1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подгрбавеност (проблеми со 'рбетниот столб)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од NovusOrdoSeclorum, 2 јули 2016.

  1. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Како би се излегло на крај со овој проблем? Физикална терапија, танц или гимнастика...
    Имам проблеми со ставот, а немам аномалија сеуште (да чукнам во дрво), само едноставно не можам да се навикнам да одам исправено (веројатно ми тежат градите, пошто не ми се баш мали :D ). Ми кажаа дека мускулот кај плешките не ми додржувал, а имам и првични симптоми на спондилоза, поради ваквиот став. Не знам како да го решам проблемот, па споделете искуства.
    Ако има ваква тема, ве молам пренасочете ме.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    Почни да спортуваш. Штом ти се слаби плешките, сигурно не можеш ниту еден склек да направиш. Јас имав проблеми со вратот, некое искривување и одев на физикална терапија еднаш неделно во текот на година ипол. Ми препорачаа да вежбам вежби за зацврстување на рацете, а со тоа и зајакнување на мускулите на грбот и вратот. Почнав и со јога и сега, после речиси три години, немам никакви проблеми.
     
    На elimkd, Ketchup, NovusOrdoSeclorum и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.396
    И јас сум малку подизгрбавен. Бев повеќе, ама почнав да вежбам, плус некои посебни вежби за грбот, сега кога стојам не сум до толку, ама кога седам не можам да сум исправен. @SV1911 на колку години одеше на физикална? Ми имаат речено дека после 18, колку сакаш исправувај се, не можеш. Ако е така, јас уште утре треба да почнам. :lol:
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    На 23 почнав Кечо. Не е точно тоа воопшто, сѐ може да се постигне ако се вложи многу труд.
    Јас баш имав многу силни болки во главата, тука (во Скопје) ми велеа не ти е ништо, напиј се бедоксин, ни ренген, ни подетално испитување. После во странција бев на невролог и ме пратија на снимање на вратот по што се испостави дека имам искривување, и ми кажаа да одам на физио терапија. Имав подобрување некое, ама не се оправи додека самата не почнав и дома секојдневно да вежбам. Ете така, ајт сега да вежбаш јога и ти. :D
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Solventna

    Solventna Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека ти тежат градите туку мислам дека можеби се срамиш што ти се поголеми па намерно одиш така за да не се приметуваат толку. Ништо од тоа што го спома нема да ти помогне ако ти не расчистиш во твојата глава дека нема од што да се срамиш. Исправи се и се ќе биде во ред,
    веројатно си во тинејџерски па затоа се срамиш од големината на сопствените гради, на крајот на краиштата луге даваат пари за да имаат големи гради а ти ги имаш па се срамиш да се исправиш.
     
  6. bella.gk

    bella.gk Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    685
    Пол:
    Женски
    Сум била кај доктор во Скопје (Капиштец ул Загребска во зградите на сава табак осигиување)Туран се вика мислам оти може да помогне за овој проблем,инаку тој е дипломиран доктор си има свој салон и работи од 8 до 13 часот од понеделник до петок.