Епа @*Лаванда* ја имаш нашата поддршка, ако сакаш отвори, секако ќе пишеме таму Може да си споделуваме и тестови за овулација, темата ќе биде после овулација ама еве ви и од мене идеја, позитивни/негативни, секакви симптоми и најбитното поддршката
Јас те советувам да ги фрлиш тие за овулација и да си купиш асални од аптека, бидејќи ми нема логика тестовите за бременост да не се во ред, а овие за овулација да бидат ок. Не порачувај веќе од интернет, купувај си од кај нас од аптека, зегин, еурофарм едни од поснабдените.
Не сум направила уште, имав обврски по дома од сабајле, немав време да купам, сега излегувам, одам да купам, па ке пишам
Секако, идеме напред, ке чекам да добијам па да идам да почнам со испитувања,бебе ке си дојде кога најмалку ке очекуваме
Ви благодарам на сите за поддршката на идејата за нова тема. Денови после овулација = two weeks wait | Фемина Форум (femina.mk) Да даде Бог само убавини да се изначитаме и што побргу да не израдува со новина Темата ја прогласувам за отворена
Женски да ве прашам дали и вас ви се намали крварењето за време на менструација откако почнавте со обиди? Јас еве втор месец приметувам дека слабо крварам, не е како пред обидите.
Да, и јас тоа го заприметив. Реков, да не му обрнувам внимание и на тоа, но изгледа дека и јас истото го поминав. Не знам зошто. Деновите си траат исто - 5 дена. Но, крварењето беше со многу помал интензитет.
Мене искрено сè ми се поремети од кога почнавме со обиди. Има месеци кога знае да ми задоцни (а порано не ми се случувало), има месеци кога навреме ќе добијам, има месеци кога ми е нормална, најчесто слабо крварам, а еднаш ми се случи и обилно да крварам. На што се должат овие промени, не знам.
Кај мене обично вториот ден е најобилен, а другите се онака. Ама, откако почнавме со обиди, сите денови ми се со иста обилност. Освен првиот и последниот ден, кои се ептееен слаби со крварење.
Мене сега првиот, вториот и третиот ми се исти, како пред тоа што ми беше третиот ден. Четвртиот и петиот колку да се рече дека имам. Не знам стварно.