Ве молам за помош, ми треба пример за подарок за моите родители за подарок, годишнина им е на 18, прават 20 години од брак, и не се релативно стари... 45 и 46 години... Вие сте им подарувале ли нешто? Што било тоа? Однапред ви благодарам
Може да им купиш некоја убава постелнина за спалната, може да собереш слики од кога биле млади , од сите периоди од животот, да ги ставиш во компјутер и да направиш еден голем плакат од сите слики и да го урамиш. Или да најдеш некоја заедничка слика, да ја однасеш во Рамстор тој уметникот кај скалите да ви направи карикатура на сликата.
Еве за секој јубилеј како се вика и што се подарува. *1 година - Памучна свадба. Името на оваа наједноставна текстилна материја, бидејќи се смета дека една година по свадбата празникот веќе преминал во делник за младото семејство. Со еден збор, тече семејното секојдневие. Се подаруваат крпи. *5 години - Дрвена свадба. Петте години се критична годишнина. Се подаруваат дрвени предмети. *7 години - Бакарна свадба. Се слави цели 7 години семеен живот - период, кој многумина го сметаат за особено критичен во брачните односи. Како залог за идната среќа сопружниците разменуваат бакарни монети или садови. Се купуваат бакарни садови за дома. *8 години - Лимена свадба (тенеќија - лим) Со тоа премногу сиво име ја нарекуваат 8-годишнината од склучениот брак. И во потврда на тоа дека семејниот живот се врти околу главно кујната и прозаичните работи од секојдневието, двајцата сопружници си подаруваат сјајни домашни садови. Се земаат сјајни предмети за кујна. *10 години - Свадба на розите. На овој празник се покануваат гости, кумовите. Се подаруваат рози со бојата на љубовта, но и се танцува со црвени рози. *13 години - Чипкана свадба Оваа годишнина е како предупредување: не заборавајте да го одржите сјајот на својот брак! Се купува постелнина. *15 години - Стаклена свадба. Петнаесет години поминати заедно! Тој и Таа подаруваат стаклени предмети, давајќи посебна метафора: дека односите меѓу брачните другари треба да бидат чисти и транспарентни како стакло. Се подаруваат кристални предмети. *20 години - Порцеланска свадба. Се празнува после 20 години брачен живот. Јадењето се сервира во нов порцелански сервис во знак на тоа, дека од старите веќе не е останата ни една чинија. Се купува нов порцелански сервис. *25 години - Сребрена свадба. На празникот се собираат сите роднини. И заедно со златните венчални прстени, кои се уште носат, двајцата сопружници меѓусебно си подаруваат и по една сребрена. Се подарува сребро. *30 години - Бисерна свадба. Се одбележува после 30 години заеднички живот. Со името си потсетуваат за тоа што триесет години, преживеани заедно, се нанижани како бисери во ѓердан... За сопругата - бисерен ѓердан. *35 години - Ленена свадба. Тоа е еден голем јубилеј – 35 години брак! На овој ден сопружниците ја збогатуваат покуќнината со ленени покривки, завеси... *40 години - Рубинова свадба. Сопружниците празнуваат 40-та годишнина од свадбата. Поклонот е особено симболичен, кон златните венчални прстени се додава по едно рубинче – каменот на љубовта и огнот. За поклон-прстен или накит со рубин. *45 години - Сафирна свадба. За поклон- прстен или накит со сафир. *50 години - Златна свадба. Половина век заедно неразделни во радост, и во неволји! По овој забележителен повод сопружниците симболично си прават повторна свадбена церемонија – ги заменуваат старите златни прстени со нови. За подарок - златни накити. 60 години - Дијамантска свадба. Подарок - прстен или накит со дијамант. *70 години - Благодатна свадба. * 75 години - Крунска свадба (круна) Да си 75 години заедно со љубениот – не е ли тоа најубавиот подарок за преданоста и љубовта, кој били еден покрај друг целиот живот!
На моите родители е 20 годишнина од брак за месец дена Се мислам што да им купам Имате некој предлог?
има еден човек што право пазлс слагалица, од нивна заедничка слика ке направи слагалица многу интересен подарок
Девојки ајде малку помош. На моите родители за неколку денови им е 25 годишнина од бракот. Сакам да им подарам нешто но не знам што Некоја идеја , совет ??
зависи до колку пари... можеш да направиш вечера или да порачаш да ја поставиш убаво масата да купиш свеќници да биде нешто како романтична вечера на која ќе се собере семејството. можеш да купиш ако си при пари нешто микробранова ако немате или нешто што ќе ви служи дома. ако сакаш нешто лично за нив може постелнина или пижами за двајцата ќе гледаш да се прислични има мн работи кога ќе прошеташ ќе ти дојдат идеи
Па сега....зависи од самите родители,што сакаат,за што пројавуваат интерес.... Јас би им уплатила 7 дена некаде на море,септември,само тие двајца,да поуживаат малку без тебе,брат ти или сестра ти(ова добро намерно го кажувам,не се лути)па ќе им дојде нешто као втор меден месец.Интересно нели?
Ах , многу убава идеја. Камо да имав заштедено пари, а и да бев во можност тие немаат одмор од работа. Фала ви на идеите. Ќе излезам , ќе одберам некој подарок, а ми текна и да порачам торта на која пишува среќна 25та годишнина.
Можеш да им направиш вечера, вино , да им најдеш некои црно-бели романтични филмови , да пуштиш музика од времето кога се запознале и да излезеш од дома. Преспиј кај баба /дедо , другарка некоја. Убаво ќе биде да имаат време еден за друг дента.
и можеш доколку имаат снимка од нивната свадба од пред 25 години сигурно е на вхс касета да им ја преснимиш на цд и така ке може да си ја гледаат постојано јас така им направив на моите за нивната годишнина
Моите родители на есен ќе слават 25 години од брак. Договорени сме с мм да ги носиме на викенд во Банско, мислам доволно ќе е. Плус цд од свадбата (која се наоѓа на видео касета ) и една голема слика од нив двајца кога биле младоженци
Моите пред една година славеа 25годишнина. Сакав да им купам карикатура која си ја имав замислено , со ликовите на наши ликови, и торта. Но, бидејќи не бев доволно финансиски моќна купив само торта и ги изненадив кога си отидов дома, зошто не знаеа дека ќе си одам.
kade i za kolku pari mozam da najdam postelnina vo zelena boja za moite roditeli vo septemvri im e godisnica 14 godini ke pravat ke naracam i torta znae li nekoj kolku pari se dvizat postelninite???
Ми треба помош Здраво јас сум нов член ова ми е прво прашајне на фемина ми треба помош: За неколку дена му е годишнина од брак на моите родители со мојата сестра сакаме да му купиме нешто за подарок но да биде до 2000 ден,ве молам дајтеми совет што да купиме, ви благодарам однапред ?!