечно-женска површност: оние прости жени кои само озборуваат...
    -„Бубалица“ површност-не, под бубалица не мислам некој кој има одлични оценки (па и јас имам одлични оценки), туку некој кој нема свој живот и свое размислување, туку само верува во онаа што го пишува во учебниците.
    - Површност од глупост: луѓе со ниско ниво на интелигенција...
    Можеби ќе речете дека на некои од овие категории животот ги натерал да бидат површни, но тоа не е така. Што ако си пензионер? Не мора да значи дека не можеш да имаш свои размислувања за одредени теми...
    Добро, ајде доста толку. Не сум навикната да пишувам толку долги мислења... ;)
     
    На LittlePinky и jovanovska94 им се допаѓа ова.
  12. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.902
    Tаа што се прска со Ајакс.
     
  13. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Се согласувам!
    П.С Монгу беше убава книгата.
     
    На eliesaab и sofijanoka им се допаѓа ова.
  14. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Површни луѓе,се луѓе на кои срцето им е обвиено со пајажина според мене,и очајно им е потребен добар усисивач,ама го бараат на погрешно место.
    Усисивачот,не се парите,оговарањето,дизајнерската облека и незнам уште што не. :devil: Се што е плитко.
    Ама такво им е размислувањето,што да се прави...
    Колку и да им објаснувам и објаснувам,во целост неможам да ги променам НИКОГАШ,за жал. :(
    Сепак се обидувам,да освестам бар дел од нив,мал. :)
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.383
    Допаѓања:
    54.543
    Пол:
    Женски
    Површни се оние луѓе на кои парите и класата во опшеството им се пред се,и кои газат преку се за да ја постигнат целта. Површни се тие кои гледаат да се тип топ од надвор и да бидат фалени и маркирани а во душата имаат ужасен студ и презир кон секого... :?:
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.585
    За мене површни се оние кои првенствено немаат никаков шарм и топлина.
    Некоја недефинирана Мона Лиза насмевка, ниту на мртво плаче, ниту на живо се смее.
    Немаат некои силно изразени карактерни црти, ниту милост и емпатија и за секоја работа во животот е „турни ме да кинисам“.
    Тоа се еднодимензионални личности чија врв на постоење е да се вклопат во шаблонот по секоја цена, зашто нешто поразлично не знаат и не умеат.
    И тоа го прават толку тапо и неинвентивно. Како да имаат срце од пластика.
    Би рекла - без грам страст и за важни работи и за ситници.
    Едноставно - површни луѓе. Млитави и монотоно секојдневни.
     
    На Βικτωρία, crazylady, Dvolicen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^
    Од друга страна пак (сори што се мешам во муабетот) има толку многу луѓе со шарм, харизма и "топлина", доволно да те приберат во својата фина мрежичка исплетена од празни зборови. Со таква страст зборуваат за небитни работи, а суштината не би ја препознале и пред нос да им е. А за дела да не збориме, ги нема, ама битно е да се кажат, да се збори за нив.
    А длабок човек може да биде навидум досадно монотоно чиче кои си молчи и си брка работа, се си знае ама малку (по)кажува...и то.
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, crazylady, Blindfold и 7 други им се допаѓа ова.
  18. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Или оние кои навидум изгледаат преинтелигентно,добро,фино,а кога ги запознаеш подобро сваќаш дека се преправаат и само се умилкуваат. :x
     
    На ohana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    површна личност е мојата нова колешка на работа која самошто ја запознавам подобро низ заеднички муабети,обични но ептен приватни па мислев дека искрено се колегијализираме а по кратко време гледам ме поткусурила 1евро од каса на работа за да искомпензира за сознанието дека живее мизерно а мојот живот е далеку од тоа,површна личност беше и си остана мојот поранешен колега на работа кој испокраде роба од кај што работевме за да си купи авионска карта за америка за да рмба ко вол таму,и не остави сите на цедило да плаќаме за неговата површност ама додека работевме се правеше мајка тереза за сите,површни се многу луѓе што ги знам а не сакам да ги знам но морама да знам дека постојат зошто се дел од мојата работна околина итн.....and the story goes dia da di dia da dia da dia da di
     
  20. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.705
    Допаѓања:
    7.770
    Пол:
    Женски
    Во никој случај не ги сметам за површни луѓе одмерени,воздржани,безизразни луѓе.Уште повеќе,сметам дека токму таквите имаат што да скријаат,или немаат потреба да се расфрлаат со своите атрибути.

    Од друга страна „страсните“ и темпераментни личности,можеби со таквите особини се трудат да компензираат за дефицитот на некоја продуховеност и креативност. Најчесто под површинската еуфоричност и ентузијазам,најчесто нема апсолутно ништо.Едноставно,зрачат со позитивна енергија и оптимизам,али само поради неспособност и страв да пристапат потемелно кон било кој аспект на животот.

    Нормално,не би сакала да генерализирам али моето искуство е такво.Познавам доста површни луѓе,и сите без исклучок ги имаат особините на втората категорија.
     
    На Bescheiden, Blindfold, gangstergirl и 3 други им се допаѓа ова.