Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подарок за годишнина

Дискусија во 'Врски' започната од iv4ence, 15 декември 2009.

  1. virginia

    virginia Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    5
    јас му кипив zippo и му го изгравирав со нашите иницијали и нашиот датум да биде уникатен zippo и да остане за спомен (секако ако е пушач за пушачите zippo е идеален поклон)
     
  2. IiVvIii

    IiVvIii Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    7
    Sakam da prasam dali znaete kolku se dvizat cenite na vakov sah? bidejki sakam da mu kupam za godisnina na deckomi
    [mod-kirilica:35oxvzdc][/mod-kirilica:35oxvzdc]
     

    Прикачени фајлови:

  3. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Јас врска немам што ќе му купам ама имам време уште едно 20тина дена да размислам.
    Една работа што ја земав малку поодамна и ја чував за оваа прилика е диплома за годишнина. :)
     
  4. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Девојки дајте ми некој предлог за подарок. Уште три недели ми остана, а јас уште не сум одлучила што да му купам :worried:
    Парфеми и мечиња несакам, многу ми е клише некако.
    До 1200 ден би можела да издвојам.
    Од првинта мислев да му купам палто, пролетно некое, ама некако не ми одоговара како за годишнина, нели треба нешто што ке биде симбол за нас двајцата. :worried: Сега размислувам да земам карти за некој концерт што ке се одржува тие денови при крајот на април. Што мислите за идејата? И ако ви се допаѓа, кажете ми кои концерти ке се одржат тие денови.
     
  5. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    ^^
    Добра ти е идејата за концерт , но за жал нема некој концерт крајот на април , и јас гледав за роденденот негов да одиме некаде :?:
    А друг подарок што ме бендисува е и портрет ваш заеднички , можи и да го урамиш како слика голема , тоа ќе му остане спомен секогаш. :)
     
  6. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Да убава е идејата за заеднички портрет само што овде во кочани не сум слушнала некој да изработува. Има еден уметник кој слика портрети ама онака вистински, уметнички ама најверојатно се од 100евра па нагоре а јас толку неможам да си дозволам. :worried:
    Пред некојден во амц забележав мп3 плеер, за 1599 ден, се мислам дали да му го земам. Поима немам од вакви работи па се плашам да не земам некој чкарт :tmi:
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Mоре какви протрети нека се, 100е за портрет од глава ќе му го акнам |( . искрено, со 100е каков поклон може да се купи, портрет да ми донесе некој, така и еден мој другар во средно, портрет од нив 2цата на слика |( . опна 5000, абре романтики, па само кога ќе ми текне каков шопинг е тоа, ма, што да ти кажам, ептен ќе се усреќам со портретот, дури и ќе го бакнам црвен кармин да му оставам, уште поромантичен да ни биде :D


    Инсидиус, можеш да го прашаш дечко ти што би му земала, прашај го најубаво, зашто искрено па ни златото не е нешто посебно како подарок, поготово ако не е љубител на злато.
    :)
    зашто не го прашаш
    ?

    Јас би ти рекла не си троши парите, исексај го неколку пати, и поубаво од ова-здравје :D
     
    На INSIDIOUS, thelittle17 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  8. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Незнам колку љубите театар, репертоарот е богат и одличен. Баш ми е романтично, претстава, па пијачка, па нежности.... ;)
    Свадбата на Фигаро е одлична комедија, Кој се плаши од Вирџинија Вулф е малку тешка но одлична, Ромео и Џулиета читам добра била, има избор.
    http://www.mnt.com.mk/
     
    На INSIDIOUS му/ѝ се допаѓа ова.
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Знам дека овие денови се е електронско, ама баш тука се губи она убавото. Пример јас би рекла земаш некој посаглам албум, и во него ставиш две три слики од вас двајца што имате досега, со честитка за среќна годишнина(макар своја изработка ако не можеш да најдеш печатена) и во неа порака дека се надеваш ќе го исполните албумот заедно? :inlove:
    Па за наједноставно, земаш ќебапи од кај шиптарите, вино од Жито, рипате во такси и правец на пикник на браната, на природа и приватност да си прославете. Не мора да е поклон тоа што ќе паметите или ќе ве сеќава на времето кога бевте тогаш(денес), мемориите од убав помин остануваат многу подолго.
     
    На INSIDIOUS му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    INSIDIOUS па на крај краева можете да се договорите со дечко ти да отидете на некоја романтична вечера во некој поотмен ресторан и да си се напиете и најдете убаво да си се изнасликате за успомен и доста е, што мора па подарок, ке си ја поделите сметката по пола и супер. Или пак, излезнете на Пониква еден ден, шетајте, релаксирајте се, отидете и таму во некое ресторанче, најадете се и таму убаво и доста е.
    Зарем убаво поминато време не е добар подарок? :)
     
    На INSIDIOUS му/ѝ се допаѓа ова.
  11. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    дали ќе биде убаво ако наместо поклон купам 2 чаши за вино и ги украсам некако и да купам вино и се разбира секси долна облека :lol:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Да ќе биде!
    А инку ние пошто сме долго време заедно обично си знаеме одприлика на кој што му фали и тоа си купуваме и обавезно пропратено со вечера
     
  13. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    па и ние се прашуваме ама сакав да биде нешто шо нема да го знае. иначе веќе си купивме предвреме ние јас него си бендиса едно ко чантиче машко (педерка) му го купив а тој мене патики фармерки и блузи ми купи 2 :) ова да биде плус да се изненади, ама не знаев дали е добра идеа да не се исфилмам малку фазла :?:
     
  14. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    И јас на времето се потресував за поклони, но сега сфаќам дека присуството е сто пати поубав поклон отколку тоа што ќе му го купите. Може нешто да се купи, но да се расфрлате со пари немојте.
     
    На lovely-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Сеуште не сум славела годишнина, можеби не сум соодветна да пишувам во темата, но сепак ке кажам од мој аспект како гледам на работите.

    Според мене, подарокот нема да ви помогне да ви биде поубаво во врската, љубовта треба да ја делите и покажувате секој ден.

    Нпр. Мене повеке ми значат и ме прават среќна ситните работи отколку големите. :lol: - Но секој си е приказна сам/а за себе, нели ....

    Можеш да размислиш малку нпр. дали во некој разговор случајно сте разговарале дека сака нпр. саат casio да си купе? но сеуште нема купено. Можеш да му купеш саат, верувам дека ке го носи со љубов и со кјеф. (саатот го зедов за пр. само, бидејки тоа ми текнува во моментот).

    Важно е подарокот да му го дадеш во вистинскиот момент и на вистинскиот начин – оној момент кој него ќе го направи посебен.
     
  16. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Некој интересен привезок можеш да му купиш за на клучевите за кола има доста убави во божиновски а најмногу впечаток ми остави плочката шо пише на неа Mr.Perfect
     
  17. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Кога ја славевме нашата прва годишнина во организација со другарка ми и другар му, му го подготвив следното: Бидејќи како и сите машки обожава фудбал му купив стомна ламба во форма на фудбалска топка. Од хамер направив огромно срце, на него залепив неколку слики од нас двата и љубовни мисли кои што ги напишав сама. Купив и миризливи свеќи во форма на срце и неколку рози кои што ги поставив од влезот на вратата до собата. Пред да дојди на договореното место, односно во станот на другарка ми му реков да ме почека кај другар му на работа, таму му реков дека ќе се најдиме па после му се јавив да дојди таму кај што бев јас,видно го изнервирав дека го врткав де ваму,де таму :lol:. ги запалив свеките и ког влезе ме доцека мене и подарокот :inlove: и цела негова нервоза исчезна и верувајте многу беше изненаден и ми се исплатеше тоа :inlove:
     
  18. Lozanoska

    Lozanoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    133
    Имотот на дамата (Hanımın Çiftliği) [A1]

     
  19. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Феминки знаете ли каде би можела да купам зипо и колку би ме чинело ??
     
  20. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Феминки ми треба помош..... Сакам да му купам нешто на партнерот бидејќи ќе заминува во странство на неколку месеци и нешто интересно да му земам што ќе го потсеќа на мене :lol: ама немам никаква идеја :^) добредојдени се идеи :) :) :)