1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подоцнежно стапување во брак

Дискусија во 'Брак' започната од Calla, 2 декември 2015.

  1. Kenzoo

    Kenzoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Машки
    Да те сваќам се тоа што кажуваш, за све има време нормално да не се претерува инаку како што кажуваш ти секој може да си шета зошто да не, но ттреба внимание и на семејството а тоа неиживеаното во тебе може да трае долго, зависи како си растел ако не си поминал на 18-19-20 ке го поминуваш покасно. Јас лично сакам да бидам Млад Родител здравје боже ако даде ГОСПОД со негова волја... Мене веќе иживеано ми е све кажувам за мене и мислам дека Семејството е најубавото нешто во животот кажувам за мојата ситуација.
     
    На stetoskop и VladeMila им се допаѓа ова.
  2. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Само сакав да потенцирам дека годините всушност и немаат многу врска со трпеливоста и со тоа колку некој ќе биде посветен родител.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kenzoo

    Kenzoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Машки
    Да но напомена и дека излегува шета со другари тоа е сето неиживеаано, за мене 25 Година е идеална....А годините како што кажуваш ти ме потикнуваат на размислување од АСПЕКТ на тоа, мојте родители да видат внучиња да па тие да ги чуваат нормално на работа некогаш ке задоцниш до покасно или општо на свадба некаде ке одиш или ке излезиш, тоа е голема помош од родителите, кога ке почниш да размислуваш подлабоко така е, зошто сум растен со баба и дедо и тоа беше многу олеснително за мојте родители,веќе кога гледаме финансиски да не го носиш ппо градинки, а некој на пример родителите да речеме едниот или двајцата не се живи веќе кога ке имаат деца значи го кажувам моето лично размислување, ова го повторувам за никој да не се навреди туку само да си дискутираме на темава секој со својте ставови и мислења.
     
    На stetoskop и VladeMila им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    За да не сменам мислење уз пишењето, решив откако ќе го пуштам ова мислење да ги прочитам останатите.
    Мислам дека главна причина се приоритетите и можностите од едноставна причина што порано една просечна жена имала една цел во животот - да се мажи, да гледа куќа, да гледа деца, да има маж покрај себе. Немале огромни можности за школување и доколку имале ретко кои ги користеле. Денес, приоритет е да се има стабилна работа, а за тоа завршен факултет, успешно образование, па дури на крај љубов, маж, деца, куќа. Се има можности за интелектуален напредок и секој гледа максимално да го користи тоа.
    Втор фактор мислам дека е околината. Тоа што повеќе луѓе од (хипотетички) речено, горенаведените причини, формираат мислење дека е исправно првен да завршат факултет, да се изживеат, да го видат светот (дали зошто гледаат дека други живеат така, дали родителите велат „јас не видов - види ти“ и сл), под влијание решаваат да одложат формирање семејство.
    Како трет фактор ќе го наметнам неможноста за наоѓање животен сопатник. Веројатно до сега сте сретнале повеќе од еден човек кој сакал рано стапување во брак ама ете до сега не му се потрефило.
    И како последна причина сакам да ја наведам незаинтересираноста и негледањето на брак како на нешто битно. Многу луѓе едноставно бракот денес го гледат парче хартија. Не им е битно дали се во брак или не доколку имаат партнер и разбирање со партнерот и оформуваат семејство со тој партнер. Порано, дали религијата, дали традицијата, налагаше да се вечаат, сега на тоа се гледа само како формалост, скапа формалност, кој некои сакаат да ја одбегнат.

    Јас лично, ако стапам во официјален брак веројатно ќе биди да не настани каење подоцна во животот, ама во никој случај неќам голема свадба. Неќам ради тоа што е непотребно скапа формалост. Ако јас го сакам партнерот, ако тој ме сака, ако сме среќни заедно, ако имаме разбирање, не гледам причина зошто тоа да биди врзано врз хартија. Приоритет ми е да завршам факултет и да застанам на мои нозе пред да почнам сериозен заеднички живот. Не знам шо носи животот. Не дај Боже, не бидни заедничкиот живот, па ќе трчам назад кај мама и тато да ме издржават? Не, сум се одделила, сум почнала мој живот надвор од таа куќа. Сакам да бидам доволно финансиски стабилна да можам да се издржавам себеси. Можам да се вратам ама веројатно нема да се осеќам прикладно таму. Ама ова е нели, само мое мислење.
    Стапување порано во брачните води бездруго секогаш ми било малку примамливо, привлечно ама секогаш сум гледала на тоа како крадење на нечија слобода. Главно ради децата. Не дека неќам деца, да не се сфатиме грешно ама еве јас имам 19 години, не се чувствувам способно да чувам дете. Сакам деца, сакам три деца. Ама јас сум уште дете за да седнам да чувам друго дете покрај себе. Можеби можам, ќе се трудам, ама не сум ментално спремна. Од друга страна па толку ми е привлечно тоа „млада мајка“ уфф
    Е како ќе биди ќе видиме, можи утре ќе дојдам ќе речам дека ќе се мажам :lol: :rofl:
     
    На stetoskop, Victorian, Momichka и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Bloom19

    Bloom19 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2015
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.604
    Пол:
    Женски
    Луѓе што не успеале да си најдат партнер во текот на животот имало и секогаш ќе има. Причините се различни, но некои се си и самите криви. Конкретно, мој роднина, сеуште неженет на 50 години излегол на состанок со жена и и се обратил баш со "Слушам дека многу си ме свиѓала", проследено со уште неколку пропратни коментари. Жената станала и веќе не се вратила. Едноставно не знаат како да се постават со други луѓе, немаат ли среќа или трема ги фаќа, не знам што да кажам повеќе.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kenzoo

    Kenzoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Машки
    Хахаха ме потсети на мене и јас сакам 3 а може и 4тото со двоумење сум :) премн сакам ... Секој си имаме по некоја среќа кој порано кој покасно... И кај што нема велам господ да дава :)
     
    На stetoskop, VladeMila и theowndemon им се допаѓа ова.
  7. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Е добро де јас не велам дека сакам на 56 да се мажам.
    Проста математика. Ако родам дете на 30, за 9 години, татко ми ќе има 65 години. Таман дедо.
    Мислам би сакала јас внуче да си гледа ама не можам јас да го планирам животот според тоа.
    Затоа викам секој индивидуално.
    И на крај краева на 95% од луѓето планот никогаш не му излегува.
    Така да џабе збораме тука сите, кога всушности никогаш не можеме да знаеме како ќе биде и како би било поинаку да беше.
     
    На Mishela и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  8. Kenzoo

    Kenzoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Машки
    Дефинитивно како што кажав секој со свој став и размислувања затоа дебатираме :) ..само ако не викнеш на свадба..
    Најпрвин здравје другото све ќе си дојди.
     
    На VladeMila и s1a1n1d1r1a1 им се допаѓа ова.
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Не можеш така да калкулираш со годините. Никогаш не се знае што ти носи животот и колку долго ке живееш. Има млади луѓе што за жал се разболуваат, гинат, и не дочекуваат ни децата да им пораснат, но има и такви кои релативно покасно стапиле во брак па за срека имале добро здравје и долг век па доживеале се, и внуци пораснале.
    И коа више глеаш така нашите баби и дедовци одеа во пензија на 50+/- некоја година, додека нашите родители треба да чекаат 62-64 години што не би можело да ги чуваат нашите деца како што нашите баби и дедовци не чуваа нас.
     
    На P.S.love, ani.ani1, Oneo и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Kenzoo

    Kenzoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Машки
    Затоа го пишав ова погоре не знам дали виде ,,
    ,,Дефинитивно како што кажав секој со свој став и размислувања затоа дебатираме :) ..само ако не викнеш на свадба..
    Најпрвин здравје другото све ќе си дојди "
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Не се само финансиите причина за покасно стапување во брак. Друга причина е што младиве сакаат да шетаат. Прво сакаат да си уживаат додека се сами, па после тоа да стапат во брак.
     
    На Kenzoo и VladeMila им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Мнозинството од мојата околина смета дека кариерата е поважна и затоа се одлучува подоцна да стапи во брак. Сметаат дека треба најпрво да го завршат факултетот и да се вработат. Исто така, не сакаат својата младост да ја поминат менувајќи пелени, сакаат да си проживеат, да се усовршат итн. Порано најважно било тоа да се создаде семејство, но сега некако сите кариерата си ја ставаат на прво место. Всушност, за да стапиш во брак и да родиш деца потребно е да си финансиски спремен во ова денешново време. Јас во еден период сакав на 25 години да стапам во брак и да го имам првото дете, но сега старосната граница ја зголемив најрано на 28 годишна возраст. Не сакам да си ставам "синџири" додека сум премногу млада, мајка и сопруга ќе бидам цел живот, но сега сум девојка и сакам да уживам колку што можам повеќе во мојата младост
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.594
    Во однос на тоа дека порано се мажеле млади, а сега стари, која и да е причината (викате пари, околина и слично) имам да ви кажам само следново: Баба ми и дедо ми се венчале кога имале по 30 години, што за тоа време биле стари луѓе. НО, нив им било поважно нешто друго освен брак и деца- баба ми сакала игранки и убав маж, па додека не се изнауживала, не се мажела, а уште помалку ако мажот кој нудел брак не е најубав во градот.
    Дедо ми сакал кариера, и откако ја направил во Белград, решил дека треба да се жени и да има деца.
    Тогаш се запознале и се венчале, сами дома, со поп, во 12 на полноќ (комунизам, не дозволувале црковен брак). Граѓански брак склучиле пред да тргнат децата на училиште, тогаш не давале невенчани да праќаат деца на школо.
    Баба ми решила дека не сака да живее во Белград, дедо ми дал отказ, па од 0 имот, сами граделе дење и ноќе куќа од камен и ја направиле по 5 години и создале деца.

    Татко ми така воспитан, дека крајната цел не е брак во животот, се оженил на 30, а и јас, исто така. Ништо не е фактор за рано/касно мажење или женење, освен критериумите и желбите на поединецот


    Па така, јас останав со ставот дека треба да се склучи брак кога се сака, а не кога треба. Не кога ќе можат родителите да ви бидат дадилки, па да се раѓа. Ништо не треба да се темпира. Не значи дека ако се омажи некоја на 20 нема веќе шетање во животот. Тоа значи само дека лошо се омажила. Може да шета и со маж и низ светот. Мажот нема синџири.

    Кензо, дали освен тоа што ке внимаваш на возраста на твоите родители пред раѓање, ќе внимаваш и во кој град се мажиш/жениш? Оти и да се способни твоите за гледање внуци, ако се иселиш некаде 400 км подалеку, тешко дека ќе гледаат деца. Семесјтво не се формира према родителите, туку према партнерот.
     
    На cloud, samovila.red., Victorian и 17 други им се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Сакав да се надовразам и да прокоментирам за "порано" како и што овој термин се спомнува низ многу други теми.
    Ти сево ова што го наброја е точно но повеќе од точно е тоа што "порано" луѓето не знаеле и не разбирале за поголеми видици, за модерен и скрап живот, не разбирале од скапи предмети и технологии, не разбирале и скоро немале ништо што денес постои, не знаеле за одмори и патувања итн. Па сето тоа нивно живеење било такво какво што било според нивниот живот и ред.

    Затоа (зборувам генерално) нема потреба да се дискутира за "порано" туку за денес, порано и денес не е исто, порано завршило а денес е нашата денешница. Сето ова кое било порано не е денес и никој не може да споредува порано со денес, колку деца имале и кога стапувале во брак.
     
    На julie77, Bender Rodriguez, VladeMila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Kenzoo

    Kenzoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Машки
    Не внимавам на тоа,но мене ми се погоди од мој град (во комшии живее :) )... и како што реков долгогодишна долга пресреќна врска имам.
     
    На stetoskop и minne992 им се допаѓа ова.
  16. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    И само да се надоврзам дека тоа "порано" е многу широк поим. На кое порано мислите? Пред 5, 10, 100, 1000 години...?
    Различни периоди, различен начин на живот.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Јас пак не сфаќам како тоа се генерализира и повторно на некои им е тешко да сфатат дека секој е различен. Ако на некој бракот му е животно дело, на друг не му е, ако на некој смислата за животот му се децата, на друг не му се.
    А што се однесува за стапувањето, кој сака да стапува во брак, го прави кога е подготвен. Просто и едноставно, нема нешто такво, како порано или покасно.
    :d::drunk:
     
    На Waka-waka, julie77, Captain-Omni и 7 други им се допаѓа ова.
  18. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Само уште ова ќе кажам. Често слушам демек на млади години полесно деца се чувале. Јас негирам. Во моите дваесети години бев нервозно човече кое избувнуваше за малку. Бев на краток фитил со нула толеранција. Е искуството направи дека некогаш треба да тактизирам и да толерирам. Тогаш да растев дете мислам ќе бев најисфрустрирана мајка на цел свет. Дали искуството и премрежјата кои ги поминав во животот, дали тоа што си ги средив животот во смисла на работа, живеачка, партнер јас сум многу по релаксирана личност. Ништо не ми е тешко, ретко кој успева да ми го расипе денот. Мислам дека во вистинско време станав мајка.
     
    На papillonP, samovila.red., vitamina и 7 други им се допаѓа ова.
  19. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Хмм..
    Уште една од "проблематичните" теми кај што ќе се потепаме :rofl:

    Кој кога сака тогаш нека си се мажи/жени. Кога се осеќате спремни, сакани, финансиски подкрепени или било која цел/план што си го имате во врска со темава.

    Сега ќе кажам лично мислење за мене и не сакам да ме цитираат ако не му се допаѓа некому.

    Јас од оние кои сакам "порано " да се спастрам хаха. 25,6 некако мене ми звучи тамански пошто сум личност која е потака сериозна во животот и со такви барања.
    Не знам што како ќе се одвива ете така иам некоја желба за тие години за да можам подоцна да си се посветам на специјализацијата и доедукација, а притоа да го фатам и биолошкиот часовник и да се остварам како мајка и сопруга а подоцна и успешна докторка.
    Како што ќе биде не знам. Ова е една ориентациона мисла која може а и не мора да се оствари. Во секој случај млада сум уште, студиите се долгогодишни и онака :rofl: па здравје боже за иднината.

    Останете ми поздравени,
    Харт :l:
     
    На VladeMila, Lady Phoenix и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Да де така е и после коа ќе подпораснат децата праќај ги да аргатат пп туѓи ниви. Рани ги со сува кришка леб и расолница. Добро ова може го знам јас за посиромашните селски семејства, но како и да е и денеска е слично кај некои. Во брак се стапува врз основа на повеќе фактори, да ги тргнам финансиите на страна. Бракот е обврска чии барања доаѓаат сами по себе и доколку не се задоволат почнуваат проблемите. Ги гледам моја генерација 23 години се омажија/оженија лично ме ги разбирам. Зошто не ги разбирам, зошто реално се неиживеани сеуште и замислете си кога ќе дојде до потребата да се иживеат некој пропуштени работи еве да речам. Доаѓа до варање, расправии па недајбоже и разводи... Гледам деца почнаа да чуваат деца, во лој правец ти ќе го насочиш тоа дете се чудам. Кога во тие години избувливоста е пред се, толеранцијата и трпението не се се сеуште стекнати како карактеристики сеуште. По мое мислење идеална возраст е 26/29 години. Пред се тогаш размисливањата се поцврсти и одлучни што сакаш понатаму, конкретно знаеш каков животен сопатник сакаш да потешко е за нијанса кога имаш оформено мислење за кое да биде комплетно го наоѓаш човекот но не и невозможно. Секој со своја среќа, но брза кучка слепи кучиња раѓа. Затоа уживајте без многу грижи околу па коа ќе се омажам, дали ќе се омажам, животот е еден!
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.