Површни луѓе, површни...хмм...Оние ли беа што им е битен изгледот, што се само бедна површина? Што незнаат муабет да направат? Што се прават паметни а се прости, по глупи од незнам! Што очајно се замислуваат дека се врвот, а не се ни под дното???? Што имаат комплекси??!?! Јас вака ги разбирам. И да, стандард се улизуваат и упикуваат..Уфф!
Kratko i jasno,samo ke dodadam.. Povrsnite luge se luge so eden pravec vo zivotot.Tie nikogas nema da se izraduvaat na necija sreka osven na svojata.Sekogas ke imaat odnapred pripremeo opravduvanje zosto toj drugiot ne ja zasluzuva srekata sto go opkruzuva.. Sekoja nivna cel vo zivotot probuvaat da ja isponat po sto pokratok pat bez da poglednat naokolu dali pri toa pravat nekomu steta..
За мене тоа се самобендисани и цинични луѓе , тоа се луѓе кои се најубави , кои се знаат најдобро а всушност не знаат да сврзат 2 муабета , гледаат и ценат според тоа кој колку има и од кој сталеж доаѓа исто и оние кои секогаш мора да се центар пажња , а незнаат дека центарот се заокружува со 0
Површни според мене се оние кои неможат да ти пружат ништо иако поминуваш време и години со нив. Тоа се луѓе кои гледаат само за себе кои сакаат да си ги решат само нивните проблеми без притоа да се заинтересираат за некој друг, да му искажат поддршка и да му се најдат во било кој момент. Нив битно им е само да си го потполнат своето слободно време да пијат кафе со вас и околината да види дека имаат друштво, не се сами. А уствари тие се сами во душата, длабоко осамени иако глумат лудило. Многу ме нервираат овие типови на луѓе веќе алергична сум на истите, а за жал ги има на сите страни.
Површните луѓе се категорија граѓани кои живеат и дејствуваат праволиниски. Имаат утврден систем на барања по кои се водат и цел што само ним им е битна да ја постигнат за да ги задоволат сопствените хирови без да изберат средства и методи кои нема да ги повредат другите. Длабоко во душата се осамени, емотивно резервирани, дистанцирани од вистинските потреби за дружење, иако тоа се обидуваат да го прикријат. Самобендисани и себични личности кои се желни за нечие внимание со цел да бидат во центарот на вниманието и да си го исполнат егото. Сите контакти со нив се сведуваат на нивните потреби.
Површни луѓе се оние кои имаат широко срце и не се премногу емотивни, се сваќаат едноставно или така нешто што знам
Површна личност за мене е личност која нема свое "јас", која нема свој стил, која го слуша она што го налага мнозинството, која не е искрена, која нема самодоверба во себе па како резултат на тоа копира други личности, која не е дип т.е спиритуална, со еден збор неоргинална личност, (пример за мене се површни личности оние кои се улижуваат некому со цел да извлечат некоја корист) ми се гади од нив.
Па според мене дефиницијата за површните луѓе би била вака :самобендисани луѓе на кои најважен им е изгледот и не размислуваат многу за чувствата на другите...
Денеска бевме на кафе со површни жени. Едната си кажуваше за финансиските проблеми, како ги забил малер, а другите две ја слушаа. Иако се прават дека ја разбираат, длабоко во себе и се ситат. Кога таа си отиде озборуваа други. Какви одвратни и лицемерни Луѓе. Како да се совршени сеоднесуваат и се хранат со туѓа мака. Живеат за да исмеваат други. Во денешно време ако одиш на одмор на езеро, а немаш пари за на море не си фаца. Ако секој ден не одиш на кафе и не купуваш гардероба не си фаца, те третираат како будала.
Површни луѓе се оние кои не се „замараат“ со ништо во животот, се им е праволиниски... Кога работат нешто го сработуваат затоа што мораат, а не затоа што сакаат... И никогаш нема да се потрудат сработеното да им биде „совршено“ ... Во ниедно свое дело нема да внесат „душа и срце“!!!
Откако ги прочитав коментарите, морам да се согласам со рената и поента, и да ја демантирам трендафилка... Напротив, имам сретнато многу интелигентни личности кои немаат намера да се докажуваат некому или да се трудат да остават впечаток на личност богата со искуства, знаење или не знам што. Најчесто, вистински се воодушевувам од некој кој малку се труди, а сепак остава голем впечаток без ни малку направени напори. Но, тоа е онаа простодушност која ја имаат површните луѓе, сето она што го имаат на располагање, 100%, не е ни половина од некој кој е `богат`. Опкружена сум со површни луѓе, случајно или не, тоа се narrow-minded people, гледаат низ призмата на парите и материјалните богатства, немаат ни трошка општа култура, живеат и се храна со трачеви и муабети за сите сите кои ги познаваат и не, немаат свое мислење, уште помалку свое јас, зајдливи и подли до степен на неописливост, искомплексирани до бесвест, книга у живот немаат прочитано бидејќи се природно паметни, егоистични... Иако, во секое правило - има исклучок.
Според овој опис последниве години сум површна личност. Се трудам што помалку да се замарам бидејќи како што имам увидено што повеќе се грижиш - повеќе страдаш. Не се трудам да работам до совршенство бидејќи трудот многу малку се цени, не се трудам да правам се за некогу бидејќи луѓето ти го вртат грбот без размислување, не се трудам да задоволувам никој посебно бидејќи ретко кој знае тоа да го цени. Површноста до одредена мера е добра бидејќи не ги земате работите здраво за готово. За мене ова е површност а другите описи ми се лицемерство, злоба и ниска самодоверба.
Површни се оние луѓе кои ги гледаат работите така како што нив им се допаѓа или така како што мислат дека ќе испадне. Луѓе кои се нестабилни, лажговци, не знаат што сакаат, немаат цел во животот, немаат амбиција, не знаат кај тргнале и каде ќе стигнат.
Површни луѓе... луѓе кои не носат во себе жар, кои немаат длабочина во погледот кон нештата, луѓето, емоциите, животот.
Површни луѓе се уствари ок ако знаеш како да ги свртиш на твоја страна. Тие живеат по инпулс и автоматизам. Не ги жали оти нема да те жалат
Давате премногу длабоки објаснувања, ко за... површност Сериозно, површни луѓе се тие што ја гледаат површината и толку. Не се замараат со причини какво е нештото во суштина, па зошто замарање со нив? Тоа е како глупав, само поучтив израз. Не сум баш сигурна дали е можно 100% од времето да се остане површен. Некогаш и луѓе кои мислат дека интелигентно расудуваат во моментот, всушност покажуваат плиткост.
Ах широка тема. Ги има ама тешко е да разграничиш дал навистина се од Бог дарени со површност или само глумат.