Ај пак да ја активитаме темава.... Што би им купиле за нова година на вашите партнери?? Некои изненадување, или поклонче... што?? А воедно и да ми помогнете да ми текне некое изненадување да му приредам...
Јас решив да му купам шал, бидејќи сака шалчиња а и зима е ќе го топли се одлучив за тоа. Ќе купам една честитка и нешто благо (неговата омилена чоколада или колачиња ), ќе го однесам сето тоа убаво да го завиткаат и ете го подарокот
Украсна пепељара, ако е пушач Убави шољи за кафе, чај, во комплет две, за да пиете заедно од нив Парфем или лосион за после бричење, по ваша желба, како што сакате да ви мириса Долна облека, боксерки, или пак новогодишна танга со сурла напред ЦД со омилена музика.......... Или едноставно претворете се во поклон, секси долна облека, облечете одозгора наметка и заврзете се со машничка па господинот нека го отпакува поклонот
Ручки од тупан! Бре! Што има подобро од самото мое присуство,неговото присуство,топла атмосфера и светот како да си стои!Ваши минути!Периодов каков што е...навистина подарок би ни било времето и присуството на двајцата на исто место и пријатното ќутење.Ништо друго не ни фали.Ни гаќи,ни лосион за после бричење,ни парфем,ниту огрлица,ниту било што материјално.
Не му купувам поклон! После толку години, веќе немам инспирација што да му купам! Се му имам купено... Доволна сум јас! Јас, јас и само јас! Егоцентрик опасен
Си ја завршив јас таЈа работа со време. Купив ламбориџини на батерии со далечински управувач и му се допадна ептен, средив да му го испорачаат пред куќен праг, тука се ѕвездосал од мојата драма, ама добил брилијантна идеја како да го вози на улица, напоредно со неговата кола. Како само ќе ги управува и двете истовремено, тоа не знам... Мултитаскинг, И овај што ми беше зборот... Да, фан сум на подароци и подарување, од изборот на подарокот, до виткање и честитката која задолжително оди, начинот на кој ќе допатува до личноста за која е наменето... Ама го пратив намерно порано, за да не биде апла новогодишно, мене ми се сакаше дека е четврток И што сега? И напоменав дека не сакам никаков подарок, ако нешто ме иритира тоа е - дај ми го - на ти го, работава. Ти ми купи, ќе ти купам и јас. Иш. Нејќум. Доволен ми е он. Гол. А ние сме што се вели на сам почеток, ова е прв сериозен подарок досега од моја страна, не сметајќи една логичка коцка за проверка на интелигенција на склопување, :geek: btw - еве ви добра идеја, откријте колку ви е паметен типот, ги има подобри снабдени книжарници и во Рамстор, за некои 300-400 ден Ем ќе скине живци составувајќи ја, ем ќе си знаете со кого сте се фатиле на оро.
Не сум по изненадувањата и подароците... не е ни тој! Ни оваа, ни претходната, ни најпрвата Нова година не сме си подариле нешто! Баш сме досадни! Ма ни муабет не правиме на таа тема... Си велам дека треба некогаш да го изненадам, ама никако да го сторам тоа!
Јас знам мене он што ќе ми подари. Видов таму чепркал нешто по сајтот на сакам книги. И офкорс барал книга Си знае он мене најмногу што ме радува. Е ама знам и јас него што го радува(како и сите мажи нели )
Ах маки големи ова Волево мое денес ми донесе Зајче мало демек поклон за нова година абе ми се идеше и него и зајчето преку прозор Јас со каков поклон да му возвратам ?? да му купам едно јаре или теле
зоштоо?!? па и зајчето е убав подарок.кога тој нема да биде до него,зајчето секогаш ќе те потсетува на твојата сакана личност .лично мене ,ми се допаѓа подарокот што си го добила. ееех ,мене некој да ми купеше зајче ..
Како да го изненадите партнерот за новогодишната ноќ? како ... Би го изненадила вака... Би била лута цела ноќ и на полноќ ке му треснам една жешка од едниот образ и ке ме погледне па оп уште една на другиот образ за да биде добар и послушен наредната година Се шалам, ама убава ми е замислата Би го изненадила кога би можела... би му купила најубава кола.Би го удрил шлог, па овоа ризик ми е некако па сега вака скромно ако славиме заедно ке го изненадам така што ке му дозволам филм да одбере И после можеби по заслуга да го зачини со нешто сексуалното задоволство. Ама секако по заслуга и расположение. не е потребно ништо посебно и спектакуларно за да ви е убаво и незаборавно.
Aх!подарок?За оваа година? Hезнам искрено!Cекоја година му подарувам боксерки,парфеми,колекции нешто,оваа година ке си ја пуштам кадата доволно голема е,шампањско со овошје настрана,повеке ке се нарадува вака да го изненадам,отколку да му купам нешто п.с го замолив оваа година да не ми подарува ништо,здосадено ми е од поклони некако
Аххх...мојот поклон е лудило! Вака, му купив црна маица и на неа пишува ONLY (MOETO IME) CAN TOUCH YOU THERE и стрелка надолу Маицата е црна, а буквите ги принтав црвено е сега му купив и боксерки, ама тие се целите бели со јаготки по нив само ме мачи дали ќе му се свиѓаат дали вие некогаш би му купиле на дечкото такви боксерки?
^ хахаха оригинален подарок нема што! И јас би му купила такви боксерки зошто да не! Јас на либето за Нова година си му купив новчаник, многу е убаав , стварно немав подобра идеја и се надевам дека ќе му се свиди