Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подарок за годишнина

Дискусија во 'Врски' започната од iv4ence, 15 декември 2009.

  1. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Јас имам сосем поинаков поглед на тоа. Во ред е било кој поклон од типот саат, капа, шал и тн. Тоа се работи кои секој ги користи, носи. Зошто да фрлам пари за некоја глупост, кога можам да му купам капче да се згрее или нов саат бидејќи стариот му се расипал. Од друга страна ако сакаш некому да подариш од срце не треба да чекаш роденден, годишнина и слично.

    Ние подароците за таквите формалности си ги знаеме однапред. Се договараме кому што му треба и така ќе си купиме. Не сме двајцата вработени, од дома земаме пари. А и така поубаво е кога знаеме дека тоа ќе го користиме. Да не биде за џабе фрлање пари и не знам дали ќе го носи или има веќе такво нешто. А за другите ситници надвор од овие формалности ги подаруваме од срце уникатно направени.
     
  2. MejkApGirl

    MejkApGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    58
    Глупаво е тоа што, во текот на цели 30 дена, со дечко ми славиме годишнина, негов роденден и денот на вљубените, и годинава ПЛУС матурант е :worried:
    Предложете нешто, како да направам со поклониве, дека не сум баш во добра финансиска состојба за секој ден по еден скап поклон да купувам, а не сакам да бидат ефтини, од типот 100-200 ден.
    Прво ни иде годишнината, па неговиот роденден, па валентајн, и неколку месеци подоцна матурата.
    За првиве три настани мора некако да направам, а за матурата не е проблем ке купам посебен..
    Хелп?
     
  3. candise20

    candise20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    204
    Хмммм имаш стварно доста за купување!
    Годишнина - Купи му нешто што одамна го посакувал нешто што ти го има кажано дека го сака и сам да го купи!
    Роденден- Можеш убава торта како изненадување!
    Валентајн-Стандардно некој подарок типичен за валентајн нешто скромно
    А Матура секако нешто поголемо како на пример саат некој добар кожен каиш или новчаник али со тек на време ~!Се надевам помогнав малку од малку :)
     
  4. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Во Март ќе направиме пет години од врската .... знам дека е рано но морам да мислам од сега .... му имам подарувано облека , каиши , паричници , за мечиња да не збориме , му имам правено 2 тетратки внатре пораки и раскази , му имам правено албум со наши слики , имам правено ромнтични вечери , сега ми се врти во глаава да идеме некаде на некое место сами , на 2 дена барем , предложете некое место , или агенција :) инаку тој сака многу книги и компјутерски игри , сакам да му купам икс бокс ама ако зберам пари :$
     
  5. Bianka

    Bianka Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    18
    Отидете на Маврово, ако имате среќа може ќе има и снег...види си на интернет страната на Маврово приватно сместување, резервирај во некоја вила штом сакаш некаде на страна или можеш во Бугарија на Банско ако не сакаш да е тука, се зависи од финансиите, но штом сакаш такво нешто претпоставувам дека не се проблем.. Има и други места Берово, Крушево... разгледај си и убаво да си поминете!
     
  6. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    5.199
    Пол:
    Женски
    @Li..Na ако си при пари можеш да одиш во Југотон и да му ја купиш најновата WoW оригинал, или пак некоја книга од Агата Кристи на пр. или зависи какви сака и на првата страна да напишеш посвета, што ти е далеку поевтина варијанта.
     
  7. O.l.e

    O.l.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    6
    можеш викенд во Берово
    1.имаш вили за изнајмување
    2.хотел во градчето - Манастир
    3.Аурора има фантастичен хотел горе на езерото
    :)
     
    На candise20 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Знаете и јас си мислев за Берово , ќе проверам на интернет како што идат цените ,сигурно има и слики од вили ... Ќе разгледам и ќе ви пишам :D
     
  9. MalaTaa

    MalaTaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    3
    Здраво дечки. Ми треба ваша помош :) Со дечко ми ни се ближи годишнина па размислував да му купам златен превезок со мојатаа буква ( да си ја носи на ланчето и да се сеќава на мене ) чоколадо во форма на срце ( да ни биде слатка следните години ) ииии мислев некое меченце срце или нз точно. Шо мислите за идејава ?
    иии шо бии можела да купам трето на местото на мечево ?
     
  10. miljana1991

    miljana1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    6
    Здраво девојки! Јас ќе ве молам за помош. Уште некоја недела дечко ми има роденден, и тука јас одма си имам проблем..... сакав да му спремам нешто романтична вечер и бла бла туку исто сакав и нешто да му купам ама не ми текнува што. Идоли му се најголемите мафијаши како што се ал капоне, ал пачино, пабло ескобар, потоа Аркан од Цеца му е еден од најголемите идоли.... дали имат некоја идеа што можам даму купам во врска со нив. фала ви однапредд
     
  11. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Вила Лана 2 или 3 по 600 ден .е од ноќевање.А и супер е средена вилата
     
  12. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Ве молам дајте ми некоја идеја...втората вечер од НГ правиме 2 години откако сме заедно...и не знам што да му подарам...од толку многу подарени работи до сега сега веќе немам идеи...
    Исто така по 2-3 недели му е роденден...што значи дека не мора некои скапи работи да се затоа што моментално финансиски не стојам добро :worried:
    Секоја идеја е добредојдена :*
     
  13. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Па ако не си финансиски добро, би можела да му купиш капа или шалче ако носи секако, а и ке му се најдат за ладново време, и секако некое убаво чоколадо ... Милка на пример од оние што се во форма на срце, со напишана некоја мисла од тебе ... Или пак да купиш хамер хартија црвена, да напишеш неколку убави пораки, добро шише вино, и секако да му приредиш изненадување кај тебе дома, или кај него, со неколку сфеќички ...и тоа... друго незнам .. Се надевам помогнав :*
     
  14. Peperutka-19

    Peperutka-19 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    13
    Добро утро на сите феминки :) Сакам да ми дадете идеја што би можела да му подготвам на дечко ми , правиме 1 год од врска и тоа на 01.01 , ама сакам нешто интересно, необично или нешто секси што ќе го памети засекогаш :) ве молам само тоа да не биде албум со слики, зипо упаљач или боксерици зошто ми се премногу старомодни и некако сите ги употребуваат
    Вечерта за Нова година после 12 планирам само торта да направам зошто ќе бидеме со друштво, а за наредниот ден ( точно на 01.01 вечерта кога и се фативме официјално) сакам убава романтична вечера ама не знам колку ќе можам зошто неговите ќе бидат дома :@ Ве молам помогнете ми и дајте ми убави предлози :$ Имајте убав ден
     
  15. viki000

    viki000 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојкии :)
    На 16ти овој месец правиме 1 година со дечко ми :$ Се мислев долго што да му купам/направам, и на крај се решив на боксерки (ептен ми се срцкасти :P ) , само што проблемот е, сакам да донаправам уште нешто , бидејќи само така со боксерките (направени , спакувани секако убаво) ми е некако штуро .. Незнам , ако имате некој совет/предлог да ми дадете што да направам, би ми биле од многу гоооолема корист :)
    И да, секоја идеја е добредојдена :angel:
     
  16. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.062
    Пол:
    Женски
    Viki,би ти предложила да обрнеш внимание на вкусот на дечко ти,секако некое убаво вино или бонбоњера,или чоколатце,како сакаш ти нели,но тоа за финиш ;) .со боксерки секако не комбинирај облека,нека биде некое парфемче,колонска вода или некој моден додаток,пример убав паричник,или часовник.
    Tоа би била моја идеја,и всушност еднаш тоа му поклонив на еден мој дечко,паричник,боксерки и чоколадо,и беше многу пријатно изненаден :D .
    па пиши како ќе пoминеш,и секако ти посакувам убав помин :hai:
     
    На viki000 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Јас имам вечерва годишнина, 3 години, какви-такви наши се :D со сите подеми и падови, среќа и тага, издржавме за сега да го живееме можеби најубавиот период од нашата врска,секако, после првите месеци од врската,тие секогаш остануваат во сеќавање како најубави :) Одлучив оваа годишнина да биде помалку материјална и по не екстравагантна, така и ни беше договорот. Направив колаж од нашите омилени места, местото каде за првпат се бакнавме, местото каде најчесто стоиме кога ме испраќа дома, место кое не врзува за некој спомен, го направив во еден онлајн едитор како колаж, го извадив како фотографија и ја ставив во рамка,напишав два-три збора,и така градов е подложен на промени, рушења и идни градби, барем ги сочував во еден клик сите наши спомени врзани за тие места :) Брзо и едноставно решение, проткаено со многу љубов :)
     
    На K.Mari4ka и Nati.P им се допаѓа ова.
  18. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.528
    Допаѓања:
    5.887
    Дали се продават златни обетки за машко и дали ги делат??(колку би ме чинело)
     
  19. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Секако дека се продаваат,види по златариве во чаршија се најевтини а цената зависи од грамажата.

    Инаку било што подарено со љубов и внимание и со доза на креативност е оригинално на свој начин. Јас би типувла на убав викенд на некое прекрасно планинско место сега за периодов зборам.Има толку многу попусти како на колектива,групер итн.
     
  20. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.528
    Допаѓања:
    5.887
    со циркон ли да купам???
    550 е една обетка
    Има 2 дупки на едното уво дали да му купам комплет или само една и да додадам несто + како подарок???