Темава е само за крајната десница, не ги мешајте останатите подвидови на десничарство. Инаку, ваквата промена не е изненадувачка кога крајната левица претера со пропаганди и носење лоши одлуки.
Нема ништо да се смени. И ставовите на Ле Пен од пред неколку години и сега се ублажени. Ако дојде на власт веројатно тие ставови ќе бидат дополнително ублажени.
Европа се наоѓа во слична политичка ситуација како во 1930-те. Тогаш тоа резултираше кобно. Ќе видиме дали сега ја имаат научено лекцијата и нема да ја повторат истата грешка.
Позициите и ставовите на Ла Пен по некои прашања од вчерашното интервју за CNN се доста омекнати, не се согласи ни со терминот кој го употреби новинарката ,,крајна десница". Се дистанцираше од крајната десница во Германија (AfD) и изјави дека они (National Rally) се центар - десно. Реков јас дека оваа ќе биде втората Џорџа Мелони.
Онда да не мешаме и крајна левица со центар-лево, во Европа на власт повеќето ,,левичари" се центар, центар-лево.
Тоа која каква е, е наведено во статутот. Иако за некои лидери е ирелевантно. И да е партијата иницијално формирана како лево-центристичка, самите луѓе во лидерството и раководството застрануваат од партиската идеологија.
Денеска се одржува вториот круг од изборите во Франција, анкетите повторно покажуваат убедливо водство или ,,landslide" на крајната десница.
Да речеме дека Ле Пен ќе победи, Макрон останува претседател и пак нема да може целосно таа да си ги реализира замислите.
Не знам дали ја читаше изјавата на фудбалерот Килијан Мбапе, татко му е од Камерун, мајка му е од Мароко, и тој порача дека не сака да застапува таква Франција која се коси со неговите вредности. Во смисла ако победи Ле Пен, нема да му одговара и повика младите да не гласаат за неа. Друго, и некои политичари се откажаа од трката само да се окрупнат гласовите против Ле Пен, да не победи. Арно викаш, и да победи, нема да оствари ни пола од тоа што збори, така што исто ќе остане, евентуално ако таа победи, утре, задутре да има протести и толку. Инаку, Мбапе им е најдобар, Французите не знаат да играат фудбал.
За победување, ќе си победи, еве сега либералистиве од Макрон и комунистиве формираа коалиција и втор круг да се гласаат меѓусебно, ама нема тоа да смени многу.
Крајната десница во Франција го загуби вториот круг од законодавните избори освојувајќи 30-на места помалку од владеачката на Макрон и 60-на од левичарскиот популарен фронт.
Демек сега магично ќе се решат проблемите на народот? Небитно кој ќе е на власт народот во следните 15 години ќе биде во уште полоша состојба.
1. Исто е за народот кој сака нека е на власт. Народот си тоне во сиромаштија и прљавштина. Франција ниту како во периодот околу Француската револуција не била толку нечиста. 3. Што си осетил со Мице?
https://off.net.mk/net-roulette/lok...gHWur2MfS82lwrxjkw_aem_R96QJ6DG368fUsYmb48Ysg https://off.net.mk/nabrzinka/mickoski-kje-ja-kazham-sramnata-pridavka-vo-momentov-sum-nemokjen Ова е доволно мислам, има уште ама ќе бидам офтопик, си има теми за ова. *Анте заборави под 2.