^Боксерици со Новогодишни мотиви има во Џамбо,црвени се со Таз како се санка мислам дека беа околу 250-260 ден. Едино квалитетот не ми се свига што се многу тенки и делуваат пазарски. Евентуално и по пазариве да провериш иако јас лично неам видено..
Јас нарачав чаша со: Среќа е... што те имам тебе. Ептен ми правеа мерак тие чаши и морав да нарачам да направат и ќе ја наполнам со чоколадца
Лани му купив ракавици али мали му беа па он си додаде пари и си купи паричник, а оваа година му порачав од авон гел за туширање и парфем
Знаете ли од каде би можела да купам некоја шоља, или можеби две, за да имаме исти.. И каде би можело да ги однесам да ми ги испечатат имињата или пак некоја слика да ми нацртаат? Одамна сакам оваа да му го подарам, и баш пред 2 дена му се скрши неговата шоља, па ја сега нова ќе му купам, плус и моето име ќе го има
Во сликара прават шољи со слика текст и слично.јас на дечко ми му поклонив лани шоља на неа имаше 2 слики од нас и жеѓу нив стоеше те сакам.. 200 денари жи земаа
кошула и боксерици (кошула самиот сакаше а за боксериците незнае со дедомразовци се ) и милка Dare to love
Годинава му купив милион работи, отидовме на милион викенди и одмори, така што за НГ ништо не добива. Освен омилената мајонезна салата и задолжителните кифлички, а може и да му купам пакетче со сите видови чипсови.
Боксерици и преубави палачинки кои што јас ке ги зготвам (неговиот омилен десерт).Не многу скапи боксерици.Не сум баш при пари.Сакав и да му подготвам и изненадувње,ке си купам (кога ке имам пари) преубав корсет,ама ке почекаме за тоа бидејки кај мене дома не може,дури јас кога ке одам кај него (таму каде што студира),таму ни е преубаво,поупуштени сме и сами,нема кој да ни смета..
На другарка ми мајка и е уметник, па со неа се договорив да и дадам наша слика и таа да ја наслика, ќе ја свиткам како писмо Спојлер Ќе му купам и чоколадо и мислам дека ќе биде доволно
Не му купив за Нова Година туку за Божиќ. Ме чинеше троа поќе, ама знаев дека ќе го обожава а тоа е прекрасен кожен часовник.
комплет алат Гедоре...коа ќе ви прокапе чешмата да може сам да си ја направи...да се осети МАЖ барем на 5 минути во куќата .... ))))))))))))00 или .... бањарка...мека.....секогаш кога ќе се бања и си го избрише лицето пред огледало...ќе го види одразот на вашите очи во своите ......олалалалла...и Париз е секогаш ДОБРА ИДЕА !!!!
Денес ги видов во Intimissimi.Иако се доста скапи како за гаќа (1450 ден.) се заљубив во нив. Многу ми се интересни и штосни.Убедливо најдобрите со вакви новогодишни мотиве што ги имам видено низ градов.
Девојки планирам да му напишам на тие ливчињата што се лепат неколку причини зошто сум со него и да му ги изналепам во кола, пошто во ресторан ќе чекаме нова год. и незнам уште со подарок да му купам Да му ја купам омилената милка чоколада и омиленото вино? Што мислите за мојот предлог?