Девојки помош! му земав на дечко ми каиш со тока на дуки дасо ми го завиткаа убаво и сега уште мафини да направам.. А со него нешто правевме муабет и ме праша кој број носам чевли изгледа ке ми купи некои штикли и сега ми е мисла да не е малку мојов подарок??? Дали да доземам уште нешто и што??
Зошто да е малку каишот и мафините и зошто да докупуваш уште? Ќе се натпреварувате кој поскап и поголем подарок ќе даде? Во моментот толку пари си имала и толку си купила. А замисли да не те прашал за број на чевли и да ти купил нешто поевтино или пак воопшто да не ти купил. Како ќе се чувствува тој?
Во право си, ти благодарам јас обично гледам да е нешто подарено од срце и нешто што го сака или му треба во моментот.. Само сега кога ме праша некако се осетив виновно што за прв пат не сум дала повеќе, затоа прашав за ваши мислења..
I need help...Naskoro so decko mi pravime 6 godini od vrskata...uste sto veke si nemame podareno i sakav da smislam nesto sto mu nemam do sega podareno...Pa si mislam da mu kupam nekoe srebreno lance ..sto mislite za idejata? i da najdam 6 razlicni kutii po golemina i da gi stavam edna vo druga...na krajot vo najmalata so pandelce ukrasena da bide lanceto. Vo drugite kutii ke mu stavam nekoi poraki, sliki nasi, cokoladca...
Мразам поклони Дечко ми на ова често знае да прокоментира дека не сум женско. Повеќе ценам мали, незначителни работи кои укажуваат дека смислил нешто и некако нешто поврзал со мене, дали за да ме насмее, расположи или да ми остане во сеќавање моментот, отколку да потроши пари. Од бивши имам добивано колекции, мечиња, облека, ружи, нешто што знаеле дека сакам а во моментот не сум имала пари за тоа или не ми се давале... Не памтам ништо од тоа... едноставно таквите работи немаат духовна вредност, цвеќе е убав гест, а најлесно да се извадиш, чисто клише... Знам дека и дечко ми не сака, ќе организирам да идеме или да излеземе некаде, кај што не сме биле, макар и само на пијачка или вечера. Полесно е да кажеш: "Се сеќаваш таа вечер кога бевме таму и таму" отколку "Се сеќаваш на таа вечер кога ми купи/ти купив". Едноставно, поклоните не ги прават спомените.
Vecerata, izleguvanjeto i posetuvanjeto na nekoi novi mesta sekako ne bega, ama sepak i podarokce ne e loso, i sitno da e ama pak e mal znak na vnimanie i nesto za uspomen od toj den. I predmetite si nosat so sebe spomeni...Sepak sekoj si ima razlicno razmisluvanje, razlicen stil ...Koj kako si saka taka si pravi
Девојки знае ли некоја од вас каде можам да најдам од овие магичните фото коцки кои се отвараат со нови фотографии?
Мене со се рамка се средено околу 1700 ден ми зема.Зависи колку работа има али би требало за 2-3 дена. Најубаво ти е да се јавиш и да прашаш за колку време и ако ти се брза да нагласиш
Здраво,со дечко ми уште малку правиме 1год. Од врската тој моментално не е овде во дтранстбо е но за тој ден ке биде вратен. Па би сакала да му подарам нешто,веке му купив кошула но би сакала уште нешто,сепак и долго време не сме се виделе..па ве молам дајте некој предлог уште нешто да купам
Здраво, дали може да ми кажете некој добар ресторан или место нешто интересно во Скопје за прослава на годишнина? Лимит ми е 3.000 ден., не сме ни двајцата љубители на поклони подобро да отидеме негде да поминеме ден/вечер заедно а да не е сити мол или кафичине на кеј, или место кај што има полуголи 15 годишни шмизли со 100 кила пудра. Значи место кај што одат нормални class луѓе а да е во мој буџет фала
Не сум била, но сум гледала доста слики од Four, изгледа многу убаво, а и одат нормални луѓе. Баш вакви парови што слават годишнина, роденден и слично.
Na 20ti sept ni e godishnina so mm. Mnogu sakam originalni i unikatni podaroci no godinava i nemam nekoja ideja. Napraviv slika ja izvadiv ke ja stavam vo ramka i ne znam ushte shto da dozemam. Ako ima nekoj nekakva originalna ideja neka spodeli Eve ja slikata shto ja napraviv (ova zamachkanoto ni se iminjata )