Ако е по фудбалот подари му Дрес од омилен играч и бела топка на која пиши Те сакам.. Ако е по кошарка подари му Баскет или некоја фугура од омилен играч... Мојот е по Кошарката и Фудбалот пренесен ...кога правевме 1 год..Му Поклонив дрес Од Роналдо и Баскет на кој пишеше Те сакам...Дечко ми падна на Г'з од срека само поклонот да биде од срце .... тоа е најважно...
Љубовни проблеми и совети еј девојки ми требаат вашите искуства сигурно сте имале некој повод за да му купите подарок на вашите сакани уште многу малку ќе биде нашата годишнина сакам да го изненадам срцето мое јас знам дека љубовта со пари и подароци не се купува само сакам да го изненадам со нешто и никогаш да не го заборави тоа а за тоа ми треба некоја ваша идеа што да направам фала однапред
Љубовни проблеми и совети Па ти најдобро го знаеш твојот сакан,што сака што обожава и слично.На пример мојот многи ги сака реал мадрид,па онака без некој повод сега пред неколку дена му купив боксерки од реал мадрид и многу се израдува. Мислам прашањево не ти е соодветно поставено,има посебна тема за поклони,годишнини.
Идната сабота на 22 правиме година, откако ја започнавме нашата врска. Стварно незнам што да му подарам, незнам што би сакал. :/ Мислев да направам албум од нашите слики ( многу од сликите тој не ги знае) да извадам слики да купам албум и ете... ама па нешто плус нешто што би го изненадило? Или некоја др идеа што да му дадам? Фала однапред <3
Ве молам за помош ! Следниот четврток правиме 2 години откако сме заедно и сакам да му направам СПЕКТАКУЛАРНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ. Ми треба ваша помош оти никаква идеа не ми доаѓа на памет. Секоја идеа е добредојдена. Благодарам однапред.
Во овие 4ипол години, веќе не знам што се му немам подарено. Секогаш се некои оригинални идеи, никогаш не подарувам нешто ради реда. Не сакам само да отидам во продавница, да купам, да ставам во кесичка и готово. Мора да има и парче од мене во подарокот, а тоа е на пример напишана песна за него, штосна рачно изработена честитка, или едноставно целиот подарок го пакувам и подарувам на интересен начин. Последно нешто што направив беше за нашата 4 годишнина. Му подарив сложувалка со наша фотографија На сликата во позадина се гледаа Колешински водопади, па добив две во едно - пејсаж и нас двајца. Му ја спакував во убава кутија во форма на срце и му купив голема чоколада. После тоа заедно ја сложивме, а сега му стои урамена во стаклена рамка во соба.
Подарокот секогаш треба да биде од срце и со љубов, ни најмалку не е битно колку пари ќе потрошиме... Најмалите нешта го прават животот совршен! За година на дечко ми му подарив албум со наши слики. За секој месец по една-две слики и под нив напишано по некој збор... И од тогаш заедно го полниме НАШИОТ албум, од секој месец составувам... како животна слагалица ни е, еве веќе за еден месец правиме две год., и уште го полниме ланскиот албум ( демек се додека не го завршиме со наши слики од врската, па наредниот да ни биде од брак) Најбитно е љубовта да е голема, а не подарокот!
Ако е убаво времето можеш да купиш свекички и на некое попразно место навечер да ги наредиш во гоолемо срце,секако нека има чоколадо,може и винце
ја никогаш не сум купила нешто на дечкоми за годишнина а ни он мене.а веќе три години сме заедно а здравје годинава че го изненадам со нешто
Јас за оваа идеа се токмам сега во Април за 6годишнината. Инаку ми имаат кажано дека кај тобако два имало некоја си книжара ли копирница ли е незнам точно, таму ги правеле.
135x195mm- 48 delcinja 150 denari; 195x255mm- 88 delcinja 300 denari; 295x405mm-180 delcinja 500 denari puzzle.mk@gmail.com http://www.puzzle.mk 070-343-575 Повелии
Mozes na mestoto kade sto ke mu go dades podarokt da napravis srce do svekji..zakazi mu sostanok no ti bidi tamu 10 minuti porano za da imas vreme da go napravis srceto ^^ [mod-kirilica:1l44m43y][/mod-kirilica:1l44m43y]
Sakam da se posovetuvam Znaci vaka vo vrska sum so decko skoro 6 god i naskoro ni se blizi godisninata. Sakam da mu podgotvam nekoe iznenaduvanje nesto interesno so ke go pameti. pa bi sakala da slusnam nekoja idea nekoj sovet od vas
6 години е голем период, ( и јас во Април правам 6 години, леле немам поим што ќе купувам) Мој предлог ти е, доколку си при пари да напрафиш, DVD филмче како оние најавни за свадба + симболичен подарок, или пак архива од сите ваши слики досега со коментари и посвети.
Јас имам нешто слично направено за нашата втора годишнина, ги собрав сите слики и песни со дата и час ( тогаш творев ), негови пораки ги направив во пп презентација и кога отидов кај него го пуштив. Дечко ми ( сега маж ми) дури пушти и некоја солза бидејќи имаше и песни кога ме повредувал. Навистина беше интересно
Јас од маж ми за годишнината лани добив патување во Виена мисла уплатил за нас двајцата, а за оваа годишнина сакам јас да го изненадам со нешто не сакам со крупни работи некоја ситница. Мислам да направам дома една незаборавна вечера за нас двајцата, вака нешто