Инаку женски и јас славам годишнина со партнерот на 01.01 Па искрено се двоумам за поклон имам 2-3 идеи , па би сакала да ми помогнете што е можно побрзо зошто немам многу време Во план ми беше да нарачам онаква чаша со наша слика ( како оние од емисијата на драган вучич , кога ке ставис топла вода излегува сликата, таман сега на ладново за чајче ) знам дека ги прават во фото јасмина ама не знам колку чини , втора идеја е сложувалка , како што една од феминките веќе направила за својот партнер и трета идеа е да ги соберам сите наши слики и да направам албумче со слики зошто сите слики ни се расфрлани по компјутер а можат лесно да се изгубат, а ако направам албумче ке ни останат и како спомен за понатаму и плус тоа е многу романтично и убаво. Ке купам некое пообемно , ке ги ставам сите слики што ги имаме , а останатите ке ги оставам празни, само на последната фотографија ке ставам некое мало парче хартија и ке пишам неколку убави реченици од срце , и ке пишам нешто во стил дека останатиот дел од албумот да го пополниме повторно заедно во иднина Со сето тоа секако торта ке порачам или ке направам во форма на срце и вино Што мислите , што е најслатко ?
Еве од овде можеш да нарачаш, за цена незнам,ама ако не си од СК , се доплаќа и достава http://puzzle.mk/ Едит: Еве цени 135х195 мм - 48 делчиња - 200 денари; 195х255 мм - 88 делчиња - 350 денари; 295х405 мм - 180 делчиња - 600 денари; 400х550 мм - 500 делчиња - 1.800 денари; 450х700 мм -1000 делчиња - 2.700 денари.
Имас во фото студио јасмина , во лептокарија се наоѓа, ама искрено не знам колку е цена, најдов број , и јас планирав да се јавам да прашам колку би ме чинело сложувалка или чаша, ако добијам некаква информација веднаш ке пишам да ве информирам сите
некоја ваша идеја? Вака идеме со дечко ми 6 месеци и сега ми треба ваша мала помош Купив рамка и ставив наша слика, и купив милка во форма на срце бомбониера и на капачето од внатрешната страна на мали ливчиња во вид на срценца ке залепам 30 причини зашто го сакам. Е сега ми треба барем уште нешто да не бидат две работи а тоа нешто сакам да биде нешто покреативно, нешто што не се купува со пари незнам ни ја што хаха некое како изненадување да биде. Имате ли некоја идеја? И треба да побрзам со работава зашто треба да ми биде се готово за во понделник :/
Девојки пак го пишувам истово пошто изгледа ми го избришавте предходното изгледа нешто сум згрешила или незнам што... нова сум и пробувам некако да се снајдам на странава малку тешко оди ама се надевам ќе се вклопам некако така да ако пак сум погрешила нешто извинете... Можеби ќе бидам досадна ама стварно ми треба помош :/ Вака со дечко ми правиме 6 месеци во понеделник и ми треба некоја идеја. Купив рамка и во неа ке ставам наша слика, купив и милка големо срце и на капакот од внатрешната страна ке залепам малечки ливчиња во вид на срценца и на секое срценце ке напишам по една причина зашто го сакам. Што мислите за ова? И сакам уште една работа нешто по инетресно по како изненадување да дојде? Имате ли некоја идеја?
тука ти се двете мислења иначе јас мислам дека е ок вака со две работи и кога ни доаѓале на родендени порано ни носеле подарок и чоколадо, така да не е страшно и само две Чувај си идеја за друг повод. Еве доаѓа и Валетајн па ќе имаш нов проблем
Девојки уште малку правам 2 години со дечкото и ми треба помош. Сакам да извадам наша слика , така поголемка и да му ја дадам. Сега само тоа не ми иде некако... Мислев и нешто благо, чоколадо или слично. Ај дајте ми некој предлог што би можела да докупам
јас за годишнина од толку мислење мече па благо па ова па она.. на крај изгледа ќе му купам џемперче или онаков дуксер пошо дечко ми обожава да носи дуксери и нели тоа да му го дадам и би му напраила и едно видео со наши слики од почетокот на врската до сеа (1 година праиме) преку она Slidely.com ако ми останат пари може и нешто благо да купам Како ви се чини феминки??
Подарок за партнерот значит јас се имам ставено во голема непријатна ситуација.... иде годишница а јас нз шо да му купам .... парфеми колекција му имав за матура.....белезија златна му имав..... маичка му купив за роденден...... ланче некат...обетки ( ушници никако ) , прстен ма никако.... др облека некат.. викат дека имал премногу ,,,, дури и имал и одпојќе и не носел.... и јасс ОСТАНВАМ БЕЗ ЗБОРОВИ..... помогните нешто дајте предлог некој др...иии зАБОРАВИВ КНИГИ НЕ ЧИТАТ..НЕКАТ НИ ДА МУ СПОМНАМ МЕНЕ НАЈДРАГОЦЕН ПОДАРОК МИ Е КНИГАТА.....
Здраво, јас сум нова овде. Со дечко ми правиме 4 години на 5ти фебруари. Сакам да му припремам изненадување. Дали ќе можете да напишете на еден лист ЉУБЕ,САНДРА ТЕ САКА! и да го напишете градот од каде што сте. И да го држите ливчето и да се сликате. (доколку сакате да биде анонимно можете како на сликата подолу) Многу ми значи.. Ви благодарам однапред!! https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd...._=1390545161_f247f21ca9c9c309791c4daf4a5e094b вака нешто, ако има и луѓе на сликата ќе биде уште подобро.
некое романтично изненадување со кое ќе го оставиш без збор... пр. свеќи, вино, тивка музика, секси долна облека, ако сте сексуално активни направи срцина од хартија и одназат напиши по нешто на срцињата шо сакаш да ти прави или ти да му правиш па стави ги во една кутија и наизменично влечете по едно срце и тоа шо го пишува на срцето изведетего ( нека има некои полуди идеи, нешто шо не сте применувале досега) , со што дополнително ќе ја запалите атмосверата или купи различни видови мали чоколатца. Истото тоа можеш да го направиш на чоколатца, купи чоколатца па земи мали ливчиња и на ливчињата запиши и залепи ги врз чоколатцата. Спакувај ги во кутија. После вечерата, за десерт понуди го со чоколатце, потоа замолете го да ви го демонстрира тоа шо го пиши на ливчето . Продолжете наизменично да одбирате по едно чоколадно колаче и да ги испробувате... Ова засекогаш ќе остани во вашите сеќавања (се надевам). .. а поклонче можиш на пример да му купиш некој новчаник со колан и часовник, ама за мене не е баш толкуу важен поклонот колку шо е важен моментот и изненадувањето, поклонот може и да го заборави ама приреденото изненадување долго ке го памети бидеќи си се потрудила ... па со среќа годишнината уште многу години да сте заедно
Фала на советот... уште тоа го немам применувано * со ливчињта *, бидејќи мн ретко се гледаме.. или кога веќе ке се видиме... секогаш покрај нас се неговите другари и немаме време да си посветиме еден на друг :\
Девојки се ближи Валентајн па затоа ако може да ми дадете некоја идеја за подарок за дечко ми, идеме 7 месеци и стварно немам никаква идеја што да му купам :/