Дуксер/тренерки, ако е пушач табакера или zippo запалка, или плоска за алкохол наполни ја со виски или коњак...Кожен нотес со некое убаво пенкало...Видео игра ако е гејмер. Ако сакаш нешто поновогодишно венец за на врата или некој интересен снешко/Дедо Мраз како украс
Каде можам да најдам некои убави новогодишни украси, ама да не се многу скапи? Не ми се даваат 1000 денари за еден елен
дали знаете сега на попустиве за Нова година каде може да се најде МP3 плеер барем 4GB до 1500ден, да речеме?
Море шалче најпаметен избор, особено за изненадување. Не вака, бројот дали ќе се погоди, ова ли, она ли...
Баш е најпаметен избор, ама кога имаш партнер кој ќе сака да го носи. Мојот мрази шалови, ракавици, с'клетџија е и исто и ваквите топли новогодишни чорапи не доаѓаат предвид. Блазе си ви, изборот не ви е така стеснет како мојот - ете ако некогаш ве мачи тоа што не можете да одберете подарок, прочитајте го ова и веднаш ќе ви олесни и ќе си викате „имало и полошо“.
Јас ова го решив по брза постапка. За рака и по продавници. Си одбра што сака, проба, мое беше само да платам. Кога се работи за облека, дечко ми е премногу специфичен. Ни самиот не знае што сака, буквално. Сто пати ќе се предомисли, денес му се допаѓа, утре па и не толку, а не па јас да му погодам. Не сакам да ризикувам. Затоа вака решен проблем. Не го практикуваме ова секогаш, сакам и да го изненадувам ама тоа го правам обично преку годината кога нема конкретен повод. За роденден обично мислам едно добри 3, 4 месеци пред тоа. Внимавам што ќе каже, што посакува, што му треба и така знам да го изненадам прилично добро.
Океј женски ми треба совет... Се одлучив да му купам сат најдов еден убав е и со прикладна цена арно ама, пред да се го купам се сретнав со една роднина, кога и кажав што сакам да купам возбудено ми рече АУУ НЕМОЈ СААТ НЕ СЕ КУПУВА наводно го броело времето ..... и сега што да правам? :/
Глупости. Купи си го сатот без галје, да беше за така немаше ни шалови да купиме ветерот да не ги дува.
Глупости се тоа за саатот..купи си го саатот, одличен избор е Јас се решив за новогодишно пакетче, му ги ставив омилените чоколади, боксерки и кондоми мислам дека му е доволно.. за годишнината повеќе
Два пати за нва година имам купувано подарок. Првиот пат беше новчаник, книга, свеќа, миризливи стапчиња и чоколаден дедо мраз, вториот две чаши за чај, ракавички, капа, (шал не носи) и други чоколатца, чипсови и такви работи за во пакетче. Сега оваа нова година незнам што да земам. Се мислам за пижами некои убави во комбинација со нешто друго, ама незнам каде да најдам. Ако знаете каде би можела да најдам за некоја прикладна цена баш би ми помогнале
Овој пат за кошула се одлучивме. Он се поднови со патики,јакна и панталони,а кошулата од мене ќе биде. Кога веќе е ново нека биде се.
Јас на мм му купив колекција парфем со дезодоранс од Антонио Бандерас, оти му се омилени, ама го купив некој нов излезен што го нема уште пробано. Исто така, му купив и 2 шалчиња оти не можев да одлучам кое да му го купам Инаку да ви се пофалам, сама ги свиткав, иако сум анти-талент , и си стојат под елка до Нова Година.
Се извинувам што пишувам едно под друго, ама на редактирање, не можев да додадам цитат. Веќе преку глава ми е од бабини деветини и простотилук од средниот век Купи си тоа што сакаш, и не слушај глупости ич. Саат е многу убав подарок
@jacqueline.s и @JustBeYou , јас никогаш не се водам по овие глупави суеверија. На дечко ми за роденден му имам подарено часовник. Тој е љубител на убави и скапи часовници и знаев дека тоа ќе го направи среќен. Ако дечко ти носи часовници и мислиш дека ќе му се допадне , купи го. Инаку годинава му купив зимска капа и блуза и куп чоколади -мислам многу повеќе се радува на нив.
Ова ни е прва Нова Година заедно и му исплетов дебело маслинесто шалче и од Авон му го порачав Full Speed парфемот Едвај чекам да му ги дадам вечерва