I mene prvo shto mi tekna beshe da im uplatam nekade ama tatko mi ne e takov tip shto ke se izraduva na takov podarok a majka mi bash sprotivnoto Kje se rasprasham za portret, interesna e idejata fala
Ако твоите не би сакале нешто такво, не мора да значи дека на сите не би им се допаднало. Секој со свои сфаќања и вкусови
Mora da priznaeme deka site bi se izraduvale na takov gest so 2 torti so kruni , bile deca ili ne , covekot vo sebe nosi detska dusa sepak . Mozes denta da go napravis so tortite , vecerta organiziraj im vecera na nekoe ubavo mesto , a ako imas visetok pari uplati im nekade na vikend mozes aurora berovo.
Е добро де не мора баш две торти со круни со глупости, нека биде една по голема, убава торта со некој убава порака и готово. Свеќи ќе ставиш да дувнат и готово. Се фативте за тортите Бог да чува Девојчето побара идеја и Мимс и даде, не мора ако на вас ви е глупа идејата да се буните одма. 9000 ден. Според мене се многу и има доста работи да се направат. Ете идејата со портретот е убава, би било преубаво доколку имаш слика од нивната свадба.ќе ја завиткаш сликата во убава хартија, машничка и тоа е. Друго можиш да им направиш вечера/изненадување со најблиските пријатели.
A ne razmislivte so ke praat so 2 torti i koj ke gi izede i dvete? Na toplovo ko sto e salmonela ne vi bega. Mene ideata so tortite i krunite mi e glupava i detska, a i ne slavat rodenden pa za da ima tortI i toa dve. Kako podarok za 25godisnina voopsto ne e soodvetno i ne e nekoe iznenaduvanje, mislam torta big deal, jako iznenaduvanje torta, ne videle torta lugeto pa na gz ke padnat sega. Kupi im nesto sto ke im ostane ili priredi im ubava zabava, neka bide nesto sto go nemaat iskuseno. Ja stvarno neznam uste nekoi 50godisni luge sto svasta pominale vo zivotot 50 rodendeni i cuda deka ke se voodusevat od torta... Ke ja oamtat 25 godisninata po tortite so kruni, abe aj... Greota e tolku pari da se potrosat na torti...
За вакви работи треба да се има предвид не само возраста на тој што купува предлага, туку на оној за кого е наменета. 50 годишни луѓе стварно не очекуваат да паднат на газ ефект туку нешто од сентиментална природа, нешто што овековечува/обележува момент од минатото, симболизација на таа љубов... Се сложувам со мимс.
Jas indirektno podprashav shto bi sakale i se odluchiv da go poracham naddushekot od dormeo bidejki i dvajcata go sakaat a iskreno kazhano retko koga se soglasuvaat vaka za neshto.. Vo sekoj sluchaj ke ima i nekoja tortichka interesna samo ushte da smislam kakva.. Poklonot ne e kojznae kakvo iznenaduvanje kakvo shto sakav da napravam ama barem neka im e popraktichno
Наскоро на моите им е 26. Годишнина од брак. Во план сум да им купам бурми и на двајцата секако. Исто така и да се изгравира моето име, на сестра ми и брат ми. Не е важно под кои околности ги немаат и двајцата, али знам дека многу им значеа. Затоа ке биде полн погодок подарокот. Спојлер: бурми Мене ми се избрани бурмите од слика, сликата ја превземав од фејс бук страната на Златарата. Сега по негово мислење бидејки се во ,подоцни, години да земам пообични бурми, не овие. За мене годините и изборот на бурми немаат врска и муабетот не му држи вода. Јас сум одлучена овие да ги купам 100% секако. Размислување од некоја феминка? дали за вас годините се пресудни со изборот на бурма?
АЈДЕ ДЕВОЈКИ ПОМОШ, ВЕ МОЛАМ. Ми треба помош од овие градови: Демир Капија, Берово, Виница, Делчево, Пробиштип, Дебар, Кичево, Мак.Брод, Радовиш, Струмица, Крушево, Прилеп, Ресен, Гостивар, Тетово, Кратово (може и од Неготино, Кавадарци, Кочани, Штип). Сите заинтересирани што сакаат да ми помогнат да реализирам една моја луда идеја за изненадување нека ми пишат порака. СТРОГО САМО ОНИЕ КОИ НАВИСТИНА САКААТ ДА МИ ПОМОГНАТ, А НЕ САМО ДА МИ ПИШАТ И ПОСЛЕ ДА НЕ ДОБИЈАМ НИКАКВА ПОМОШ. Благодарам однапред. ~
Sega na 22ri juli pravime 2 meseca so decko mi.koga se vrativ od odmor mi Kupil mece, golemo cokolado i listovi so ljubovni porakime iznenadi zosto mi rece deka toj den nema da iskoci,pa bev presrekjna koga go vidov.zatoaa ako imate nekoja ideja kako da go iznenadam pisete,nova sum pa probuvam da se snajdam.pozz
Два месеци од врска па не знам одете на кафе некаде, купи му го омиленото чоколадо и тоа. Јас порака му пишав само.
Зека одлична идеја ! Посебно со гравирањето и на вашите имиња.. Е сега не знам дали годините се пресудни за изборот на накит.. За мајка ти мислам дека ќе е соодветна секако жените носат секакви прстени. Ама за татко ти шо знам. Сепак ти го познаваш најмногу, лично мислам дека ваква бурма татко ми не би носел оти ќе му биде многу светкава а мајка ми радо.. А треба да се исти. Не знам ти им го познаваш вкусот можеби и во право е златарот што ти велел за поедноставни бурми, на жените лесно се погодува ама мажите посебно од таа генерација се пребирливи во изборот на накит те многу од накит носат само часовник... Размисли убаво прашај некој чичко, другар негов оти немој да му биде незгодно да ја носи а со едноставни бурми нема да згрешиш. Сепак пак е до тебе оти му го познаваш вкусот.
Ти благодарам @mimiiiii за мислењето. Вчера ги купив, истите од слики, така одлучив. Ги оставив на гравирање, денес,утре ќе можам да ги земам. За 10тина дена ќе дознаам дали им се допаднаа.
За 5 дена со дечкоми ќе правиме 8 месеци. Сакам да му направам некое изненадување или некој мал подарок што ќе го направи среќен. Дајте некоја идеја.
Девојки за помалку од еден месец ни е годишнината но јас не знам што да му купам на дечко ми немам никаква идеја но сакам да биде нешти оригинално и убаво. ве молам за помош
Девојки ни се ближи годишнина (една година заедно) со дечко ми и сакам да направам нешто што нема да биде како да речам ..купено туку сама да го направам . Ама незнам дали тој нешто ке ми купи (што не ми е битно воопшто ) само несакам да се чувствува лошо кога ке му го дадам поклонот а тој не би ми подарил ништо. Што мислите ?
Многу ми се допадна идеава, прочитав некаде по форумов, ама незнам каде. Вино, две чаши и некои чоколадца во нив, па заедно да ги јадете и пиете. Тоа не е нешто од што би бил засрамен, а сепак е знак на внимание. Такви пораки, причини зошто те сакам, ова она ми е веќе видено нешто, затоа најубаво е со виното. А можеш и да извадиш повеќе ваши слики и да ги закачиш на тие едни за на зид како табли, незнам како се викаат .