Ние на 31 ке си славиме ем Нова година ем годишнина Се мислев парфем, џемпери, кошули такви работи и на крај ништо од тоа, решив да му купам кожен каиш, шалче, и да му направам едно пакетче од секакви слатки и чоколади. Е многу ми е мерак кога стварно не знае што ќе му спремам а упорно одоколу си потпрашува човечето
Јас се двоумам и незнам што е подобро бидејќи имам неколку идеи, прво сакав дуксер но такви има само во Софија па така да тоа ќе биде за роденден во Фебруари, а сега вака мислам: Мислев да направам во една тетратка така голема е, не е од обичните како тефтер е убава, мислам во неа да направам ккао албум со слики и да напишам 365 причини зашто го сакам и така уште нешто, со тоа да иде и дезодоранс некој поубав и милка од оние што се срцињата, ама незнам дали да ги завиткам како што мислев или да ги направам како пакетче и место милка да дојдат така некој како сникерс малечки повеќе..Но така ќе биде глупо да ги украсам книгата и дезодорансот, а другата опција поубаво ќе изгледа..совет некој?
Мене повеќе ми се допаѓа идејата со милката.А и самата тетратка со љубовните причини,го постигнува вистинскиот ефект,така што сметам дека нема потреба од украсување на дезодорансот.Некако со тоа too much е. Значи во новогодишно ќесенце стави ја тетратката,дезодорансот и милката,и заврзи го со убава машничка.Според мене доволно е.
Не планирам ништо да му купувам роденден му е на крај на декември годнишнина ни е на 1ви февруари и за Нова Година ако му купам подарок многу ќе му дојде а + и трошок голем ќе биде
Имав во план новогодишно пакетче,а во него-шал,парфем,милка и кутија со пораки. Ама по некои случувања,ништо.Не е заслужил!
Јас на мојот му зедов боксерици и маица со новогодишни мотиви од Extreme Intimo Winter 2013 Reindeers Campaign, спакувани во убава кутија како на филмовине со машна а купив и чоколадца со новогодишни мотиви и ги расфрлав во кутијата . Мора да биде се во духот на Новата година.
Еден добронамерен совет до сите девојки кои сакаат да го погодат партнерот со поклон - не пробувајте да го имресионирате со скап, клише, демоде, вообичаен поклон...Наместо, бидете креативни и направете некоја комбинација или имајте некоја идеја уникатна, нешто што заеднички ви значи, или нешто што тој посебно сака или му е хоби. Бидете сигурни повеќе ќе биде изненаден од колку некоја скапа кошула, скап часовник и што уште не...
Мислам дека има да. Т.е. 99% сум сигурна. Супер подарок за секој маж што е страствен пушач сигурно ќе му се допадне