Дечки помош. За една недела прајме годишнина со дечкото и врска немам шо да му земам. 7 год сме заедно се шо можи му имам купено и напраено, албум со слики, слики во рамки, мечина, перници, алишта, цртежи, свеќи, соба во хотел, изненадување со пијачка и храна и свеќи сето то, факинг риба дури му купив еднаш од шо не знаев шо. Ако помага гејмер е ама се ума уште ps5 му фали во колекцијата помагајте
Може торта од овие внатре што се кршат и рамка со слика од вас двајца,или чоколадо во облик на срце ,белегзии со вашите имиња ,ручек или романтична вечера со некоја љубовна посвета,некој предмет за неговата кола или работа,пенкало во футрола,паричник,некоја модерна ташна ,чорапи нешто што ќе го израдува и изненади,цд со омилениот пејач или карти за концерт
Грепки од лотарија,некоја козметика,добра книга со посвета,место кое тој сака да го посети,може и да се облечеш по негова желба нешто и да го изненадиш,исто така запишувај на лист хартија тој некогаш ако спомне што сака,некој предмет за дома ,ангели,музичка кутија,украсни предмети,ако сака животни подари му куче, маче ,риби во аквариум .
Ако е спортски тип - тренерки, патики или ранец. Ако сака музика - жици за гитара, перце или јас пример многу сакам албуми од пејачи и бендови. Ако сака да црта - платно и еден куп бои. Книга. Пижами. Боксерки некои интересни. Од гејмерски ствари не се разбирам ама оди во Анхоч и можи има нешто интересно од технологија (глувчиња, тастатури...толку знам ). Можиш и да го прашаш, ќе ти олесни ако сака нешто.
Здраво девојки за брзо време со дечко ми правиме две години. Сакам нешто специјално за поклон. Му немам дадено нешто така интересно со натпис, ама сакам да е убав поклон. Ве молам за мислење.
Девојки здраво. Со вереникот славиме годишнина утре па до сега се и сешто му имам земено и накит, новчаник, часовник, облека.. Сега му купив парфем од calvin klein, му земав и ѕвездена мапа, меѓутоа сакам уште нешто што вистина ќе го изненади, нели да бидат 3 поклони (така ми викаа дека требало) па секој предлог е добредојден.
BT слушалки JBL T115 TWS Black (neptun.mk) 2.0 Саундбар SONY HTSF150, 120W, BT (neptun.mk) Тример за тело PHILIPS BG5020/15, Wet&Dry (neptun.mk) Кафемат DLG KRUPS KP123B31, 1340-1600W, 0.8l (neptun.mk) Блендер PHILIPS HR 2603/00, 350W (neptun.mk) Фудбалче “Dybior Rialto” – Gran Klub Shop poslednovo se shalam, ama ne se shalam
Фала за идеите Ќе ги имам во предвид за нареден пат Како трет подарок избрав часовник од што немав идеи веќе што да земам па во брзање одлучив.
Дечкии!! Со дечко ми на 16 август правиме една година сеуште немам идеја што да му земам за поклон му имам дадено алишта, саат, рамка со слики, парфеми, привезоци за на клуч, мечина.. Helppp
Да не го пишувам истово ве молам и мене помогнете ми. Јас барам за 3 години а од ова пишаново се му имам поклонето. 2 ри август се ближи helppp!
Некоја интересна чаша, пижами, пешкир за плажа, од оние миризливине за во кола што висат (не знам како се викаа), каиш, паричник итн.
Шо мислите за ова? Треба да е мал "грамофон", доаѓа со 3 плочи. Музиката му е хоби, па е онака кул мало несекојдневно поклонче. Само се мислам да не е глупо, детско? *ако е глупо давајте друга идеја. Ама не нешто практично, за родендени сакам да давам практични работи. И не фотографии на било кој начин. Кога е друг во прашање знам да кажам, за мене не.