Јас и сеуште го пијам еве веќе 3 месеци,зошто во зима најмногу ми паѓа имунитетот и заради болести...па задоволна сум до сега се супер ми е.
Јас наутро преферирам цеден лимон со мед,но пред една година толку многу ми падна имунитетот што се ’’отрув’’ од апчиња.Потоа земав капсули Имунобор околу три месеци и за среќа имав голем успех фала му на Господ сега поминувам само со полесни настинки.
^ јас ги имам пиено екомер, ама само по 1 на ден, 1 месец ги пиев, а тие треба да се пијат по 2,3 на ден капсули. Скапи се, а мене не ми се експериментираше. Обично се потпирам на Центрум, ми вршат доста работа, поготово зимно време. Летно време на овошје и зеленчук. Од сабајле на гладно обавезно јадам овошје (праска, банана, сливи..) и пред спиење исто така (диња или лубеница обично). Со секој оброј салатка. Брза храна неможам да смислам. Домашно приготвена храна, манџички, печена или варена, риба, домашно приготвени сокови... Физичка активност, одмор, квалитетен сон, многу вода, позитивност и смеење
Јас досега не сум имала проблеми со имунитетот, не сум користела никакви помошни препарати за јакнење на имунитетот... Но сега, односно пред два месеци откако дознав дека треба да ми прават операција почнав со земање на: алое вера со нони сок, масло од црн дроб на ајкула.... Сега постоперативно освен алое со нони си додадов и Спирулина, витамин Ц, Б-комплекс, витамин Е... секако обавезно свежо овошје и зеленчук (брокули, морков, диња, круши)... Малку сум во дилема дали сите овие помошни препарати се доволни, дали се добри (пак ќе потенцирам дека досега имунитетот ми е супер)??? Инаку сум фармацевтски техничар и се што ќе видам на работа веднаш отварам да прочитам и во секој препарат наоѓам нешто корисно и од толку многу информации незнам дали сум ги одбрала вистинските препарати
од кога дознав дека имам хпв почнав мн да се грижам за имунитетот пиев секакви витамини,сируп од камбуха што ли не.сега го прекинав таблетите и сум на природни витамини(овошје и зеленчук) правам сок во блендер од мешано овошје,јадам повеке салата,пилешко,риба еднаш до 2 пати неделно.храната е мн важна за одржување на здрав имунитет и нормално намален стрес.
Земав екомер денес,и сеа ми рече аптекарката да ги зимам по 1 на ден,ама прочитав на нет дека треба по 1-2 таблети 2-3 пати на ден. Некој да ги користел?Имаат ли ефект и како правилно се пијат,јас решив да земам по 3 пати на ден по 1 таблетка.
Најдобро е да ги земаш како што ти се препорачани од доктор. Без разлика што е препарат за имунитет, сепак е хемија. Да не си направиш некоја белја.
Можеш да си земаш слободно по 2-3,но по некое време намали по една.Инаку Екомер е речиси исто со Алкавит кои се поевтини ако не се лажам,можеш да пробаш и од тие.
Би сакала да знам какви апчиња/прашоци и сл. користите за подобрување на имунитетот во овој период? Дали имате совет нешто да препорачате или некое искуство со истите? Јас имам користено ацерола (но од нив имав болка во желудник) Биолектра со цинк и селен -беа добри и обичен витамин ц. Сега зедов од зегин витамини ОД А ДО З (германски и ми ги пофалија доста) -дали некој можеби веќе пиел од нив?
Што ќе кажете за сирупот Imunicomplex na Dr. Wolz, за јачење на имунитет, дали е добар, некакви мислења од некој кој го користел?
Јас го пиев лани прв пат , два-три месеци и не знам што да кажам, настинував ама лесно по ден,два. Сега пак го земав во септември испив три шишенца па се префрлив на алое. Најверојатно помага, други години како што памтам повеќе се разболував.
Ситупот имунокомплекс колку што сум информирана е единствен на пазарот по својот состав. Хо зрмав лани за лекување на гениколошка инфекција по птепотака на Др. А сега го купив по своја желба со цел да накренам имунитет и полесно да се изборам со ИБС но и да зајакнам ради исцрпувачки диареји... друг препарат немам користено