јас имам ваква кутија и доста е убава како подарок поготово ако е подарена од блиска личност.мн убаво како подарок за било која работа
Interesen podarok I jas imam slicna ideja, samo te molam da mi kazes od kade ja naraca slozuvalkata. Pozz
само да ти кажам дека 99% oд машките не се воодушевени од вакво нешто, па сеа ако дечко ти е во тие 1% пробај ете
Знам затоа си нарачав рамка во форма на срце и внатре две наши слики. Се надевам ќе му се допадне поклонот.
https://www.facebook.com/FirstMediaBlossom/videos/10155560668624586/ Дали некој пробал да го направи ова? И каде би можела да најдам вакви коцки?
Не знаев каде и си реков тука да го поставам прашањево.. дечкоми утре ќе отвара свој кафич.. дај кажетеми што да му однесам како поклон за кафичот?
Девојки, за една недела со дечко ми правиме 3 години. Немаме обичај да одбележуваме месечнини и годишнини, но во последно време заради факултетот навистина се запоставивме. Ајде ако имате идеја што би можела да направам кај мене дома. Фала многу
Направи му го омиленото јадење или нешто што знаеш дека му се свиѓа и купи некое вино. А за после некоја нова долна облека.
Девојкии, ми треба помош.Неделава ќе правиме 9 месеци со дечко ми и сакам нешто да му купам, ама не знам што.Се мислам за рамка за слика и чоколади во кутија, ама тоа сакам да биде за Нова Година или дали сега да му го направам.Исто размислувам за некое џемперче,маичка ама да не е претерано за 9 месеци? Барав предлози и најдов нешто интересно.Мали писменца и на секое од нив да пишува:Отвори кога.... Ваше мислење?
@Mimis Доколку сакаш мали писменца, имам сретнато една страница на Instagram со такви изработки (http://instagram.com/kkreativaa). Не знам која им е цената, немам нарачувано ама ми изгледаат слатки и интересни. Еднаш имам само нарачано чоколатца со пораки од страна на Facebook (чинам името беше "Подари со љубов"). Други идеи за подарок: пижами, комплет долна облека (маица, гаќи и чорапи), парфем, колекција за капење, каиш, новчаник, кошула, блуза, шал и капа, шоља за чај со омилениот тим, дрес. Ова се дел од некои работи јас што сум ги купила, се надевам нешто ќе ти помогне.