Му купив чаша огромна од 500мл со рачка, со спајдермен. Сироткото во мерач пиеше млеко, оти обичните чаши од по 200мл му биле мали. Ептен е на ќеф, дури и не ја става во машина за садови сам си ја мие
Јас на твое место неби се замарала што да му купам на дечкоми за нова година.Тоа ми е изживеана работа,глупости како малине деца,нова година иде, очекувам подарок или да купам подарок Ако доаѓа од странство сигурна сум дека не доаѓа за твојот поклон...незнам зошто и воопшто ти е назначено дека доаѓа од странство АКО САКАШ ДА МУ ПОДАРИШ НА НЕКОГО НЕШТО И ДА ГО ИЗНЕНАДИШ НЕМОРА ТОА ДА Е САМО ВО ПРАЗНИЦИТЕ....ДЕЧКОТО НЕ ТИ Е ДЕЧКО САМО ЗА НОВА ГОДИНА. или ако толку многу би сакала да му купам поклон би му купила чоколаден дедо мраз
^^ што има глупост во тоа да си купиш подарок, (а и нагласила дека е од странство затоа пто го нема видено долго време па да му купи нешо изненадувачко) јас со дечко ми цело време си купуваме по нешто па макар и една шоља за чај, а за нова година за родендени за годишнина значи обавезноо!! почесто е изненадување, а оваа нова година си одбрав џемпер долг а јас нему парфем и еден дедо мраз за дома украс
Значи, не ти го разбирам баш одговоров. Како можеш да кажеш дека тоа се глупости и изживеана работа??? Тоа како прво не е замарање со непотребни работи, туку внимание или онака чисто дека сакала да го изнендаи. Ние секогаш со дечко ми си купуваме поклончиња, ситници и неможеш да кажеш дека и изживеано или глупаво. Мене некој кога ќе ми поклони нешто, стварно многу ми значи, мислел на мене и не е ради реда и јас исто така уживам кога подарувам, посебно за празнициве..
Епа ете така за мене е глупости и изживеана работа да се замарам што да му купам на дечко ми или маж ми за нова година,затоа што сметам дека поголемо изненадување и внимание е да изненадиш некого во обичен ден а не на годишнина,нова година,св.валентајн или роденден да му купувам поклон...кај мене се знае за овие денови јас изненадувам со платено патување,со уживање во џакузи,со организирана забава,со романтична вечера,со платено зимување итн.
Немој да ме разбереш погрешно ама ова твоево според мене е снобовски и неможе секој да си го дозволи. Зимувањето и летувањето е нешто што заеднички се планира,како и самата новогодишна прослава или роденденска сеедно.Подарокот е изненадување. Ситница која ќе ти ја стопли душата, вредноста не е воопшто битна. Гестот е најбитен. Малите нешта го прават животот убав, жалосно е кога некој тоа не го цени. Да се задржам на темата мојот партнер доби шалче и капче, а јас кугла голема новогодишна. Тој знае дека куглите се моја опсесија и ги имам најразлични но оваа ми е најдрага!
за нова година му купив милка чоколада во срце... а тој ми купи обетки...многу се убави многу сакам да подарувам!
Некако Нова година не ја гледам како некој важен ден/вечер па сметам нема потреба од скапи подароци и некои на кои ќе им се утепам од мислење дали се добри или не. Нешто симболично е во ред. Добра чоколада никогаш не е на одмет.
лани му купив панталони(негова желба) за оваа година не сум размислила, но сигурно ќе го прашам,дали има некоја желба
јас оваа година решив да му подарам пијалок со чаши спаковани во кутија што се мислам дека би му се допаднало многу,но немам уште некоја идеја...
Му го дадов подарокот уште пред една недела Му купив многу убав шал како што тој сакаше, и едно такво плишено LOVE што свири и пее, и мал украс Снешко Ептен се изненади, и му се допадна подарокот
И јас му го дадов подарокот му купив парфем, ама вечерта ке добие уште еден подарок,планирам да му купам добри гакички и да ги спакувам во чоколадна кутија што е во вид на срце или ке биде од милка или од шери, а и планирам уз тоа да ставам и еден кондом зошто ке ни треба за вечерта сигурно а добро може и без тоа МИслам дека е добра идеава
му купив кожен паричник и реков ќе му го дадам на Н.Г. ама не издржа срце јуначко и денес му го дадов.Значи ич не можам од него да кријам нешто.
Оваа ќе ни биде 3та Нова Година како ја славиме заедно и досега не сме си поклониле ништо. Не чекаме ние да дојде Нова Година, Валентин и други празници за да си подариме нешто, туку тоа го правиме најчесто во обични денови, сметам дека тогаш изненадувањето е поголемо. Кај па јас ќе се испотрошам за алишта, чевли уште да му купувам него нешто, ќе свршам работа. А, и не сакам ништо за подарок за Нова Година, сакам само многу љубов, разбирање, почит - и се‘ ова да трае цела година, а не само тој ден.
Оваа година поради мојата очајна финансиска ситуација, скромно се подновив со едни фини секси гаќички, па подарокот е во облик на целовечерно блудничење, проследен со вечера и вино. Колку да не биде без ич, ќе му купам една книгичка од омилениот автор. Инаку, видов многу интересна фигура, голем Дедо Мраз, како држи едно чинивче со средна големина и сакав да го наполнам со домашни колачиња, си најдов и рецепт со Нутела , ама Дедо Мразот непријатно ме изненади со цената. Го*це едно скапано. Секогаш останува идејата за обична новогодишна чинија, ги има во Џамбо околу 200 ден. најголемите и колачињата. Спојлер http://chasovipogotvenje.blogspot.com/2 ... vPcWzVAaSo
Ништо нема да купам, немам пари . Не сум во долгови, ама во полоша финансиска состојба и од Грчка сум, ќе му подарам добар блоуџаб, милион бакнежи, и искрена љубов. Коj ќе добие бољи поклон од ова нека ми се јави .