Може часовник, некој убав парфем или колекција, блуза, некој персонализиран подарок како сложувалка, вино, и сл. Или пак нешто што ти кажувал во последно време дека му треба или пак сака да си купи. Ајде само позитивно, се надевам ќе ти се оствари замислата
Доста му е. Подаркот треба да е од срце, а не да подариш повеќе само затоа што неговиот подарок е поголем/поскап. Јас на мојов ништо му немам купено. А како тргнало нема ни да му купам.. доста е мене што ме има
Блузон со новогодишен мотив, плетен блузон, шал, капа, ракавици, топлински, пижами, пакетче можеш да му направиш...
Мојот има роденден во Јануари, за нова година не можам да се мислам пред породување сум. За роденден му купивTimberlands. Спојлер
Се мислев да му купам книга, сака историја, сака документарци да гледа, може да ми предложите некоја. Малку е специфичен и затоа и ми е тешко каков поклон да одберам.
Види во литература во сити мол. Има разни книги и интересни колектиблс. Нема да погрешиш што и да земеш.
Боксерици со новогодишен мотив кај да најдам освен Бонати? И стружанка само еден модел видов со Џинџер бред мен.
Девојки хелп Имам купено ваква кутија што планирам да ја наполнам со ситни чоколатциња и сакам да ставам подарок за партнерот ама според димензиите треба да е нешто малечко и специфично за нова година, не сакам нешто неупотребливо. Предлози?
Па искрено имам пари но не сакам нешто прескапо за нова година, во скромноста е убавината, нешто понормално, не часовник или друга скапа раб, сепак да изгледа како пакетче со еден главен подарок
Со помал буџет приврзок со нешто што сака или изгравиран или нешто што ви значи да пишува со малку поголем сребрена алка од 2000-3000 денари