кога направиве две години му купив бурма на неа беа како вдлабнати букви, и никогаш не ја вади од рака.купете му нешто што ќе го носи а не нешто кое што ќе го потроши и нема после значење да му има.мој совет
И ние имавме 2 годишнина и си добив ланче сваровски со срце привезок, прекрасен е а тој си посака јакна бидејќи му требало таков беше договорот ахха и си доби
Лани за втората годишнина од брак му купив на мм Барбери парфем , а тој мене блуза и Ралф Лорен парфем + торта А сега за третава годишнина која ке биде во јули планирам да му купам поло блуза од Oxford company што тој ја обожава маркава
Па не се сите wow, нормално првите почнуваат ...Заради твојата насмевка, затоа што се чувствувам најбезбедна кога сум покрај тебе, затоа што ме испраќаш до дома, ми го познаваш вкусот... а после се од типот Затоа што доаѓаш со мене во читална, затоа што ми направи торта, чекаш со мене да се запали зелено светло на семафор, ги слушаш моите трачарења кои можат да траат со часови, а се бескорисни... Носи си едно тефтерче со тебе и кога ќе те изнервира нешто што не го прави тој или нешто што ќе те ќе те потсети, ќе си запишеш
на 17 ни е годиснина,па сакам да му купам сребрена белегзија....што велите девоки?(убаво би било и бурма ама нема шанси да ја носи)
Podaroci za godisnina Moze li da mi kazete kaj pravat portreti ili karikaturi i kolku bi cinele posebno ? Itno mi e za podarok
За m3a3c3a3 : Незнам што тип е дечко ти.Ако носи накит тогаш купи му сребрена белезика оти да не. Јас на мојот му купив за матурата. Не би ти препорачала да му купуваш бурма,подобро ти е белезгија.Добра ти е идејата
m3a3c3a3- Може да му купиш часовник, ако сака да носи Златен или сребрен Спојлер И да, ова ти го предложуваме заедно со Vitomir [[ љуткото]]
Епа вака...мене ми се ближи годишнина...Но рамка со слика му имам дадено,чаша со наша слика му имам дадено,он ми даде портрет,сложувалка,маица принтана ...немам никаква идеа ова што го читав досега што сте пишувале скоро се си имаме дадено...
Еее...за карикатурата интересна идеа е...Но може да ми кажете од кој град сте...Јас сум од Тетово и не верувам да има овде такво нешто.. позз
На 6 август ми е годишнина и немам никаква идеа освен тоа да направам торта во вид на срце и да ставам прскалка...Но сепак не е доволно само тоа реба уште нешто бидејќи очекувам нешто од него сто нема ни на памет да ми падне таков е он ...може помош ова тука што читав се му имам направено или он мене ми треба совеет
Годишнина ви е на мојот роденден, двајцата мора да сте посебни Можеш да смислиш нешто со друштвото на пример тие да носат пораки дојди ваму дојди таму и на крај да дојде до тебе со торта, не е лоша идејата.
И јас славам годишнина во август. Немам никаква идеја што да направам,а да биде интересно.Ич не сум креативна Претходно сум му подарила карикатура,торта,саат... Секој предлог е добредојден
Ние баш и не практикуваме некои такви подароци, како торта или мечиња за годишнина, затоа на нашата прва годишнина си подаривме ваучери од Сити Мол, кој што сака и што му е потребно тоа да си купи. Јас си одбрав сако од Бершка и ташна од Аксесориз, а тој патики од Пул енд Бер и фармерки од Бершка. Торта му имам подарено за роденден, сосе кошула која сам претходно си ја одбра, а мече имам добиено за два Валентајна (или како и да е множина од Валентајн ) и ми се ептен драги подароци. Се` во зависност сепак од моменталните финансии, но од желбите и карактерите на двајцата. На пример, он не е тип за мечиња, рамки со слика од нас или некои такви работи, па блесаво ми е да дадам пари за нешто што знам дека ќе го земе од чиста култура и зошто е од мене, но сепак нема да му биде тоа тоа. Подобро ќе ги споиме парите и ќе се почестиме некаде убава вечера, како што си милуваме и двајцата, на убаво место и со сите марифети.
Мене не ми е јасно зошто сите парови практикуваат да си даваат подароци на годишнина, месец, 2 месеци и слично? Јас искрено со дечко ми си поклонуваме подароци онака изненадно пример: ако одам во град или некаде да разгледам што како има и видам нешто што знам дека ке му се допадне го купувам и го изненадувам, тоа е право изненадување а не сега знаеме дека ни иде годишнина и да купуваме само тогаш. Фино лепо искочете си во некој ресторан на вечера почастете си се или дома порачајте си јадење и уживајте во моментот не се преоптоварувајте со поклони.
Секогаш си подаруваме..со тоа искажуваме колку еден кон друг е нежен и внимателен нели ? Обожавам да давам подароци и обожавам она двоумење меѓу еден и друг подарок.Му имам купено уметничка слика, рамка интересна...книга од неговиот омилен писател...и секој ден се изненадуваме ние на само на 3 месеци или 9 месеци...паметам еднаш ме изненади со доручек или пак со букет рози Im so in love with him.
Може ли мала помош,со дечко ми правиме 6 месеци на 8ми август,а тој ден ние ќе бидеме веќе на одмор и сакам да му приредам некое изненадување,е сеа не сакам мечинња и такви играчки него сакам нешто да направам сама што ќе го изненади знаете ли некој сајт каде што има како да се направи нешто креативно,пример со наши слики или слично? многу ќе ми значи вашата помош!!! )