Во Академска Книга, 600 денари ако не се лажам. Не ми ја отвара страната за линк. Фала на сите за одговорот. Се надевам и тој ќе го има истото мислење.
Што да купам за годишнина, воедно роденден на дечко ми. И дали 3000 денари е малку бидејќи само толку можам.
Сакам да му купам облека, не знам дали некоја маица од брендовите во стилот на Calvin Klein или пак некој комплет од Зара/H&M?
Ова можеш и сама да го направиш скоро ми излезе sponsored на инста, не се сеќавам ич на страната ама беше околу 4-500 денари. Сама да го направиш ќе ти излезе упола цена, ептен е едноставно.
Мене овие ептен глупо ми личат, подобро некој функционален подарок купете, не си трошете пари на ова, нема никаква корист освен прашина фаќање по дома.
Дали треба за месец да му купам нешто на дечкото или не? Дека прв месец или нема врска? Не знам што би му купила, нешто мало пишете предлог.
И мене ми е глупо купување за 1 месец и обично не практикувам но сега знам дека ми спрема некое изненадување, глупо ми е некако јас да сум без ништо. Имате некој предлог за нешто помало колку да не сум без ич?
И јас се подзамислив за поклон за 1 месец, колку шо памтам ништо не сме си купувале ама ме потсети ова со чоколадото. Вака нешто стално дечко ми носеше и без повод и за 1 месец мислам, со благо (чоколада, некоја бомбоњера, пример тие Рафаело мало пакување со 5-6 во него), нешто колку да обележиме и ќе си го поделевме. Убава идеја е, не мора ништо претерано.
дај бе не заебавајте за прв месец, онака лабаво земи нешто од продавница, немојте церемониии. Че фати че запали патиките че се уплаши.
Има едни чоколатца што ми збореше дека многу ги сака. Можам тие да му ги купам и така да му ги дадам. Мене он ми купува цвеќиња, благо ми носи, некои ситници. Па здравје сега нова година, роденден, валентајн ако останеме ќе му купувам.
Тоа и планирам нешто така полабаво само сепак да не биде обично чоколадо пошто и онака секој втор ден си купуваме