Подоцнежно стапување во брак

Дискусија во 'Брак' започната од Calla, 2 декември 2015.

  1. Calla

    Calla Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    880
    Темата е малку поопширна односно: Зошто голем дел од денешната младина се одлучува да стапи во брак малку подоцна за разлика од порано, или пак воопшто.
    Несомнено напредокот на техниката и технологијата во светот, општествениот систем имаат огромно влијание, а сменета е и перцепцијата на човекот.Дали и вие го забележувате ова и кои се вашите размислувања? Споредба со Македонија и светот...
    Доколку темата е дупла, избришете ја
     
    На crazylady, VladeMila и okcenzi им се допаѓа ова.
  2. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    845
    Vreminjata se smeneti i mnogu ponesigurni od vremeto na nasite roditeli. Moite se zele, dignale kredit, za 1 god napravile kuka, kreditot go vratile,pred vreme, cuvale dete... A bile sosema normalni vraboteni, mislam so,visoko,obrazovanie, ama ne na rakovodni mesta. Istoto mozele da go dozvolat najgilemiot del. Ne bilo problem,da kupis stan, da napravis kuka, da krenes kat itn itn. Aj sega bas da vidime, platite ocajno mali, da resis stanbeno prasanje ne e nevozmozno, ama ako nemas pomos ke vrakas krediti so decenii... Vo,sprotivno zivot vo zaednica, imame temi za toa. Plus i mentalniot sklop e smenet, edna koleska,pred penzija stalno vikase nas ni bese najvazno da se omazime, pa,otposle,mislevme za se drugo, ama veke i toa,se menuva. Pa zivotot e eden, ne treba zabwguvanje, ama,dur da diolomiras, da se vrabotis, malku da prosetas, da svatis sto sakas, ete ti gi 30 stanale... Vo svetot, zavisi kade, polesno e vo normalna,drzava kade sro mozes da se izdrzuvas od plata, ne strepis za rabota, razvodot ne,e tabu... Ovde kaj nas se e izmesteno
     
    На Tanjamm, Lady Phoenix, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Bloom19

    Bloom19 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2015
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Порано повеќето биле омажени до 22-23 години и чекале деца. Ама исто така и порано, со една плата дедо ми купил 2 стана, никогаш не им фалело ништо, на одмор оделе по 1 месец низ Далмација. Денес со две плати едвај можеш да се прехраниш и да платиш сметки. И не се само финансиски причините. Денес ја имаме слободата порано што ја немале, нема предрасуди кога сакаш да се омажиш и за кого. Лично на моите 20 години не сум способна за брак и нема да бидам сигурно во наскоро време. Сакам да имам време да го прошетам светот, да завршам факултет, да се вработам. Битно е љубов да се има, бракот е не е само договор на парче хартија туку исто така и ветување и обврска кон партнерот и не треба да се сфати несериозно, но зошто да се брза кога животот е пред нас.
     
    На makgirl, P.S.love, crazylady и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.295
    Допаѓања:
    117.901
    Пол:
    Женски
    Други времиња, други навики, други сваќања, други услови за живот...
     
    На Tanjamm, crazylady, Askopje и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    71.248
    Пол:
    Машки
    Дефинитивнo причинa се финaнсиските причини.
    А и пoрaнo луѓетo пoинaку рaзмислувaле, a денес чoвекoвите вреднoсти се сoсем изoпaчени. Кaкo штo кaжa членкaтa пoгoре нa 20 и кусур се мaжеле/женеле и чекaле децa. Меѓутoa, пoрaнo имaле бaрем мaлку пoвеќе пaри и им oстaвaле нa свoите децa, внуци куќa и сл. Еве, ќе збoрaм личнo зa мене. И јaс не сум спремен зa брaк нa oвие гoдини иaкo некoи нa мoјa вoзрaст некoи се вo брaк и чекaaт бебе(ги пoзнaвaм личнo). Првo, сaкaм дa си зaвршaм фaкултет, дa се врaбoтaм сo некoјa сoлиднa плaтa, дa прoшетaм пa пoсле дa стaпaм вo брaк и дa се oствaрaм кaкo рoдител, кaкo тaткo. Кoгa ќе кaжaм декa сaкaм дa се oженaм oд 30-35 сите викaaт ти си ненoрмaлен, стaр ерген ќе се прaвиш. Тoa гo кaжувaм зaтoa штo кoгa ќе се врaбoтaм сaкaм дa се oдделaм oд дoмa, дa живеaм сaм. Не бaрaм не знaм кaкoв стaн, меѓутoa еднa гaрсoниерa зa пoчетoк дoвoлнo ми е. Бaрем oд некaде дa пoчнaм. Ми викaaт пa дoмa женa ти ќе си јa дoнесеш. Тoa немa шaнси. Кaкo првo,јaс личнo не сaкaм дa дoнесaм женa дoмa и дa живееме сo мoите, a тaa пa ич немa дa сaкa. Не сaкaм дoмa дa се стискaме, дa пaзиме. Немaш никaквa привaтнoст и сегa јaс дoдекa имaм oднoси сo иднaтa требa дa бидеме тивки и дa пaзиме дaли некoј ќе влезе или не. А вaкa, кoгa би имaл свoј стaн, aкo сaкaм и гoл ќе шетaм. Јaс ствaрнo не мoжaм дa рaзберaм кaкo некoи мaжи сaкaaт дa живеaт сo нивните рoдители. Штo би дoбиле сo тoa? Прoблеми - темaтa зa снaи и свекрви е пoлнa.

    Еве, јaс немaм пoмoш oд никoј и никoј ништo немa дa ми oстaви. Ниту пaри, ниту стaн. Сетo тoa јaс тррбa сaм дa гo пoстигнaм. А, еве брaт ми oд дедo ми стaн ќе си дoбие пoсле негoвaтa смрт кaкo нaследствo. Ситуaцијaтa би билa пoинaквa aкo некoј би ми пoмoгнaл дa се средaм. Еве, сoпругoт нa мoјaтa брaтучеткa дoбивa пoмoш oд тaткo му, и нa негo и нa сестрa му. Дури и куќaтa нa сестрa му јa среди, a нa негo му пoмaгa финaнсиски и му пуштa нa сметкa секoјa сезoнa oкoлу 1.000-1.200 еврa. Пa и тoa е пoмoш. Амa ете, секoј сo свoјaтa среќa...или несреќa. Јaс немaм нa кoгo дa се пoтпрaм и дa пoбaрaм пoмoш.
     
    На P.S.love, Someonespecial, samovila.red. и 24 други им се допаѓа ова.
  6. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.773
    Допаѓања:
    194.146
    Пол:
    Женски
    Секој стапува во брак тогаш кога смета дека треба да стапи.
    Многу едноставно.
    За брак се потребни повеќе вредности кои го сочинуваат како таков а тоа се како прво и основно финансиите и материјалните добра, работата, компактибилноста кај двајцата партери, компромисот и обостраната желба, љубовта итн, крај краева секој брачен пар си има свој карактер, гледишта и став за работите кои што смета дека се потребни за самиот брак.

    Јас не сметам и не гледам логика околу староста што вие ја опишувате, јас бракот го гледам и го разбирам како свет чин помеѓу двајца кој што стапуваат кога сметаат дека е потребно и дека им е време, секој со своите желби.

    И не, воопшто не гледам дека стапуваат во старост туку напротив, наоколу гледам дека се помлади девојки стапуваат во брак.

    Годините се индивидуалност, секој различно ги живее и ги доживува истите, исто така не можам да кажам некој конкретен факт на темава бидејки го нема.
     
    На crazylady, Ginger^, MacenceEna и 8 други им се допаѓа ова.
  7. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.471
    Пол:
    Женски
    јас имам 27 години , да сум била заљубена и љубовта да ми била возвратена , едноставно да го најдев вистинскиот ке бев мажена до сега , мислам нема што да се чека ако има права љубав
     
    На tigrica92, crazylady, samovila.red. и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    1.820
    Допаѓања:
    26.082
    Јас се чувам и од сериозни врски, затоа што тоа резултира со брак. Едноставно имам преголема желба за деца, но немам пари сама леб да си купам, а камоли па деца да ранам.
    Најголем страв во животот ми е дека никогаш нема да пркнам од сиромаштија, и ќе си останам без дечиња...
    Никогаш не би дозволила децата мои да се мачат како мене, само затоа што сум сакала деца да имам.
     
    На Belgin1, crazylady, samovila.red. и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Calla

    Calla Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    880
    Мене ми е загрижувачки и фактот што воопшто не стапуваат во брак. Еве, само во зградата каде што живеам,да не зборувам подалеку, не се еден двајца, може да се набројат тие што се неомажени/неоженети, а веќе ги газат годините, среќа ли е, храброст ли е.... па генерациите на нашите родители, не познаваме пријатели и роднини да останале сами,
     
  10. Kenzoo

    Kenzoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    1.221
    Пол:
    Машки
    Моето лично размислување читајќи ѓи претходните постови не се согласувам што сите ке кажат од финансиски аспект, како порано праеле по 5-6 деца па во една соба порастени па секој по својот пат ке си излези на некоја страна, тоа како прво а како второ значи друго е дете да имаш од 25 до 30 години на тој период ќе можеш и да му помогнеш потрпелив ке бидиш како родител све тие работи, а после 30тата не е исто првин и првин размислувањата РОДИТЕЛ и ДЕТЕТО конверзија никаква различни размислувања...3то некој што викаат работа апрвин а работа ако најдеш по 5 години и што правиме после така ако чекаме нема баш време за се тоа времето си течиии...Сепак ке кажам мое размислување е ова.
     
    На stetoskop и VladeMila им се допаѓа ова.
  11. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.471
    Пол:
    Женски
    затоа што имале таков живот живеелее 10 души во две соби нагнетени , од немаштијата носеле алишта крпени од поголемите брака и сестри , трпеле за леб , им било тешко и затоа решиле нивните деца да не го поминат она што го доживеале самите тие
     
    На Tanjamm, okcenzi, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Kenzoo

    Kenzoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    1.221
    Пол:
    Машки
    Ете сум јас порастен здрав жив татко ми 4 деца биле ете ги сите средени... не можи одма сакаме посебно да живееме ЛУКСУЗ е то .... не може така мора да се помачиш малку ..а иначе ако нема деца за што ЖИВЕЕМЕ која е смислата на животот?....
     
    На stetoskop и VladeMila им се допаѓа ова.
  13. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.471
    Пол:
    Женски
    во ред , никој не рече нема деца , туку прво да се печалат пари за стан , кола , да се отиде на море , а времето си лета ,годините си газат за тоа зборуваме , бидејки не се заработуваат пари преку нок , бидејки не се купува така лесно стан , и заради тоа е поместена границата за брак
     
    На stetoskop и VladeMila им се допаѓа ова.
  14. Kenzoo

    Kenzoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    1.221
    Пол:
    Машки
    Значи пак како што реков ЛУКСУЗ.... јас лично до 12 години со мојте спиев..па еве ме сега си направивме куќа и пак сите среќни и весели... А шетање кола тие работи... прераснува во ЛУКСУЗ.... пред се би ги ставил децата... нешто да оставиш на овој свет (ПОТОМСТВО).... А на шетањето и луксузите им нема крај....
     
    На stetoskop и VladeMila им се допаѓа ова.
  15. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.471
    Пол:
    Женски
    да имаш покрив на глава и своја кола не е луксуз !
     
    На stetoskop, calliope, okcenzi и 9 други им се допаѓа ова.
  16. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.132
    Допаѓања:
    20.660
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема што да те загрожува. На кој кога му дошол вистинскиот момент тогаш си се мажел/женел.
    Ај кажи ни твојот статус каков е години, брачна сосотојба, деца/ без деца.
    Еве за мене. Бев во среќна врска повеќе од десет години, од кои последните две живеевме заедно, на 34 години мои стапивме во официјален брак (зошто тоа претходното беше не официјален ваљда)сега имам 35 можам да кажам дека имам среќен и функционален брак и прекрасно бебуле. Ако 34 години се покасно стапување во брак, да таа сум.
    Ама знаеш што 15 години ме збореа и мене како ти што ги именуваш тие од зграда леле неомажена остана, ту џабе факултетот, ту ту .
    Едно ќе ти кажам СЕКОЈ СО СВОЈА СРЕЌА И ВО СВОИ ФИЛМ. Некој чека луда љубов, некој добри услови, некој да заврши школо, некој па само што побрзо да се омажи. ПРАВИЛНО НЕМА. Ова е само мое мислење.
     
    На stetoskop, presiosaP, P.S.love и 22 други им се допаѓа ова.
  17. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    14.326
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека она доколку си помлад ќе имаш повеќе трпение за децата е тотално неточно.
    Демек ако родиш во раните 20ти и ќе можиш подобро да ги одгледаш оти ако родиш на 30 дури да порасни стар ќе си.
    Баш напротив, секако со многу исклучоци.
    Неодамна една познаничка на 19 се породи. Е таа нема трпение ни посветеност за детето. Неа му се излегува на кафе ја гледам детето дома на свекрвата му го остава со другари си излегува и тоа е сосема нормално за таа возраст. А доколку подоцна се роди детето баш се посветува мајката. Бидејќи тоа е нормалниот тек на работите. Се си има свое време, тинејџерските години за лудување за излегување, доцните 20ти за семејство, деца, кариера итн.
    Глобално, не сакам никој да се навреди бидејќи ова е мое мислење, вистинско време за стапување во брак НЕМА. Баш секој со индивидуалните сфаќања, ситуации, можности, желби, приоритети и така натаму.
    И стварно е невкусно да се суди и некој што стапил во брак на 17, и некој што стапил во брак на 35.
    Лично јас би сакала после 27-28 да стапам во брак бидејќи мислам дека до тогаш ќе успеам да си ги остварам останатите цели во животот и потоа ќе можам целосно да се посветам на најскапоценото нешто во животот-семејството!
     
    На stetoskop, crazylady, samovila.red. и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.257
    Мене бракот како институција не ми се допаѓа.

    Според некое мое субјективно гледиште премногу е конструктивен и монотон за мој вкус. Тврдам дека никогаш нема да почувствувам среќа во една ваква заедница, без оглед на моите години, или партнерски критериуми. Од причина што по природа сум слободен и бунтовен човек. Меѓудругото, еден од моите најголеми соништа е еден ден да заработам доволно пари за да можам самостојно да се издржувам, а добар дел од заработката да го давам директно во рака на луѓе кои сметам дека им е неопходен. Нивната сатисфакција би ми била повеќе од доволна. До душа тоа и сега го правам, но сметам дека не е доволно и треба повеќе. Многу повеќе, но сум свесна за можностите, и разликата од идеја до реализација. Како и да е, не негирам дека можеби еден ден ќе се променат моите размислувања, само познавајќи го својот див и нескротлив дух, знам дека нема да можам долго да опстојам во улога на домаќинка, полагач на сметки, а уште помалку родител. Дури и по обостран договор со партнерот да нема вакви барања, мојот одговор би бил идентичен.

    А што се однесува конкретно до темава, не мислам дека финансиите се пресуден фактор, како што многумина потенциира. Не, не велам дека не се битни, таман работа. Само сметам дека луѓето и без тоа станаа премногу покварени и неискрени. Ги изгубија своите души во трката по престижот, славата, и обидите за калапирање под општествениот квази - шаблон. Па, не е ни чудо што сите овие социо - економски нус појави динамично проткајани во нашето секојдневие, придонесоа да се случи една ваква психолошка "oдбивност" од страна на младите за брак.
     
    Последна измена: 3 декември 2015
    На stetoskop, crazylady, samovila.red. и 8 други им се допаѓа ова.
  19. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.471
    Пол:
    Женски
    Е ова сакав да го слушнам :) бравооо , ова ти се вика Карактер ! :)
     
  20. Kenzoo

    Kenzoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    1.221
    Пол:
    Машки
    Мој статус Пресреќна 5 годишна врска, имам 24 Години, Годинава здравје и живот свадбаа, зошто чекав да заврши со школување. Иначе бебулето нека ти е здраво и живо и секако не останувај со едно :)
    А да се надоврзам на тоа што викаш дека именувам не гледам каде во постојве именувам не е мажена уште џабе факултет туку кажав мислење за деца што не сакаат и против тоа што викааат да се среди стан одма кола одмори, па без мака нема во животот мора малку да се помачиш и се ке средиш ако чекаш на тоа не можеш никогаш да престигниш.
    СЕПАК НАПОМЕНАВ УШТЕ ВО ПРВИОТ ПОСТ ТОА Е МОЕ МИСЛЕЊЕ БЕЗ НАВРЕДА НА НИКОЈ.
     
    На stetoskop и VladeMila им се допаѓа ова.