tigarche Ако сакаш ливчиња со причини зошто го сакаш.. можиш да му направиш некоја интересна кутија и на листови во боја напиши ги причините.. така ќе бидиш сигурна дека ќе ги прочита и ќе знае дека навистина си се потрудила вака нешто Спојлер или вака Спојлер со кутијата можиш да му подариш вино и чоколадо
Девојки кажете идеја каде можам да купам убав дебел шал за машки и капче... јас навистина немам идеа.. а еве нова година се ближи а јас немам никаков план.. п.с ах леле овој факултет жива ќе ме изеде
Инаку женски јас покрај Нова година славам и годишнина со партнерот на 01.01 Па искрено еден поклон ке биде и за двете пригоди, но имам 2-3 идеи па се двоумам која онака баш најмногу одговара за тој повод ( како и да е една од овие 3 ке ми остане и за св. валентајн ) би сакала да ми помогнете што е можно побрзо зошто немам многу време Во план ми беше да нарачам онаква чаша со наша слика ( како оние од емисијата на драган вучич , кога ке ставиш топла вода излегува сликата, таман сега на ладново за чајче ) знам дека ги прават во фото јасмина (отприлика околу 450 ден мислам дека чини) , втора идеја е сложувалка (ама ова не знам колку чини) , и трета идеа е да ги соберам сите наши слики и да направам албумче со слики зошто сите слики ни се расфрлани по компјутер а можат лесно да се изгубат, а ако направам албумче ке ни останат и како спомен за понатаму и плус тоа е многу романтично и убаво. Ке купам некое пообемно , ке ги ставам сите слики што ги имаме , а останатите ке ги оставам празни, само на последната фотографија ке ставам некое мало парче хартија и ке пишам неколку убави реченици од срце , и ке пишам нешто во стил дека останатиот дел од албумот ке го пополниме заедно во иднина Со сето тоа секако торта ке порачам или ке направам во форма на срце и вино, и секако доооообар секс Што мислите , што е најдобро?
ако сакаш да потрошиш пари за нешто што ќе го облече само за тебе ...и само за нова година -ОК...инаку ниеден маж тоа нема да го носи регуларно....
АЛООООООО ДЕВОЈКИ ... СЕ ШТО ВАС НЕ ВИ СЕ СВИГА- ЌЕ МУ СЕ СВИГА НЕМУ...МАШКИТЕ НЕ СЕ РОМАНТИЧАРИ.....НИЕ СМЕ ПРАКТИЧАРИ !!!!! ако не е нешто што може да го облече - како џемпер или кошула...шал....или нешто што е гаџет ...не фрлајте пари......ако ви е стален дечко пижами или огртач - дефинитивно
^Лично мене поклоните за вакви празници ми се базираат врз основа на симболика отколку на парична вредност и практичност. Затоа и се освнувам кон тоа да биде во духот на Новата Година затоа што е симболичен период иако сум свесна дека конкретно наведениве нема да ги носи секојдневно. За други поводи а и често и без повод одбирам поклони кои би му биле практични и знам дека ке му се најдат. Со оглед на тоа дека ни јас ни тој не сме мали деца па да се радуваме на мечиња и срциња пажњата гледаме да ни биде нешто што ни е потребно и од што ке имаме реална корист. Од друга страна сакам да биде нешто што ке остане а нема да биде изедено и испиено за 2 дена па макар и во фиока да седи ама секој пат кога ке ја отвори таа фиока и кога ке го види ке му текне на мене. Така некогаш поклоните треба да имаат и некоја емотивна вредност а не само практична.
Јас му купив боксерки со новогодишни мотиви,чоколадо,заедничка фотографија ја направив во ноговодишен стил со снегулки такви раб.и на неа порака за нг.Новогодишен украс спаковано во кутија
Ние заедно бевме во град, јас си одбрав чанта - која тој ја плати, тој си одбра џемпер - кој јас го платив. Барем земавме работи кои ќе ни користат и кои ни се допаѓаат. Можеби не е воопшто романтично или изненадувачко, али е практично.
Девојки јас малку закаснив со поклонот бидејќи утре му е роденден па така планирам заедно да му ги дадам. Му купив часовник и сеа сакам слика да извадам заедничка и се двоумам за текст каков да има, никаква идеа не ми иде на памет.. На сликата планирав текст од песнана Nothing's Gonna Change My Love For You ама се премислив. Па затоа ми треба ваша помош околу текстот, да ја средам и да ја урамам. Да не е некој долг ама и да не е некој краток текст...Ако имате идеа слободно Нешто вака планирам
Пред некој ден бевме излезени заедно и застанавме пред една цвеќара, тука на излогот имаше наредено кугли со дедо мраз, еленчиња, снешковци.. заприметив дека загледа една од куглите па се одлучив за тоа, кугла и чоколадо..
Што знам...некогаш и ситниците го прават големото. Не мора да се подарува којзнае што доволно е да има нешто симболично колку да се знае дека не сум го заборавила Оваа година ќе го подновам со нови гуми за аутопо струка де
Mishela, kaj gi kupi trzalicite, na maz mi sakam da mu kupam. Kupi mu novi zici i kje igrame na svadba ;D
Ги нарачав преку другарка која престојуваше во Америка, а вака мислам дека има многу избор да се нарачаат преку интернет од Ибеј или Алиекспресс, а и не се воопшто скапи, јас ги зедов за 18$ , па да видиме како ќе се покажат. Немал потреба од нови жици, значи ништо од бизнисот, фала Богу!
Кога треба да му поклонам нешто многу се нервирам, затоа што не можам да најдам подарок Сакав да му купам капа или домашни влечки, ама пред некој ден ми кажа дека на роденден ги добил и двете, кугли има еден куп дома колекционер е и има секакви. Новчаник, рачен саат, каиш, кошули, џемпери, марами, вратоврски, ракавици, шал не носи за писменца, за љубовни пораки не сме деца.. За нова година немам идеа што да му купам