Сакам да го изненадам со нешто мало и скромно за НГ му купив часовник, за Божиќ му купив блуза еее веќе од празници и родендени ќе банкнотирам
Зипо упаљач еротска играчка колонска вода брич од оние убавите шал сребрено ланче привезок со емоционално значење карикатура од него некоја ситница за на работа тегет чорапи ( за ова се шалам ) или излезете негде почасти го футрола за мобилен боксерици книга наочари парфем некоја напредна технологија ( ситна ) папучи за низ дома камасутра и веќе не ми текнуваат
Може ќе бидам груба и преискрена...ама ниедна стварчица нема да му значи толку многу(добро освен ако не е препрактична,па секој ден да му врши работа)како една релаксирана вечер со ѓаволски добар бџ и добар секс...мажи,врти ги,сучи ги,тие се,наши се или па туѓи,ама ние си ги сакаме!
А би сакала тебе мажот да ти подари жилет за бричење И покрај тоа што и ние користиме сепак не е подарок кој е наменет за жени.Исто и со розата, тоа е подарок кој традиционално им се дава на жените.Ова е ранливост на стандардите на машкост и сила.Се шалам за ова последново ама мој совет е да не му подаруваш роза во никој случај Убаво си кажа Лилит што најмногу му значи
Жени ми се ближи годишнина и сакам да изненадам пак некко посебно, ама не знам како. Тотално останав без идеи. За Нова Година Спојлер и роденден му беше тогаш ептен беше задоволен. Да му готвам ок ама секојдневие веќе ни е Да набројам што му имам купено до сега, па ако имате идеа за нешто ново кажете 3 парфеми, 6 џемпери, 3 маички, 2 јакни, шал, карикатура, мечиња, боксерици ни сама не знам колку, еднаш му правев албумче со наши слики и му пишував под сликите лигавки работи . Го изненадувам чат-пат и со некоја долна облека од валијант, сега сакам нешто поразлично
^ Јас консултирав 6 машки (мои другари и братучеди) и сите до еден ми потврдија дека сакаат да поседуваат убаво и квалитетно џебно ноже. Значи не Мејд ин Чајна, по можност швајцарско ноже (сега, целосната верзија на ножево со лупа и сите свемирски додатоци е некаде околу 100 евра , ама некое поедноставно може да се најде и за 2500 ден. па нагоре). Сите мажи до еден колекционираат колички на Бураго, или барем сакаат да го прават тоа , добар подарок може да биде баскет или дрес од омилениот тим. Не знам каков тип е дечко ти, се кити или не, мене лично ми се допаѓаат оние машки прстени и алки од медицински челик, ама мојот не сака такви работи ич. Часовник е секогаш добар избор, само да се погоди моделот, исто како и добар парфем. Пар добри боксерки или пижами. Шатор со вреќа за спиење. Една, да ве собере двајцата. Во секој случај гласам за практични работи, мажи не ти сакаат срциња, мечиња, рамки за слики, балони и такви глупости. Зготвеното јадење не го потценувај, секогаш е добар избор.
Супер идеја е ова со количките, за ножето не знам колку би ми направило мерак, ќе го потпрашам одоколу Иначе тренираше фудбал па мислев дрес од тимот негов со иштампано неговото име на него. Имам уште време, ама сакам некако се совршено да е. Фала на предлозите во секој случај
Леле многу ми се допага идеата со карикатурата супер е би го изненадила дечко ми без повод само ја кажете ми каде цртаат карикатури и колку пари???
Во рамстор за 500 денари, ако сакаш од тебе и него 1000 е. Ова беше пред 3 години, сега може и поскапо да е, ама мислам дека не е
Да ви кажам за Бураго колку само сме се лажеле...мислев јас така на времето и после многу време,му викам дали сакаш Бураго,пак?! И ми вика,абе не сакав да те разочарам...ама ниедно машко не сака количка играчка,макар и за колекционери,ако сакам,ќе си ја купам сам,а од тебе не сакам,се додека не е вистинска кола. И јас кисела фаца..значи...колку и да се љубители на нешто,никогаш не можеме да бидеме сигурни дека ќе го погодиме подарокот.Ете ко мојон...утната ствар,исто и дресови,топки од омилени тимови...а толку многу сака фудбал.Сега му подарувам ептен практични работи,како на пример облека и книги и готвам,толку.Задоволен е и не се жали.А најсреќни би биле ако сме у можност да им подаруваме разни технолошки новини,но како што знаеме коштаат...те барем мојов би бил.Еве од такви тракатанци знам дека одлепува на Зипо и добри паричници,кожени и мангупски,евентуално мала ламба ( ми ја кажа и марката,ама скроз ја заборавив,ја имам некаде запишано) која чини мало богатство.
mene me ceka 5 godisnina od vrska, eden mal jubilej! se mislev izmegu bonsai drvce, karikatura, mi se svigase idejata so nozeto(ama neznam kade da najdam) ili mene mi tekna da mu kupam pehar i na negoda izgraviram "best boyfriend", negovoto ime i datumot (ama isto taka neznam kade graviraat)... sto mislite vie? [mod-kirilica3fdyh2g][/mod-kirilica3fdyh2g]
И сега за количката и за дресот ме предомисли Лилит . Ништо ќе му купам пижами. И ќе му напишам 48 причини зошто сум со него, обожава кога го дигаат во облаци . И едно добро ручече секако. Сакав да прашам каде може да најдам долна облека од латекс или лак освен во валијант и валентино. Имам 3 од таму, сакам уште едно, ама многу ми се скапи, од 2500 нагоре се И тоа, ај ваљда ќе успеам планов да го претворам во реалност
Prekrasni vi se ideiteee.... a ke moze li nekoja ideja i za praznikot koi doaga sv. Valentain? .... blagodaram odnapred [mod-kirilica:23afkqlu][/mod-kirilica:23afkqlu]
за прв пат во животот ке направам 1 година со некого кој го сакам и сакам да приредам добро изненадување сакам да докажам дека навистина ми значи ......може мал совет од долгоискусните бидејки доаѓа и Валентин сакам нешто посебно смислив нешто но за годишнина незнам каков поклон би бил соодветген дечко ми е 23 годишен .......Благодарам однапред и очекувам добар предлог ..
пишав и на друго место ама поради тоа што никој ми нема напишано ништо ќе прашам и овде... дали може некој да ми каже каде да ја најдам темата за приредување на стриптиз.??? не можам да ја најдам.. ве молам за помош итно ми треба......
Секој си го знае партнерот и знае што сака тој. Ние можеме да кажуваме еден куп предлози и ни еден од тие да не "запали" кај него. Лесно можам да речам купи некоја убава рамка, стави ваша слика ... бла бла, но што ако тој не е така романтичен и повеќе би се израдувал ако му купиш нешто практично него ли еден куп подароци кои само ќе му стојат дома и ќе му фаќаат прашина.
уште малку правам 4 год со дечко ми и за тој ден сакам да му пратам неккава порака уникатна пошо ние за тој период од 4 год раскинувавме неколку пати,се повредувавме еден со друг но сеа нашата лјубов е посилна од се.во таа порака сакам да му казам дека и после се лошо што поминавме го сакам премногу.и некој предлог за поклон ако мозе да ми казете.позз фала ви многу
Јас добив и нова идеја тука на сајтов негде ја најдов. Сакам да му напишам со нитроглицерин те сакам или така нешто и да го заплам да гори тоа. Кај да го купам тоа чудо? И дајте бе никој не знае кај да најдам кожен или лакован долен веш освен во секси шоп