Здраво девојки.. со дечкоми ќе праам 2 години и стварно ништо не ми паѓа на памет што да му купам..Пошо праиме на 1 Јануари .. кај и да славиме нова година, пред да идеме таму ќе идеме кај него ради поколонот за 2 години.. другарму ми кажа дека ке ми спремал нешто, што никад нема да ми текне што е, така да неможам јас да му напраам такво убаво изненадување.. читав неколку идеи тука.. ми се допаѓаше идеата со тортата.. можам да напраам торта во форма на срце и да стаам свеќа со бр. 2 и плус уште нешто на тортата.. ама само тоа да му го купам, не сакам, затоа што торта е мора да се изеде и нема да му остане ништо како спомен.. и сега... можам тортата како додадок да ми биде ама и плус уште нешто.. он е ПРЕМНОГУ ЗАЉУБЕН во Опел .. и незнам нешто да му напраам или купам со опел.. или било што друго, дајте ми било каква идеа :///
Оваа идеја многу често ја препорачувам на оние кои сакаат да поклонат нешто што ќе трае. Поклони карикатура,верувај ќе ви трае засекогаш,ќе си ја урами и закачи на ѕид и нема кај да бега Плус повеќе од 1200 денари,заедно со рамката нема да биде. Тортата остави ја за роденденот
Јас би те советувала да отидете кај него, а ти пред тоа да купиш секси долна облека и така да му пружиш еден доообар стриптиз и див секс доколку имате односи, а доколку немате спремај му нешто креативно, на пример карикатура, или кутија и во кутијата албум со расфрлани слики насекаде па редете ги заедно и потсетувајте се на се како една ретроспектива А пред тоа можеш да купиш вино, Merci бонбони и тргни во акција..некако торта е премногу...не знам не останува спомен од тоа, а мажи се, знаеме што сакаат и сигурно во Опел не е повеќе заљубен отколку во тебе. Спремај му нешто незаборавно
lugje ve molam za pomos so devojkami pravam godisnina sakam dai poklonam nesto so jas sam mozam da go napravam sakam dae malo no ubavo a plus go nosam vo stranstvo ve molam kazete nekoja ideja
Девојки еве една страна од која можете да си порачате уникатен подарок.Бидејќи за еден месец правиме 5 години со дечкото ,веќе незнаев што да му купам и другарка ми даде идеа да направам сложувалка од слика од нас двајца.Мислам дека е прекрасно изненадување и нешто ново и интересно.Отворете ја страната има и многу други интересни работи.Се надевам ви помогнав. http://puzzle.mk/
Каде можам да најдам убави и интересни кожни машки алки ? Најважно ми е да биде нешто во edgy стилот. Цената и не ми е нешто посебно важна, но ете да не биде екстремно висока како за таква алка. А да, да не биде некоја која ќе се распадне после првите две недели носење, зашто трапаво ми е момчето.
Мене многу ми се свиѓа предлогов, е сеа може некоја подетална информација за овие што изработуваат пошо некако импровизиран ми е сајтов и не ми делува нешо најсигурна. Си ја испробала? Од кај е фирмава? Како да им платам за нарачката? Како ќе си ја земам или они ќе ми ја донесат? Благодарам унапред!
Најчесто заедно купуваме.Сакаме подароците да бидат практични.На почетокот на врската си приредувавме изнеанадувања за некои поводи.Ако нешто ми се допадне, и сега знам да го изненадам,па и тој мене.Кога подолго време сте со една личност,добро го знаете и полесно е да одберете нешто што навистина му е потребно и знаете дека му се допадне.
јас имам нарачано од таму, сложувалка и балон, стигаат сигурно, мене ми стигна за 3-4 дена, така да треба унапред 1 недела да си закажеш, за најсигурно... ќе му пратиш на меил сликите што ги сакаш и тој ќе ти се јави да ти каже кога се пуштени, ги пушта по карго експрес... само ќе си спремаш дополнителни 300 денари, бидејќи мене толку ми земаа од карго
Фала фифи! Значи уствари јас на рака му плаќам коа ми ги дава нарачките,така?! Ај ваљда може сама да одам да си го подигнам па да не ме ошурат вака за достава
да, да тогаш му ги даваш парите, ако си од скопје, или ако одиш до скопје, подобро е да си ги земаш ти, вака плус уште 300
Јас купив кожен ремен пред 3 дена го зедов 500 ... има поскапи ама и овој добар беше а паричниците зависи имаш секакви 350,500,700 отприлика толку се движат цените
Јас ја нарачав сложувалката во петокот а вчера си ја земав и прекрасна е.Иначе човекот е од скопје ,прво му пишав меил му ја пратив сликата и ми рече за 2 3 дена ќе биде готова.Си разменивме тел.броеви и кога беше готова ми прати порака.Бидејќи и јас сум од скопје се чекавме некаде кај паркови и зеленило после зоолошката градина кај гимназијата Орце Николов.Тогаш и му платив за сложувалката.Изгледа во некоја од бараките на паркови и зеленило му е работилницата бидејќи од таму искочи. Многу е убава сложувалката иста е како сликата и многу ми се допадна тоа што не треба однапред да платиш.Сега едвај чекам да му ја подарам и да ја видам реакцијата.
еииии топ гарант ќе му се свиѓа. Јас тргнувам од тоа дека и јас лично би сакала да добијам таков поклон Коа прочитав ептен се попалив, не дека нешо скоро имам повод ама ни се ближи годишнина па еве сe обезбедив, a како што разгледав има добри ствари и за неколку наредни подароци Браво и за предлогот!
Нас годишнина ни е дури на 2 Јануари....незнам како ќе дочекам.Уште сега си замислувам како ќе биде.Планирам да му ја ставам растурена во некоја кутија од срце мислам дека во џамбо гледав такви и кога ќе ја отвори прво да се замисли малку што е ова и после заедно да ја составиме а може и малку сам да се помачи....ахх пуста љубов ме збудале.....
купи и едно винце, прво стави винце, па дај му го поклонот, па составувајте ја заедно, така направив и јас, само моето беше за роденден
Schmetterling4,премногу ми се допаѓа идејата!Се надевам дека еден ден ќе имам прилика да купувам поклон на партнерот за годишнина,па ќе ти ја преземам идејата