дали може да ми помогнете каде можам да изгравирам алки со дечко ми правиме година сакам да го изненадам но незнам каде се продаваат такви алки,ако знаете ве молам да ми кажете итно ми е благодарам однапред
Еве една добра идеја, здравје за нашата годишнина сакам да го направам ова Спојлер: слика или вака нешто Спојлер: слика 2
Дали некоја принтала маица спроти Бисер или кај кулата кај зелено пазарче? (ако се' уште постојат тие) Ме интересира која цена е отприлика и дали сте задоволни.
погоре имам постирано слика од тоа што сакав да го направам за годишнина ама вејќе такво немало од каде што сакав да го порачам и решив само да земам едно шише вино со слика нели и порака во украсна кесичка да купам некое чоколадо односно сакам да купам шери бонбони и да ги ставам во чашите за вино и да купам свеќи и така ке биде романтично или да направам уште нешто пример да порачам пица или да зготвам нешто мала помош ?
Каде го најде ова пакување на вино? многу ми се допадна, па сакам за годишнина да испринтам или да купам вакво нешто слично....
@maleckomoe Ова го порачав од една страна на интернет страната се вика Персонализирани Подароци но за жал вејќе го нема овој пакет вино со чаши но можеш да најдеш други интересни работи на пр: украсно шише вино или виски,кутија со чоколатца итн. Погледни на страната можеби ке ти се допадне нешто
Го имаш низ маркетиве, Тинекс, Веро, Рамстор и тоа доста поефтино одколку кај овие Персонализирани Подароци...
Јас би ви кажала на сите вас кои што се двоумите околу оваа тема дека ПОДАРОКОТ никогаш и не е толку битен колку што е битна МИСЛАТА И ОДАДЕНАТА ПОЧИТ. Сосема доволно е она "малку" подарено и направено од срце и љубов, баш најмалата и наједноставната работа е ИДЕАЛНИОТ ПОДАРОК за една љубов. Во една прилика имам подарено на маж ми картичка изработена и напишана од мене, убав збор склопен со безброј емоции и чуства на едно сосема мало парче хартија и едно срце од милка беше сосемљ доволно за да ја усреќам мојата најсакана и најценета личност. Воодушевеноста и радоста беше неизмерна. Ова практикувам да го правам секогаш кога ние двајца имаме повод за славење помеѓу нас и нашата љубов.
Има на Фб Персонализирани подароци. Јас од кај нив имам земено ис ум задоволен. Имам и број. Ако си заинтересирана пиши ми пп ќе ти дадам контакт број да се јавиш.
Во продавниците на КРШ. Имаше во Рамстор таква продавница, а за во Сити Мол сум сигурна. И генерално по таквите продавници за детски играчки. Порано и по книжарници се продаваа, ама одамна веќе не гледам.
Имаше Диплома за најдобриот дечко,најдобрата другарка итн. по книжарниците ги имаше..Сега каде да најдам?
Во Рамстор сликарите 1500ден ако е една личност на сликата, 2500 до 3000 ако се двајца. Прашувавме пред некое време со една пријателка, нејзе и требаше. Потоа случајно најде студент на ликовна академија кој за 1200 и напраи од двајцата портрети, и супер испаднаа.
па заврши веке детето со студии и не живее во Скопје така да и да се распрашам за број не верувам дека ке ти заврши работа ... ако имаш слободно време прошетај се до ликовната академија секако ке најдеш студент што ке ти нарави портрет за помалце пари