Јас на мојов не што не му имам купено и за оваа годишнина сакав нешто малце по оргинално, сакав да направам карикатура од него така голема слика и во рамка. Само не знам кој ги црта и ги прави тие. Дали вие познавате некој таков и колку би можело да ме чини?
^Имаш човек што црта карикатури во Рамстор. Се наоѓа лево од скалите (од страната на маркетот). Цената на еден лик ти е 500 денари (со молив), a ако сакаш во боја е 1500. Му праќаш слики од дечко ти, пример, и за 3-4 дена е готова, зависи колку работа има тој период.. Еве ти и мејл, па прашај си што те интересира pittoresaigon@yahoo.com П.С. за рамка незнам колку се доплаќа, јас на друго место си ја урамував.
Па што ако има две дупки,може и 4 да има па немора за сите да купуваш осен ако не си при пари ама можеш и една плус можеш две карти за во кино ако сте њубители на филмови
На 11 правиме 1 година и сакам да му подарам нешто убаво но незнам што.. само тоа да не биде мечиња,филџани,романтична вечер ... Ве молам за некоја идеја .. Што би купиле вие?
И јас на 16 треба да славам годишнина, дајте некој предлог, имам идеја за подарок, чекам да се изработи, па ќе пуштам слика ама сакам и некое изненадување +
кога веќе си одбрала подарок нема да е на одмет некој омилен негов парфем,марама,паричник.идеи има многу,само зависи што ти е првиот поклон па да го надополниш
Еве ваков часовник порачав, само ќе ги има нашите букви наместо бројките и ќе има наша слика заедничка Спојлер
навистина е преубав.а и штом ќе има ваша слика,уште поубаво .со тоа би ти препорачала некое благце,убава бонбониера во форма на срце,бидејќи и часовникот е таков,ќе биде супер комбинација.
Благодарам сега ја држам УН диетата , не ќе можам рает да се опуштам за благичкоо ама мора некако да се прослави, 5 години инаку
Не ни е годишнина,за неколку дена ке ни биде година ипол, но му купив онака нешто без врска заштита за iPad цело време зборува како само тоа немал тоа му требало, глупаво ли е? Тој на мене нема да ми купи ништо во тоа сум сигурна
Не е глупаво, баш убаво ти текнало. Тоа најверојатно најмногу ќе му користи (нели кажувал дека му треба) Барем нема да му собира прашина на полица ако ништо повеќе А и јас лично, на пример, најубав подарок ми е оној кој ми е потребен Затоа и самата секогаш играм на карта практика.
Јас на дечко ми не му купив ништо за годишницата. Тој мене ми даде голема бонбониера Griotte Не ми се многу битни поклони, такви работи... Битно да се сакаме Ионака најдобриот поклон вечерта ќе си го "дадете"
Нели часовник не се подарува на дечко/девојка, така имам слушнато инаку не верувам мн во такви работи ама сепак не би сакала да подарам ако не е убаво. има ли врска ако е сличен како овој погоре т.е ѕиден или сеедно каков е да не с еподарува???
И јас имам слушнато порано, ко деца така се велеше ама не верувам јас, и јас му порадив, и дечкоми мене ми подари, па фала Богу се е во ред
Имаш право глупости се тоа Ај кажи ми од кај го порача и дали тоа во средината е како рамка т.е може да се менува сликата?
Јас и мм имаме страшно спротивни вкусови за многу работи, а вклучително и за облека, парфеми и сл. Затоа планирам за годишнината да го однесам во парфимерија, да си одбере што му се допаѓа и да го платам. Имаше хоби и престана со него, новчаник не носи, за ИПадот што го обожава се си има земено туто комплето, предмети не доаѓа во предвид да му купувам. Сега му беше роденден па му земав патики (сам ги проба и одбра, јас само платив), па истото ќе го направам и со парфемот (пред некое време збореше дека сака добар парфем). Мислам подобро така отколку да се зезнеме двајцата со „изненадување“