Ми треба некој мал симболичен подарок за дечко ми како за нов почеток. Поминавме низ многу последно, па сакам да го назначам ова и да знае дека лошото останува зад нас и дека сум покрај него. Ве молам за некоја идеа.
Зависи колкав ти е буџетот. Можеш да уплатиш спа викенд. Јас брв во Гардениа во Велес, имаа тогаш некој попуст на Групер и супер беше. За масажи се доплаќа, но не знам колку.
Портрет, чаши со нешто специјално нацртано на нив, ако се љубители на кафе можеш апарат за кафе, ќебе, сет чаши, некој украс за дома.. Или посебни подароци како накит..
Јас лично сакам да подарувам нешто персонализирано, зависи од тоа што сака личноста. Пред некое време видов на YouTube пример за подарок — испечатени 30 слики што претставуваат 30 среќни моменти или омилени спомени. Можат да се постават како коцкички на А4 или А5 формат и да се стават во убава рамка, за секој пат кога ќе ги погледнат да се потсетуваат на убавите моменти. Исто, ако си во можност може да им платиш некој одмор или викенд. Не мора да биде нешто кој знае колку скапо. Има достапни и убави понуди кај нас за кратки викенд патувања.