Нај лошо нешто е да се забранува. И во овој случај е уште полошо, се работи за родители. Мене ми изгледа тој себичен, не се грижи за туѓите чувства. Ама, морам да ти кажам, овој проблем задолжително среди го дур е време, и тоа по можност одма. И не е битна каква е мајка ти и свекрвати.....Нормално ако има барем малку почитување. Ти живееш со него. Треба да градиш иднина со него. Или доколку е возможно иселете се живејте сами малце. Имав јас дечко, исто, замислете, ми вика ќе идеш кај мајка ти 1 годишно, децата нема да ги чува?????? МОЛАМ? Го седнав, напраив муабет, му реков вака: Слушај, сакаш да бидеме заедно? Ако сакаш ќе биде по мое, ќе идам кај мама колку можам и кога можам(зошто нели, имаме обврски, работа деца...)Нема да забрануваш ништо, и пред брак еден договор, во случај на развод, ништо мое ти не зимаш. Јас ќе си купам стан и ќе живееме таму, иако ти имаш куќа своја. И дечково остана????? Али ај некако се согласи, и беше ок едно 3 недели, ама јас оладив...веќе не ми беше исто....И чекав уште една грешка....и бидна грешка....и тоа замислете се налути зошто не дошол со мене на гинеколог....сигурно сум со швалерот чим не му давам да дојде....ццццц и искрено се радувам што со време се отарасив од таков човек....Сега, неможам да ја искажам среќата...Хармонија, слога....разбирање....барем на гинеколог без проблеми можам да отидам
hrizantema за живот со овој човек тебе ќе ти требаат челични нерви . Колку што можам да заклучам од наведената ситуација станува збор за патријахален модел на воспитување и однесување на твојот маж.Овој вид на мажи сметаат дека жената е нивна сопственост,на секој можен начин и во секоја ситуација се обидуваат да доминираат и да се истакнат над жената.За нив идеална жена е онаа која без глас ќе им се покорува и потчинува.Уста има јазик нема.Жена која ќе нема потреба да го користи својот мозок зошто на крај неговиот збор секогаш мора да биде последен.Да се знае кој е маж.Сега незнам колку ти се пронаоѓаш во оваа улога но,очигледно е дека ти смета и меѓу вас се појавува јаз во односите. Твоја вина е што уште додека сте биле дечко и девојка си требало да го процениш но,ете си ја направила онаа класична грешка со надеж дека работите ќе се променат во бракот и повеќе ќе те почитува.Грешка, онај што не го почитува женскиот род си останува ист и пред брак и после брак. И јас си имав работа со ваков тип на маж за жал.... сега веќе бивш сопруг.Не е лесно да се излезе со нив на крај, кога и за најобични нешта како посета на родителите се јавуваат забрани и ограничувања,(да не сум одела јас колку што сакам и кога сакам,морало тој да дозволи) уште молба со таксена марка требаше.Кога до последен момент те држи во неизвесност,кога на роденденот од внук ми ми дозволи да седам само 15 минути и да си одиме и да прави кавги пред луѓе кои тој првпат ги гледа во животот(поважен му беше другар му кој го искористи како изговор).Ама истото тоа што тебе ти го забранува за него не важи, тој можи да си седи на гости колку што сака иако неговите внуци ги гледа секој ден,за моето друштво никогаш немаше време а,за неговото секогаш наоѓаше...Епа навистина не е фер некој да те понижува на тој начин!!!Знам дека е тешко но,почни како што тој ти прави тебе така и ти прави му него,па можеби ќе се свести и ќе го поправи своето однесување.Во никој случај немој да му попушташ и брани го својот став.Ти изгледа премногу си му дозволила,нека има некои граници,не е се прифатливо само за да му угодиш.Изгледа мајка ти многу добро го проценила што човек е и тој тоа го знае,затоа избегнува контакт со нив.Исто немој да се лажеш себеси дека мајкати незнае што се случува и верува на твоите зборови дека се е во ред,мајка е чувствува а, тој сигурно се плаши дека ќе и се довериш на мајкати и таа ќе застане во твоја одбрана што е сосема нормално и очекувано во оваа ситуација.Јас дури бев и уценета ништо да не им кажувам на моите што се случува
ви благодарам многу за мислењата ,за советите,,,многу од вас сте во право...разговаравме,,итн,,,му кажав убаво,,,и сега како да кажам,,,кога ќе речам за одење вика ок,,,али можам да речам дека еднаш неделно одам,,имам и други обврски ....приметувам малце поопуштено се однесува со моите,,разговара повеќе...кога сме таму,,,иако тоа е ретко можеби на 3 недели или 1 месец..ама таков е,не сака многу по гости да оди...итн...битно убаво се однесува со моите...ама тоа што не сака да оди многу ми смета,,а исто и на моите,,тие се навикнати поинаку,,таткоми многу често одел кај бабами и дедоми,скоро секој ден,,итн,,,ова вака им е чудно,,тие сакаат да се поблиски,,ама изгледа тоа тешко некако,,,,мајками пак ми рече,,научи го мажти малку,,,да не прави вака,,а тој мисли дека не прави ништо,дека ок е.уххххххххх.(значи.јас не му кажувам него што ми рекла мајками,,а на мајками и веламм,,,абе ќе дојди,,или оправдувам нешто,,овде е,,таму е,,итн,,или па зошто вие не сте дошле..итн..па и моите не се дојде кај мене месец и пол...многу ретко доаѓаат......тешка ситуација,,,а пример,за 8-ми март,за родендени,за празници,,за се одиме...ама тешко да се здружат,да ги бара на телефон,,да речи да одиме на кафе,,итн....тешкооооо
A зошто да ги бара на телефон, да им оди на кафе? Мене па тоа не ми е јасно. Остави ти како било со татко ти и баба ти и дедо ти, маж ти нити е татко ти, нити треба да биде. И маж ми ретко доаѓа со мене кај моите, најчесто по повод, и мене тоа воопшто не ми пречи. Ем на раат ќе си направам муабет со моите, ем си го користев тоа време да се видам со некоја другарка/другар без брзање. Си правиш проблеми од глупост, татко ти одел скоро секој ден кај баба ти и дедо ти... и сега? А замисли тој да ти рече „мајка ми вака правеше, сега и ти треба да правиш“? Претпоставувам дека ќе збеснеш така да ти држи предавања. Секое семејство само си ги гради односите, и секој пар треба да си најде СВОЈ модел на однесување. Најголема грешка е очекувањето ти и маж ти да бидете како мајка ти и татко ти. Како деца кои си играат брак па ги имитираат родителите, на тоа мене ми личат твоиве желби.
Еве јас ке кажам за мама. Навистина ми е многу жал ама ова е реалност. Навистина знам колку и е тешко незје а и мене тоа ме боли. Татко ми е постар од неа 26год, а мама има 36. Како млада се вљубила иако сите биле против нив они пак се венчале. Се до освата година од бракот им беше убаво, ама после се почна кавги расправии...Пред да се омажиш мораш да знаеш се за него, како е воспитан, од каде потекнува-од какво семејство и разни други работи..Мајка ми малада го видела и одма паметот и летнал, а незнаела ништо за него. Се венчале па после имале проблеми со родителите од двете страни, па сум се родила јас, па синот на татко ми кој ми е таканаречен полу брат од омраза ме нарекувал копиле и се така... Искрено многу се плашам еден ден во животот кога ке дојде време да се омажам. Се плашам да не одберам погрешна личност како мајка ми...Па после се проблеми, караници... Само едно да ви кажам-тоа важи за сите млади: "Пред да се омажите/ожените внимавајте кого бирате, затоа што еден ден многу ке се каете, ама за жал нема враќање назад" !!!
Мене ми падна во очи болдираното. Немаш ти направено погрешен избор на сопруг туку ПОГРЕШЕН ИЗБОР НА ЗЕТ Тоа што одел татко ти често кај баба ти не значи дека и мажот ти треба да го прави истото. (Татко ми не правел муабет со баба ми, па треба ли сега и вереникот мој да не прави со моите??). Колку побрзо се навикнеш на маж ти толку подобро. Совет од мене кој и сама го применувам: колку подалеку толку помили. Не ги форсирај да се зближуваат со сила, нема да има никаков ефект. Јас сум 3 месеци верена и вереникот мој ниту еднаш не кренал слушалка да се јави кај моите, ниту пак јас кај неговите. Празници, родендени, именден ако не сме во можност да отидеме честита преку мене ( исто како што правам јас со неговите), кога ќе отидеме прави најнормално муабет без претерано опуштање и зближување. Мораш сама да си ги поставиш границите до каде ти е фамилијата, од каде сопругот. Знам дека твоите ти мислат добро, ама мораш да го разбереш и сопругот кој очигледно го забележува влијанието на твоите врз тебе и поради тоа ги избегнува.
не знам,,ама мене многу мие мака што не можи да се зблиќи,,гледам слики на фб од други жени,,како си одат заедно со сестрите,браќата,,родителите на пикник некаде,,на викенд,,на ручек и тн,,овој да го отепаш нема да оди на пикник со моите,,,,,,,,да ви кажам искрено им блазесвам на тие што си се слоќни,,чии мажи знаат да почитуваат желби,,да ги направт среќни,,итн,,,
Зошто самата си правиш проблеми и таму каде што ги нема? Ти својот маж си го зела за себе а,не за родителите,роднините и комшиите...гледај да го средиш односот помеѓу вас самите и не потпаѓај под влијание и забелешките на околината.Ти него не можеш да го смениш,никој човек со сила не можеш да го промениш,можеш само да го прифатиш како таков ако вистински го сакаш со сите негови мани и доблести. И не разбирам каква врска има почитувањето со тоа што ете тој не пие секој ден кафе со твоите родители?Почитта може да се манифестира и на друг начин и во однос на тебе и во однос на твоите родители.