Му испишав тетратка за тоа колку многу го сакам,и ќе му ги купам патиките кои одамна ги посакува,иако чинат 3 илјади денари
Не знам што да му купам, со сигурност ќе му направам некое пакетче. А за подарок, секој ден нешто друго посакува...Ќе види нешто ќе го бендиса и предходното се брише, веќе заборавам што сакал. А и плус проблем ми е што му е роденден 3 дена пред Н Година. И најискрено немам појма што да правам.
Јас планирам кошулка да му купам, а он мене како што веќе претпоставувате, ночари со дупло стакло, бришачи и сапуница.
јас за нова година на мм ке му подарам син секако околу нова година го очекувам да се роди така да тоа ке му биде поклонот од мене за цел живот
Сепак ја купив таа кутијата која составува снешко што ја спомнав погоре. Најголемата ќе ја украсам со црвени салфети и ќе ја наполнам со чоколатца тофифи и милка срценца,во средната ќе ставам морска пена како снег и во торбиче ќе ја ставам белегзијата,а во најмалата на ливчиња во разни бои ќе напишам по една реченица од СРЕЌНА НОВА ГОДИНА,и надвор на шалчето од снешкото ќе ставам картичка. Се надевам ќе му се допадне.
Годинава прв пат ми е нова година со дечко. Повеќе време мислев што да му земам,но сакам да му купам мирис,некое шалче и од оние милка срценцана што се. Доста му е. Сакав нешто да му купам сребрено некоја белезика,но здравје за роденденот.Сега вака ќе помине
пакетче со омилените благи работи и едно мало новогодишно украсче, знам дека тоа ќе го израдува најмногу.
Девојки, што мислите да му купам на дечко ми за Нова Година, шал, чоколада и диплома за најдобар дечко ? Дали според вас е доволно ? И некое секси изненадување секако
Женси има на некое од пазарчињава вакви боксерки? И по колку се одприлика, сакам 3-4 пара да му земам на дечко ми
Оваа година ќе му купам пакетче на кое што знам дека ќе се радва како мало дете и доколку најдам капа од неговиот омилен фудбалски тим,а третата работа сум јас и доста му е нека не бара поќе .Ако имаме можност може да му спремам и еден подарок кој што не е за кажување во јавност
сакам и јас несто за нас двајцата но овој пат сакам јас да направам несто... ке бидеме сами,па сакам да е несто убаво,се разбира јас и он али ми фали несто тука од мене за него или и за двајцата хм ајде некоја идеја??
Еве ви интересна, а не толку скапа понуда. Можете повеќе заеднички слики да ставите на шолјата, па секогаш кога ќе пие чај, какао, што и да е - да му текнува на вас http://grouper.mk/skopje/deal/keramicka ... otografija
Sofi.ja бидејќи неможам да ти испратам лична порака,така ти е наместено еве ќе ти кажам овде се надевам ќе прочиташ. Кутијата снешко ја купив од една цвеќара 200 ден. Пиши дали ќе најдеш.