Подарок за партнерот за Нова година

Дискусија во 'Врски' започната од buttercup, 20 декември 2009.

  1. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Јас му купив црвена кошула какви што носи, фраерски :D
    Ама ме кочи што е црвена, ако се пожали за бојата, ќе му кажам „Нова Година “ е што сакаш? :wasntme:
    Немаше друга боја бе па.. :( :D
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Вообичаено немаме навика да си купуваме поклони за Нова година или за Божиќ, но вчера искочи многу спонтано. Додека пиевме вино со друштво во еден кафиќ помина уличен продавач на капи за божиќ, упаљачи, сијалички и други божиќни реквизити и во една зафрканција одлучивме сите да купиме божиќни капи. Капите имаа сијалички на батерии, па Цело друштво изгледавме шашаво.
    Го прашав лампион да му купам или друго нешто да создадеме традиција на купување поклони, но бил задоволен со капата. Сега немам гајле :)
     
  3. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Книга со 100 причини зошто го сакам :inlove:
     
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    18.258
    Во ЈYSK во City mall видов :)
     
  5. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    769
    Пол:
    Женски
    Ke mu zemam dzemperce sivko so v izraz...ufff kolku slatko ke izgleda vo nego!
     
  6. pelegrina

    pelegrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    36
    има такво нешто?
     
  7. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Еве го снешкото што ви кажував претходно. :) Во најдолната кутија украсив со новогодишни салфети и ја наполнив со Атлантис чоколатца и меѓу нив ја ставив силиконската маска за новиот телефон,во средната со морска пена направив снег и ја ставив сребрената белегзија во украсно кутиче и во најгорната ставив пораки на ливчиња за секоја буква од СРЕЌНА НОВА ГОДИНА. :$ Се надевам ќе му се допадне премногу. :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • DSCN004911.jpg
      DSCN004911.jpg
      Големина на фајлот:
      152,8 KB
      Прегледи:
      174
    На Antigonna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Уф, добро е што немам дечко, нема да се трошам во кризава со оглед на безбројните предлози. :tmi: :D
     
  9. Lavica01

    Lavica01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски

    Каде постои таква книга и колку чини ?
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Интересна работа кога бевме во врска и првата година од бракот, јас и мм обавезно си разменувавме поклпнчиња за НГ, годишнина и сл. Последно време се' се сведе само на подароци за роденден (што е чудно пошо ни едниот ни другиот не славиме и не викаме никого). Еднаш баш се зазборевме за тоа ме праша дали ми смета и дека нему не му сметало. Јас му реков „најважно е да сме домаќини и тоа што сме спечалиле дома да си го носиме и заеднички да го планираме. Поклони секад можеме да си купиме.“
     
  11. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Сакам да подарувам. Многу обрнувам внимание, па макар и ситница да е подарокот, важно ми е што сум се сетила.
    Сакам и да добивам подароци :wasntme:
    Оваа година на сопругот му купив паричник. Обично подароците си ги даваме на дочекот, после 12 часот.
    Ќе видиме сопругот со што ќе ме изненади вечерва :inlove:
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Нематеријалните подароци секогаш се најдобри ^_^
    Особено ако се во форма на изненадување.

    Годинава се договоривме да не си купуваме подароци, ама и тој ме изнанеди, па и јас него.
    Една вечер додека бевме во викендичката, го чекав да се среди и да се качи во спална. Го слушнав кога одеше по скали, па ја пуштив Have a holly jolly Christmas и почнав заводливо да играм и да пеам облечена само по црвен чипкан корсет и црвена Дедо Мраз капа.

    И така... :wasntme:
     
    На crazylady, Umbrella22, Buttterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.062
    Допаѓања:
    137.204
    Јас вообичаено му купувам нешто што му треба. Оваа година му го купив парфемот што си го користи. Иако ќе му го купев и да не беше нова година, видов дека му се потрошил тој што го имаше :D

    Имало и години во кои не сме си купувале, кога сме биле во финансиска криза, така што нема строго правило дека си купуваме или не си купуваме.
     
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.275
    Допаѓања:
    41.217
    Пол:
    Женски
    Ние не си купуваме онака со договор, што сакаш, а ти?Не фала, ама јас сакам да му подарувам и секоја година обично имам по нешто, макар само честитка.Gодинава му направив чаша, за чај или кафе, бела и на неа му напишав порака која знам дека 100% ќе го потсеќа на мене и шалче оти ме нервира што вратот му е гол на ова ладно време, знам како баба сум, ама ако :D
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.226
    Допаѓања:
    283.987
    Никогаш ништо не сме си купиле/поклониле.
    Не е предходен договор во прашање, па ај да не се трошиме.

    Едноставно обострано отсуство на потребата и желбата на овој ден да биде разменет некаков поклон, било материјален или нематеријален.
     
  16. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Имам лоша навика штом се разбудам наутро одма со рака да го барам ајподот по перница и околу мене,
    уште нерасонета, да си ги прочитам мејловите |(
    и така после Нова година барајќи го со раче напипав книги :D Три прекрасни, убаво спакуваани книги со панделка, ми ги оставил на перница дури спиев. Ептен се израдував, и не очекував бидејќи бевме скоро четврти ден надвор од мкд и не знаев дека ми носи подарок.

    Јас на него ништо не купив :(
    А на сестра ми купив книга и и направив огроомно пакетче, не штедев (затоа што пола јас ќе и го изедам :D ) еден куп чоколади, бонбони, сакав и да има мали ситни подарочиња како миризливи свеќи, лабело, многу интересна шолја за чај, нови боички итн и едвај успеав да го затворам пакетчето. Се радуваше како мало детенце :)
     
    На tweety26, 1209 и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.865
    Допаѓања:
    81.114
    Пол:
    Женски
    Јас си ја реализирав желбата да му направам чашка со интересна апликација. :wasntme:
    Ја наполнив со чоколадни бонбони, бомбици, мали чоколатциња и ја спакував во убаво кутивче. Беше фасциниран од подарокот, а мене ми беше многу интересен за гледање со тие неговите гримаси на возбуденост кои ги правеше. :lol:
    Не очекував ништо од него, меѓутоа добив книга. ^_^
    Догодина ќе смислам и нешто покреативно, до тогаш - здравје. :)
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ние си излеговме низ град, да си шетнеме, неколку дена пред да заминеме на страна, и си купивме тоа што ни се бендисуваше. Без многу думање, молење, спремање и чуда. Тоа што ми требаше мене и тоа што сакаше тој.
    Бидејќи не сакав да помине туку така, без разлика што не бевме дома, јас си носев еден јебозовен боди-корсет во кој ме немаше видено претходно. И така, беше изненаден од гестот. Убаво си поминавме.... :wasntme:
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.211
    Допаѓања:
    17.571
    Пол:
    Женски
    Јас оваа година ништо не му купив :$ :( а тој ми купи црвена марама и обетки :inlove:
     
  20. zaljubena18

    zaljubena18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2013
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    139
    Сакав да прашам што би ставиле во пакетче за нова година на саканиот ? :)