Повторувачка Пнеумонија/Бронхопнеумонија

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од EdnaMomicka, 18 јули 2018.

  1. EdnaMomicka

    EdnaMomicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Имал ли некој искуство со повторувачко воспаление на белите дробови? Од крајот на март па се досега (4 месеци) три пати добив благо воспаление проследено со мала температура 37,1-37,6, гребење во градите и зелено-жолтеникав исплувок. Крвната слика ми е ни за смеење ни за плачење: CRP 15-26, леукоцити на граница (лимфоцити под граница, гранулоцити над граница)На рендген на почеток на април, се покажа блага бронхопнеумонија, по што пиев таблети Панцеф и се повлече. Повторно се активира во мај кога пиев лекоклар, и еве сега пак до истите симптоми. Има ли некој до слично искуство да ми даде совет зошто ќе полудам? Кој доктор да го посетам? Добра приватна клиника зошто од државниве сум целосно разочарана. Бев и на пулмологија во клинички, не добив никаков конкретен одговор. Ве молам помош?
     
  2. forumce

    forumce Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    4.181
    Допаѓања:
    21.042
    Пол:
    Женски
    Да одиш во болницата Јасеново близу Велес. За белодробни заболувања е само. Многу се фалат од неа. Упат од матичен ти треба и во еден ден сите испитувања ќе ти ги направат
     
    На sj *O* и WildMk им се допаѓа ова.
  3. EdnaMomicka

    EdnaMomicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Фала за советот. Си имала лично искуство? Бидејќи веќе немам воопшто доверба во доктори. Ми препорачуваа еден др. Миташевоториноларинголог, па отидов и ми стави флостерон инекција за која страшни работи се изначитав, пред се дека го намалува имунитетот и те прави уште поподложен на инфекции. Многу ми е страв...
     
  4. forumce

    forumce Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    4.181
    Допаѓања:
    21.042
    Пол:
    Женски
    Јас лично не, ама блиски беа таму и се задоволни.
    За др.Миташев од Штип ли збореш? За инекцијата не знам што да ти пишам, трудни жени ја примаат кога имаат ризик од предвремен пораѓај. Какви контраиндикации има не знам
     
  5. EdnaMomicka

    EdnaMomicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Да, за него. Претпоставуваше дека имам некоја алергиска реакција, па ми ја стави за да ми се намалило воспалението. Бев скептична, и прашував стварно ли е потребно. Но доктор како доктор, ќе му веруваш. Всушност го намалува воспалението така што го блокира имуниот одговор. Подоцна матичната се шокира кога и кажав. Плус била со продолжено дејство, еве како 3 недели поминаа од неа и пак ми се врати воспалението :/
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    16.476
    Допаѓања:
    149.177
    Оди во Јасеново, во право е Форумче.
    Специјалисти се за белодробни заболувања, исклучиво тоа го работат, со децении.
     
    На EdnaMomicka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ilovemedicine

    ilovemedicine Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    607
    По наведеното ми личи на имунолошки пад.Дали имаш направено периферна размаска ако не оди на хематологија таму ке направат.Тест за хив ?
     
  8. EdnaMomicka

    EdnaMomicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Не, каква е таа размаска, за што се врши? Инаку сметам дека поради благите симптоми (walking pneumonia) не бев сериозно сфатена и правилно лекувана. Не бев нешто залегната, или да беше потребна хоспитализација, па затоа примав краток рок антибиотици. Други што прележале пневмонија ми велат дека примале три различни видови антибиотици едно подрго, за да не се врати инфекцијата. Одлучив утре во приватна лаб да правам пнеумослајд, хемокултура и анализа на спутум (ако можам да искашлам). Па ќе видиме :)
     
  9. ilovemedicine

    ilovemedicine Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    607
    Добра одлука,инаку периферна размаска се прави со цел подетално да се вузуелизираат поедини крвни елементи се со цел да се потврди или исклучи одредено хематолошко заболување.Те прашав за Хив тест дали имаш направено ?
     
  10. EdnaMomicka

    EdnaMomicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Немам направено, сметам дека нема потреба бидејќи сум имала само еден партнер. Тој пред мене исто така имал само една партнерка, плус не покажува никакви симптоми, здрав е ко дрен. Се си мислам до климата е на работа, испушта лош мирис. Се пожалив на шефот ми вели ова е скапа клима, не било сигурно до неа, плус никој друг непокажувал знаци :/
     
  11. ilovemedicine

    ilovemedicine Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    607
    Од климата може да се развие Легионерска болест која е причинета од Legionella pneumophila.Што навистина предизвикува пневмонија
     
  12. Verdi

    Verdi Активен член

    Се зачлени на:
    10 август 2018
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите
    Сакам да ве прашам детето ми има 4,5год кога имасе 2год лежевме на клиника пд бронхоплеувмонија, 2 недели веке има водест шлаем,пиевме бронлесза искашливање и немаше подобрување,сега пиеме амоксиклав и пак е исто,нејаде воопшто,бевме на лекар 3 пати и само ни викаат да почекаме ама мене ме фака паника,ве замолувам место дами предложите фала
     
  13. Hrabra1

    Hrabra1 Нов член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Jas imam nekakva bolest ,imam strasni bolki demek patam od hroničnih bronhit ,sprejovi primam i ništo Sega imam bolki vo grbot veke neznam kade da se obratam,dali nekoj znae dobar pneuvmolog da mi preporaca