Супер е поклонот, за машко најдобар поклон е нешто што му треба и може да го користи. Инаку ако не го направи сигурно барем малце ќе му биде незгодно па за наредна годишнина ќе се сети
И јас се мислев за една од годишниците да му однесам таков поклон на дечко ми, али мене лично ми беше малце нападно, као да го приморувам да има слика од нас на биро или негде Али ипак сум тоа само јас, а и погрешив тогаш затоа што после некое време дечко ми сам си испринта слика и си стави на биро така да сигурно ќе му се допаднеше ако му однесев јас. Ако си сигурна дека ќе му се допадне, не се мисли
Луѓе јас немам идеа што да му купам, а утре правиме година Немам никаква идеа, а знам дека он ќе откопа некоја оригинал рамка со наша слика, тој ми купи за Валентајн ,па затоа сеа ми е глупо тоа да зеам. А иначе тој е програмер, значи фрик за компјутери, и фрик за магии, за трикови и сл.
Можеш маичка со интересен принт за програмери, доколку нема да се купи можеш да нарачаш, исто и некои посебни карти за трикови
Гледав на Гугл маички за програмери и оваа ми фати око: Отвори ја со New Tab, многу е голема па не се гледа се‘. Спојлер Можеш да му купиш маичка и да го испринташ ова, или некоја друга апликација.
^^^ Фала девојки за идеата, баш ми се допаѓа, ама сега неможам да најдам каде се печатат маички во Скопјево. Да не знаете?? и да не се многу скапички, не би дала над 500 за ваква обична
http://intermedia.com.mk/Default_files/maica.htm Или http://zk.com.mk/act/%D0%9F%D0%95%D0%A7 ... 0%98%D0%9B
Во Рамстор горе,каде што продаваат привезоци,саати,чаши...Можете ако сакате да направите чашка со некој текст или слика.Инаку е 250ден. Онака како идеја Мене тоа баш ми се допадна и планирам да го направам во брзо време.
Што знам... Некогаш ситниците го прават големото... Не мора да се подарува којзнае што доволно е да има нешто симболично колку да се знае дека не си го заборавил или заборавила датумот.
Па на тоа и мислев, да не излезе дека го приморувам да има во соба нешто што можеби и нема да сака. А бев одбрала и рамка што ќе му се вклопи со ентериерот. Сепак не зедов, (полу)годишнината ни помина одлично, ама без подарочиња. Јас сум таков тип и сакам да изненадувам тогаш кога најмалку се очекува, а не да бидам провидна и да поклонам нешто баш на годишнината да речеме. Чудна сум, това је това. Планирам до крајот на месецов да го стокмам ова, па ќе споделам импресии. Не верувам дека нема да му се допадне, остана занемен и вчудоневиден кога ја виде сликата урамена кај мене, ама сепак скептик сум.
Мал поклон Значи вака утре правиме неколку месеци врска со дечкоми и ми треба една помош.Сакам да му купам некој многу ситен поклон само колку да дојде до значење дека малите работи вредат многу,сакам нешто што е мало и не се поклонува секојденвно :/ Па ве молам за помош...
Мал поклон Можеш рамка со ваша слика,Можеш некоја маичка,некоја колекција. Во друга тема напишав,дека во Рамстор можеш да однесеш слика или текст и тоа да биде на чашка направено.Исто така можеш да однесеш слика и да ти направат сложувалка. Види има и друга тема каде што ќе најдеш некоја идеја.
Каде може во Скопје да се испринтаат постери и која е цената отприлика? Мислев да барам во Југотон, али не верувам дека имаат нешто слично како тоа што барам, а и мислам дека беа околу 500 ден, што не ми се даваат за постер. Иначе нешто како engineer love ми треба Ако имате друга идеа, слободно
Само што ја видов оваа понуда на grouper.mk, мислам дека поисплатливо и поевтино не може да биде Најди некоја добра сликичка од нет, и ете постер за дечко ти http://grouper.mk/skopje/deal/poster-a3-a4-royal-art
Еее фала многу, ептен добра понуда Само што парите ќе ми отидат за пат, ама добро Ако не, до петок ваљда ќе најдам негде.
Ок, жалам што не успеав да ти помогнам со понудава за цели 36 денари Се надевам ќе најдеш тоа што бараш.
Кога бирам подарок за некого, го бирам според личноста за кого е, каков е, што сака, што му е интересно, што знам дека ќе го насмее. Ги мразам тие подароци кои секој веќе на секого му ги дал, ако ми е драга личноста, ќе биде посебно подарочето, па макар било и нешто што никогаш нема да го користи, ама знаеш дека ќе се изнасмее на истото. Затоа не ми е јасно како барате идеи од други луѓе кои не ви ни го знаат дечкото. Мислам, од каде да знаеме што го интересира вашиот дечко. Нормално, клише поклоните шише вино, часовник, слика, шалче/капче. Ама кога веќе туку така подарувате нешто, тогаш подобро би било да го скокнете тој ритуал. Подарокот треба да доаѓа од срце и да има значење, во спротивно би било како да му давате подарок на било кого.