vrski/sto-da-mu-kupam-napravam-na-decko-mi-za-sv-valentin-t655/620.html уфф тешка е темава, 63 страни.... Отидов вода да се напијам, се преморив
Сабота правиме годишнина од нашата врска, ова го планирам веќе еден месец : сакам да купам 12 балони со хелиум и на секој балон да напишам на картичка по една љубовна порака и да му ги ставам во соба,но денес кога побарав помош од другарка почна многу да се смее. Што мислите вие за идејава и ако имате уште некоја идеја е добредојдена.
Спојлер не мора од хелиум, џабе трошење пари, мене идејата ми се свиѓа, мене ми го направија ова од последнава слика и ептен ми се свиѓаше. Види споилер, ти ставив некои идеи такви
A да ги ставиш пораките во шишенце или во кутијка некоја убава мислам дека би било подобро,да убаво е со балоните но сепак за машко хм незнам не ми изгледа добро ... ај ние женските се радуваме многу на такво нешто но они ... што ќе му прави на балоните потоа + многу пари ќе ти требаат Пораки во шишенце мислам дека е подобро
- Можеш да побараш во некоја цвеќара или некаде каде што се продаваат украси,разгледај има интересни стаклени обични вазнички (па да ја украсиш убаво ) или шишиња за оцет ... кога ќе видиш идеата сама ќе ти дојде Спојлер еве на пример може и нешто слично на оваа
Ни се ближи со дечкоми 5 годишнина и досега ништо не сме си купувале. Ама оваа година сакам да му купам нешто. и веќе немам идеја што да биде. па ако сакате да помогнете?
Сакам да му купам вакво, али никако не можам да најдам Имаше во Орифлеим или Авон, али околу 1000ка беше, а на нет се помалце од 5 долари се.
Незнаев каде, па затоа решив овде да прашам... Сакам поклон да му подарам, кутија внатре со повеќе ливчиња свиткани како тутурутка и да пишува те сакам ради тоа и тоа, и такви работи... е сега незнам каде би можела да најдам такво нешто? ( во краен случај и рачно би ги напишала) ама повеќе сакам да е купено тоа. Некој да ми помогне каде можам да најдам такви во Скопје? plsss
Здраво ми треба помош на 3-ти со дечко ми правиме една година и 3 месеци а воедно и му е роденден незнам што да му поклонам ако може малку помош планирав да му подарам блуза со челзи но никако не можам да најдам каде има такви блузи фала однапред
mhmrj убави кутии со срциња и свашта имаш во Џамбо, а за ливчињата според мене подобро е ти да ги напишеш, отколку готови, сепак треба да пишува работи што те асоцираат конкретно на него, а не универзални. dragan4eDR блуза можеш само да испринташ, а дресови имаш во гтц, има 3-4 продавници за тоа, околу 600-700 ден. се.
Здравооо...Ми треба помош наскоро правиме една година па ако можете да ми дадете некоја идеја што да му поклонам
macka91 имаш 40тина страни тука, а и уште една тема за подарок за роденден од каде можеш да искористиш идеи
Убава кутија(Џамбо или било каде) во неа спакуван поклонот.Можете боксерки со парфем и чоколадо , можете кошула торта и многу креативни пораки завиткани убаво.Исто така и рачен часовник со мини торта и честитка за роденден.
Веројатно не сакаш од нет, или можеби веќе си нашла... но јас налетав на ова сега и ми текна дека ти бараше па еве да ти пратам http://www.aliexpress.com/item/NEW-...dant-Necklace-Free-shipping-N/1645643379.html