starfish во Евроазија имаш многу убави машки шалчиња, има и пофенси и такви подебели, потопли, вчера баш другарка ми купи од таму.
Eте ние пак немаме некој таков обичај да си купуваме нешто за Нова година. Сега годишнината ни е на 14 Февруари (тогаш си купуваме поклончиња)...потоа за едно 10-15 дена ми е мене роденден...па за 15-20 дена му е нему роденден...а ете за Н.Година не ни текнало
Порано купував поклончичи, па дури и се припотресував кога немаше да најдам нешто совршено за подарок за Нова.. Сега, мислам поинаку па на подарокот гледам како на нешто што се подарува од срце, без повод, не кога е некој настан па ајдее, удри по џебот
Некоја идеја за мене?? Некое деталче : ќе бидеме сами кај него ќе има романтики...свеќи,вино...уште штоо...?? Нешто интересно, убаво, за паметење да не биде како секоја вечер. Нешто поклонче, нешто изненадување..?? Фала однапред !
Нешто интересно...ти.Земи несекојдневна долна облека,нешто попровокативно кога веќе ви е таква ноќта.А и ако сакаш да биде незаборавно тоа е тоа.Некој корсет нешто така...
Јас на партнерот ке му купам шал еден новогодишен украс кој многу му се засвига и чоколадо обично сум мн детална кога се пакува така да ке биде во убава кутија се тоа спакувано со новогодишни мотиви
Ќе му ја подарам подобрата верзија на себеси. Ќе се потрудам повеќе да го направам среќен. И онака материјалното му е на најниското скалило.
Јас многу се нервирам со мојов. Сакав шал од кашмир, има. А многу се радував на идејава. Си реков ајде капа или ракавици некои убави..купил претходната година. Така да, или ќе му земам некој ремен, или некоја кошула карирана, затоа што носи такви само. И желе зајчиња. Летово се издаде дека кога бил мал многу се радувал кога ги имало во пакетчиња.
Девојки ја видов оваа капа во спрингфилд и многу сакав да му ја земам за поклон, ама не сака он црвено а друга боја немаше, нешто слично некаде да ме посоветувате ? http://spf.com/es/tienda/man/xmas-gifts/gorra-avi-0128805
Требаше да го продолжам договорот со ВИП , па маж ми искористи за нова година да се поднови со телефон Јас нон стоп му повторувам дека тоа му е подарокот, за да не излезе на крај не се важи
Не знам што да му купам...цела година си купуваме некои поклончиња ,тој на мене јас на него,па сега што знам не ми е интересно поклон за Нова Кога ми беше дечко,си се договаравме што ни треба,па смислував идеа за декорации,па некогаш остававме да се изненадиме, али сега некако подруго се функционира се делиме нели,па ептен се мислам....може кожен новчаник има црн па да побарам кафеав Уф,за машките е увек комплицирано ,за нас жените има избор колку сакаш