Pa gi citav ama ne e nekoj romanricar a i plus toa imam praveno vakvi raboti za nego zatoa sakav drugo mislenje
Девојки, најдобронамерно го кажувам ова, ама 99% од машките не сакаат свеќи и црвени ливчиња од рози и срценца, меченца, сувенири, поеми, рамки и крзнени животни. Во тоа сум сигурна 100%, сега пред вас секако нема да кажат и од чиста култура ќе изразат воодушевување, па можеби и лажно ќе трепнат со очињата, ама факт е дека жени се палат на такви работи, мажи секако не. Они се попрактични и кога бирате подарок, размислете што му е важно нему. Кој му е омилен бенд? Сака ли да игра игрици? Покер? Оди ли во теретана и што ти знам, книги, омилена литература, некое хоби? Па раководете се според тоа, никогаш нема да погрешите со убава маица со оригинален натпис кој може да го испринтате, или некоја оригинал игрица за PC, дрес од омилениот фудбалски тим, или комплет за играње покер, крај краева повеќе ќе ви биде благодарен за пар добри боксерици или пижами, отколку за некој украс или мече или срце кое ќе фаќа прашина во некое ќоше. И што ќе прави со тоа мече, ќе го гушка навечер додека заспива? Најубавиот подарок се знае, почастете се еден квалитетен чипкаст долен веш, со подвезици и инвестирајте во еден пар лисици. Врзете го, изиграјте му добар стриптиз и силувајте го. На крајот од вечерта нема да знае каде се наоѓа. И слободно прескокнете ги свеќите и ливчињата рози, просто на ниту едно машко не му е гајле за тоа.
леле колку се сложувам со тренди, па вие девојки стварно не сте ги сватиле машките. ма какви розеви ливчиња какви срциња, подготви му добро јадење, најади го , спремај се ти добро (да не се повторувам тренди се кажа) и почасти го со добар секс. поблагодарен амин. а за поклон исто така нешто практично што ќе му користи. НИЕДЕН МАЖ НЕ САКА СРЦИЊА И ПЛШАНИ МЕЧИЊА, СЕ ШТО САКААТ ТИЕ Е СЕКС
Еве викендов ни е годишнина и ја покрај главниот подарок (којшто тој си го одбра) ќе му дадам и сликичка од мене како бебе на која ќе пишува моето срце и еден катанец со клуч. После планирам во Краш да идам, да купам бајадера голема и да и речам на продавачката кога ќе влезе дечко кој ќе сака да купи три дорина чоколади да му ја даде. Него преку моб. ќе го упатувам кај да иде и што да први. И после ќе се накркаме слатко.
nesto za posmelite devojki moze da se oblecete vo nekoja dobra nova dolna obleka i na vas nametnete samo podolg kaput ili mantil i taka otidete dokaj nego od samiot fakt deka ste dosle dokaj nego "gola" ke poludi
Ни се ближи годишнината, па се мислам што да му подарам. Бидејќи и нова година е блиску, ќе треба да му купам нешто за годишнина и нешто за нова година. Сакам да го изненадам. Што мислите , дајте ми некоја идеја.
пред десетина дена ни беше годишнина пош незнаев што да му подарам направив клипче со наши слики заеднички од периодот кога се запознавме па навака и у позадина ја ставив "нашата" песна и тоа го средив некаде црно бело, некаде вака некаде така и супер дојде на крај... и нормално- беше воодушевен
За 2 дена ке ни биде годишнина, му купив каиш и паричник сега се чудам за 3то? Помош! немам уште многу пари
Јас купив подарок за Нова година. Земав едно Ламборџини количка де, море големка е, со далечински управувач и купив и батерии комплет, зашто претерано е грдо да добиеш направија таква, а нема батерии вклучени, па ти растрчувај се и купувај. Е*ате поконот таков! Епа мојот е комплетиран, завиткан во новогодишна хартија и убава, едноставна машна, денес ги викам Федекс или Спиди диливери и фучат со подарокот. Јас поаѓам секогаш од себе - ќе сакам ли изненадно некој да ми се појави на врата со подарок кој знам дека го сакам? Ќе сакам. Ќе сака и тој. И честитка има, вметната во пакетот.
Да не отварам нова тема, ке ве повикам на мислења тука. Неодамна односно пред некој ден, од партнерот добив доста скап подарок. Преубав ми е, ме шокира кога го видов, но се чувствам некако виновна, инепријатно ми е бројам дали исто и јас му имам вратено, и планирам што да му купам. Има девојки кои сакаат такви подароци но мене ме вознемируваат некако не знам зошто Никогаш не сум била материјалистка, или да сакам некој да ми купува, или да ме чести. Среќна сум но во исто време и вознемирена Ај ве молам пишете дали е нормално, како вие се однесувате во вакви ситуации?
Тој ти го подарил тоа, не затоа што очекува да му вратиш со иста мера. Еве јас на мојон му подарив за нова година уште пред недела дена, денес ми се јави и ми кажа дека не можел да ми подари ништо, зошто ги потрошил парите. Искрено ми падна криво зошто може барем една чоколада како мал гест. Вредноста на подарокот не се гледа по неговата цена, верувај ниту тој, значи машко е, нема шанси да ги вреднува така подароците ко што ги вреднуваме ние. Ти сега незнам што планираш да му купиш, но не се води од тоа дека треб ада биде скапо, а да нема никаво значење за него.
Честопати и јас сум била изненадена со некои подароци за кои не сум очекувала, и ДА сум размислувала како тебе. Јас за роденденот добив така поскапо поклонче, па кога идеше неговиот се утепав мислејќи што да купам, и кога отидов во една златара и бендисав едно златно нараквиче се мислев да не е премногу тенко, а жената која работеше овде ми рече: не е важно колку е дебело или скапо, најважно е од кого е поклонот и дека е подарен со љубов, ќе имате многу моменти во животот да си приредувате изненадувања и моменти кога ќе можете да си дозволете и нешто поскапо. Затоа се одлучив за нараквичето, а дечко ми остана воодушевен. Знам дека си се почувствувала непријатно, бидејќи станувало збор за поскап поклон. Сепак, тој поклон е со љубов купен од партерот и нема потреба да се чувствуваш така. Ти можеш да му купиш, но не значи дека мора да биде исто така скап поклон, па уште и да рачунаш кој кому колку дал нема потреба. И најситно подароче подарено со љубов ќе го изненади и воодушеви твојот партнер. Тоа е најважно, љубовта со која е купено и подарено нешто, а не цената на истото. Не се чувствувај виновна или вознемирена, туку уживај со твојата љубов во прекрасните моменти кои ти ги подарува
Не најдов Подарок за Роденден па затоа да прашам овде. На 10 му е роденден на маж па не знам зошто ми текна ама сакам да му купам роза што мислите вие
Ако пуши купи му некој упаљач добар или кутија за чување на цигарите....ако е спортски дух, најди дрес од неговиот омилен тим и купи му го тоа ...... само не роза На крај крајот, отиди купи некој шампањ и направи му романтична вечер !!!!!!!!! ќе ти биде благодарен ))
Mistery се е тоа поминато многу време сме заедно, и јас би сакала романтична вечера само што нема услови
е што не го прашаш. Маже што ти треба на тебе ? И едноставно ке добиеш искрен одговор.Само немој ружа. Тоа е подарок за понежниот пол.
Мене искрено баш и не ми одговара роза за машко, мислам дека таа е повеќе поклон за жена. Бидејќи сте подолго време заедно, сигурно и поголемиот дел од подароците како што велиш ти веќе поминале , сепак одлучи се за нешто друго наместо розата, па макар и нешто што веќе е било, но знаеш дека му е потребно