Ja ке му купам боксерици само, оти тука блиску му е и именден и роденден, така да треба купувам 3 поклони. Најдов едни интересни на нив пишува: Ja sam tvoj licni deda mraz, ispunicu ti sve zelje
Aј ем тотали броук. Не стварно, јас немам пари сама да се подновам, не па да дарувам. Ако испадне некое Божјо чудо да дојдам до поголема сума на пари, ќе му купам скромен подарок. Али ко што тргнала работава, изледа он ќе ме дарува џоа Жаде. Ако маче, ќе ти вратам со бурна ноќ.
Па се надевам само дека нема да биде позитивен тест за бременост, се друго доаѓа во предвид. Спојлер Само да ми дојде, аххх каква НГ вечер ќе си истераме
Јас ке му кажам дека сум бремена па да припадне во несвест бидејки не внимавал неможам да му купувам веке ми прекисна
Шворц сум, море не сум на 0 јас сум во минус Подарок здравје ако фрли некој некој денар ќе добие кожна нараквица. Луд е по такви нешта, а и не ми е нешто многу скапа. Тој мене не знам дали нешто ќе ми подари зошто е малку стипса. Во секој случај дур е тука ќе плати некоја вечера.
Јас не му купувам ништо,тој ми должи на мене уште за роденден ништо не ми купил така да нема поклон оваа година,тек за неговиот роденден ама за тоа има време...
Jaс никогаш во живот не сум купила поклон за Нова година за партнер. Причина: Forever Alone на нови години сум Ама оваа година не сум Не верувам дека ќе му купам нешто, немам таква навика. Ако сакам нешто ќе му купам и на 27 јануари онака од кејф, а не дека мора или треба..
Идеи: (ако сам не си каже што сака ) -плетен шал, убави ракавици -плетена зимска блуза -каиш -нешто `компјутерско` (можеби му треба ново усб, слушалки, глувче) -нешто за во кола (што и да е, повеќето душа даваат за да подноват нешто во колата)(пр.масирачка навлака за возачко седиште) -новогодишно мало елче/сувенири (ако дома му не е украсено) -вечера (ако е гурман) -некоја козметичка колекција (ако обожава да се мириса и средува ) -долен веш (па зошто само машките да поклонуваат долен веш?) Што и да е, ако е со љубов, од срце дадено, верувајте ќе му значи, дури и ако поклонот е многу ефтин.
Ова ќе ни е 7 Нова Година како ќе ја дочекаме заедно и секоја година си купуваме подароци и тоа најчесто парфеми или колекции . Еве за оваа му порачав од Авон колекција и ќе му купам уште некој џемпер и доста му е
и ја незнам што да му купам .. лани му подарив шалче .. он мене мече .. али онака .. тогаш почнавме да излегуваме .. оваа нова година незнам што ќе му подарам .. а и не сум нешто при пари .. Грчка не е ништо за мене хахаха ... ќе видеме .. можеби до тогаш ќе ми паднат од некаде пари
Во овие скоро 5 години врска, за родендени, годишнини, нови години си имаме подарено се и сешто. Оваа година бев тотално без идеја, ама чепкајќи низ темава сфатив дека нема ракавици. А се ближи ладна зима Па, бидејќи веќе има шал од мене, оваа година најверојатно ќе му купам ракавици во комбинација со нешто друго
едно мало советче од мене .. рачниот часовник .. е еден од најубавите подароци .. на кои машките се радуваат .. (секако .. ако е љубител на часовници .. ако си носи) .. елегантен или спортски .. не е битно .. али ептен ги радува .. од искуство .. мојон ептен се израдува .. како дете мало кога добива еден тон чоколади
И кај мене слична ситуација. Само што јас си ги чувам парите за нешто што одамна го сакам, па малку ќе се себичам на подарок, ама затоа во кревет сигурно нема. Лани се облеков како баба Мразица и му го доставив поклончето во кревет. Годинива пак ќе го искористам костимчето, ама без подарок, јас ќе бидам подарокот