1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подарок за годишнина од брак на моите родители

Дискусија во 'Брак' започната од Viiiiip, 16 ноември 2010.

  1. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    399
    Ве молам за помош, ми треба пример за подарок за моите родители за подарок, годишнина им е на 18, прават 20 години од брак, и не се релативно стари... 45 и 46 години... Вие сте им подарувале ли нешто? Што било тоа? Однапред ви благодарам :D
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Може да им купиш некоја убава постелнина за спалната, може да собереш слики од кога биле млади , од сите периоди од животот, да ги ставиш во компјутер и да направиш еден голем плакат од сите слики и да го урамиш. Или да најдеш некоја заедничка слика, да ја однасеш во Рамстор тој уметникот кај скалите да ви направи карикатура на сликата.
     
    На Viiiiip му/ѝ се допаѓа ова.
  3. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Еве за секој јубилеј како се вика и што се подарува.


    *1 година - Памучна свадба.

    Името на оваа наједноставна текстилна материја, бидејќи се смета дека една година по свадбата празникот веќе преминал во делник за младото семејство. Со еден збор, тече семејното секојдневие. Се подаруваат крпи.

    *5 години - Дрвена свадба.

    Петте години се критична годишнина. Се подаруваат дрвени предмети.


    *7 години - Бакарна свадба.

    Се слави цели 7 години семеен живот - период, кој многумина го сметаат за особено критичен во брачните односи. Како залог за идната среќа сопружниците разменуваат бакарни монети или садови. Се купуваат бакарни садови за дома.


    *8 години - Лимена свадба (тенеќија - лим)

    Со тоа премногу сиво име ја нарекуваат 8-годишнината од склучениот брак. И во потврда на тоа дека семејниот живот се врти околу главно кујната и прозаичните работи од секојдневието, двајцата сопружници си подаруваат сјајни домашни садови. Се земаат сјајни предмети за кујна.

    *10 години - Свадба на розите.

    На овој празник се покануваат гости, кумовите. Се подаруваат рози со бојата на љубовта, но и се танцува со црвени рози.

    *13 години - Чипкана свадба

    Оваа годишнина е како предупредување: не заборавајте да го одржите сјајот на својот брак! Се купува постелнина.

    *15 години - Стаклена свадба.

    Петнаесет години поминати заедно! Тој и Таа подаруваат стаклени предмети, давајќи посебна метафора: дека односите меѓу брачните другари треба да бидат чисти и транспарентни како стакло. Се подаруваат кристални предмети.

    *20 години - Порцеланска свадба.

    Се празнува после 20 години брачен живот. Јадењето се сервира во нов порцелански сервис во знак на тоа, дека од старите веќе не е останата ни една чинија. Се купува нов порцелански сервис.

    *25 години - Сребрена свадба.

    На празникот се собираат сите роднини. И заедно со златните венчални прстени, кои се уште носат, двајцата сопружници меѓусебно си подаруваат и по една сребрена. Се подарува сребро.

    *30 години - Бисерна свадба.

    Се одбележува после 30 години заеднички живот. Со името си потсетуваат за тоа што триесет години, преживеани заедно, се нанижани како бисери во ѓердан... За сопругата - бисерен ѓердан.

    *35 години - Ленена свадба.

    Тоа е еден голем јубилеј – 35 години брак! На овој ден сопружниците ја збогатуваат покуќнината со ленени покривки, завеси...

    *40 години - Рубинова свадба.

    Сопружниците празнуваат 40-та годишнина од свадбата. Поклонот е особено симболичен, кон златните венчални прстени се додава по едно рубинче – каменот на љубовта и огнот. За поклон-прстен или накит со рубин.


    *45 години - Сафирна свадба.
    За поклон- прстен или накит со сафир.

    *50 години - Златна свадба.

    Половина век заедно неразделни во радост, и во неволји! По овој забележителен повод сопружниците симболично си прават повторна свадбена церемонија – ги заменуваат старите златни прстени со нови. За подарок - златни накити.

    60 години - Дијамантска свадба.
    Подарок - прстен или накит со дијамант.


    *70 години - Благодатна свадба.
    * 75 години - Крунска свадба (круна)

    Да си 75 години заедно со љубениот – не е ли тоа најубавиот подарок за преданоста и љубовта, кој били еден покрај друг целиот живот!
     
    На BeLLaDona23, Bupalu, SunnyGirl2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    На моите родители е 20 годишнина од брак за месец дена :D
    Се мислам што да им купам :?:
    Имате некој предлог?
     
  5. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    има еден човек што право пазлс слагалица, од нивна заедничка слика ке направи слагалица многу интересен подарок
     
    На Deba му/ѝ се допаѓа ова.
  6. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Девојки ајде малку помош.
    На моите родители за неколку денови им е 25 годишнина од бракот.
    Сакам да им подарам нешто но не знам што :?:
    Некоја идеја , совет ??
     
  7. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    285
    зависи до колку пари...
    можеш да направиш вечера или да порачаш :lol: да ја поставиш убаво масата да купиш свеќници да биде нешто како романтична вечера на која ќе се собере семејството.
    можеш да купиш ако си при пари нешто микробранова ако немате или нешто што ќе ви служи дома.
    ако сакаш нешто лично за нив може постелнина или пижами за двајцата ќе гледаш да се прислични
    има мн работи кога ќе прошеташ ќе ти дојдат идеи
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Па сега....зависи од самите родители,што сакаат,за што пројавуваат интерес....
    Јас би им уплатила 7 дена некаде на море,септември,само тие двајца,да поуживаат малку без тебе,брат ти или сестра ти(ова добро намерно го кажувам,не се лути)па ќе им дојде нешто као втор меден месец.Интересно нели?
     
  9. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Ах , многу убава идеја. :)
    Камо да имав заштедено пари, :worried: а и да бев во можност тие немаат одмор од работа.
    Фала ви на идеите.
    Ќе излезам , ќе одберам некој подарок, а ми текна и да порачам торта на која пишува среќна 25та годишнина. :)
     
  10. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Можеш да им направиш вечера, вино , да им најдеш некои црно-бели романтични филмови , да пуштиш музика од времето кога се запознале и да излезеш од дома. Преспиј кај баба /дедо , другарка некоја.
    Убаво ќе биде да имаат време еден за друг дента.
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    и можеш доколку имаат снимка од нивната свадба од пред 25 години сигурно е на вхс касета да им ја преснимиш на цд и така ке може да си ја гледаат постојано :D
    јас така им направив на моите за нивната годишнина :P
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Моите родители на есен ќе слават 25 години од брак. Договорени сме с мм да ги носиме на викенд во Банско, мислам доволно ќе е. Плус цд од свадбата (која се наоѓа на видео касета :D ) и една голема слика од нив двајца кога биле младоженци :)
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Моите пред една година славеа 25годишнина. Сакав да им купам карикатура која си ја имав замислено , со ликовите на наши ликови, и торта. Но, бидејќи не бев доволно финансиски моќна купив само торта :^) и ги изненадив кога си отидов дома, зошто не знаеа дека ќе си одам.
     
  14. renne

    renne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    19
    Помошшш... Моите утре прават 29 год. брак што да им купамммм???? :envy: :devil: :doh:
     
  15. kristina123456

    kristina123456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    kade i za kolku pari mozam da najdam postelnina vo zelena boja za moite roditeli vo septemvri im e godisnica 14 godini ke pravat ke naracam i torta znae li nekoj kolku pari se dvizat postelninite???
     
  16. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Во гонитекс имас убави постелнини
     
  17. Klimentina.-07

    Klimentina.-07 Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ми треба помош

    Здраво јас сум нов член ова ми е прво прашајне на фемина ми треба помош:
    За неколку дена му е годишнина од брак на моите родители со мојата сестра сакаме да му купиме нешто за подарок но да биде до 2000 ден,ве молам дајтеми совет што да купиме, ви благодарам однапред ?! :*
     
  18. kolache

    kolache Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    298
    Да не знаете случајно како можам да го најдам тој човек со слагалиците :) Ви благодарам многу!
     
  19. Deba

    Deba Активен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Дали знаете каде може да се најде тој човек? :)
     
  20. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.247
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски