Пиша и дека сака нешто скромно, а според мене поглупаво нешто од фејк електроника/облека/аксесоари нема. Ете може други блутут слушалки ако користи дечкото, кои ќе и соодветствуваат на буџетот мада ни тоа не е скромно, ама фејк будс или ерподс е скроз безвезе. @neongirl07 јас во кутијата би додала новогодишни боксерки и чорапи, чоколадите и толку. Скромно и по сума и симболично и корисно.
Се изнакупив три поклони, нема да кажам што е зашто може да отвори форум и да прочита. Со мерак ги купував па ги пакував. Туто комплето.
И јас купив, и не издавам што е од истата причина како @buba4e89 Ама со многу мерак избрав и спакував, а пред тоа внимателно слушав кога разговаравме за некои работи што сака да си ги купи... Па ете, барем знам дека погодив
Што би било добар подарок за девојка со која скоро почнав да се гледам? Во смисла, се имаме видено само неколку пати, ама ќе се видиме и за нова година па сакам да и купам нешто. Не да е нешто скапо или нешто што изразува љубов зашто малку е рано за тоа и не сакам да биде незгодно. Некој подарок што секоја девојка би сакала да го добие...
Ланче (не скапо)/книга/чаша, плус цвеќе и пакетче со чоколада или едно чоколладо. За приликата и за тоа колку сте блиски, јас ова би сакала.
Накит, колекција некоја парфемче и нешто, козметика, шминки било што, цвеќе, благо. Ако е за нова година поклонот може нешто новогодишно од тип новогодишна чаша, новогодишни чорапи, некој украс и честитка може од тие убави што се новогодишни честитки (бар мене такви ситници многу ми се свиѓаат). Мислам скоро сите женски сакаме вакви работи.
Новогодишна чаша, џемпер, чорапи, пакетче, книга ако чита книги или колекција некоја, парфем, капа, шал, ракавици… Чоколадо обавезно.
Девојки, читам по темава и никако да ми текне. Дајте некој предлог за што да му купам на дечко ми за нова година? Тој е романтичарот во врската, јас тааапа сум за тие работи. Стварно немам некоја идеја. Гледам темава одамна не била активна, малце да ја активираме предпразнично