1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подоцнежно стапување во брак

Дискусија во 'Брак' започната од Calla, 2 декември 2015.

  1. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
    Што има тука лошо некој подоцна да стапи во брак и подоцна да има деца? На крајот на краиштата, секој треба да си гледа во својот двор, наместо да се „грижи“ што се случува во туѓиот.

    Еве, јас сум една од тие што подоцна ќе се омажат. Иако сум цели 8 години во врска и веќе живеам со мојот иден сопруг (значи јас всушност живеам во вонбрачна заедница и можам комотно да го нарекувам мој сопруг) сепак сакам прво да ги завршам постдипломските (кои поради здравствени причини при самиот крај многу ми се развлекоа), па потоа да се мажам. И знам дека ќе имам проблем со вработување, затоа што се' што сум работела до сега било надвор од струка и не ме пријавувале за да ми тече стаж, но јас тоа го имам прифатено како нешто „нормално“ што се случува во нашата земја. А ќе имам проблем, затоа што ќе се омажам и затоа што ќе ми се ближи времето за имање деца, кои не планирам баш во блиска иднина да ги имам. За да имаш деца, треба пред се' да сте ти и твојот сопатник психички спремни, а јас не сум. И не ми е гајле што зборуваат тие околу мене. Тоа дете треба некој да го гледа и да го воспитува, а што ќе сум му јас со проблеми со здравјето? Нејсе, направив малку поголема дигресија во однос на тоа што сакав да го кажам, а ќе го кажам сега генерализирано (секако дека постојат исклучоци).

    Времињата на нашите баби, па дури и родители и нашето време се тотално различни. Нашите стари имале „едноставен“ живот од аспект: се раѓаат и растат во голема семејна заедница, одат на училиште, потоа најчесто се работи на нива од утро до мрак и се мажат/женат помлади, раѓаат деца во голема заедница... Сличен циклус. Работата им е по ниви или домашно производство. Заедно се најчесто (освен оние кои заминале на печалба во странство), но во глобала голем дел од времето го минуваат заедно.

    Нашите родители живееле во малку поинакво време. Тие имале можност и да се дообразуваат, т.е. високообразуваат, но пак голем дел од нив тоа не го направиле, бидејќи системот од нив тоа не го барал како задолжителна обврска. Секој можел да најде пристојна работа, да заработува многу со било какво образование и струка и да си има дури и свој дом, да тера одмори, тури итн. И тие често пати во 20-ите години се венчале.

    Денес е нешто сосема друго. Се' е претрупано, животот е прединамичен, буквално на трката до одредена цел трчаш главечки, буткаш се' пред себе, па дури и се сопнуваш на оние кои некој пред тебе ги бутнал. Зафолжително високо образвоание - работа слабо. Или не си соодветно квалификуван, па мораш да работиш работа како да си со ССС, а си инвестирал во образованието, или си преквалификуван, па не те примаат. Или немаш работно искуство, а никој не ти дава да го стекнеш. А да не зборувам па за оние кои се вработиле и на кои им велат дека бркаат кариера, а тие всушност немаат време ни со партнерот да се видат, а камоли дете да прават, зашто се експлоатирани и висат на закачалка на работодавците.

    Зошто го зборувам ова? Затоа што од една страна се' погласно се зборува како модерниот човек треба да биде самостоен од млади нозе, а од друга страна, државата ни е катастрофа и не го овозможува тоа. Па така, младите работат или за мала плата или заминуваат во странство да си бараат подобри услови кои често и не се подобри, ама подобро се плаќа надвор. За да може да се вратат или да останат и самостојно да живеат во посебен дом.

    Сума сумарум, додека се создаваат сите основни услови за едно дете и семејство, времето минува. И не се сложувам со тоа дека на младите им е битно шетањето, па затоа „доцнат“ со оваа работа. Младите се борат за егзистенција и создавање услови за брачен живот и дете, затоа што тука реално тешко оди тоа. Не е лесно нормално платена работа да најдеш, а дете без никакви финансии не се гледа и тоа на секого треба да му е јасно. Правени се математики по други теми за тоа.

    Ете тоа е. А биолошкиот часовник отчукувал. Требало порано да се раѓа зашто после потешко одело. Тоа е веќе друга тема. За тоа треба да се запрашаме што дишиме, со што се храниме, и што се' не' зрачело, за сега да имаме млади луѓе болни од разно-разни болести и млади луѓе кои имаат проблеми со зачнување, па после и со водење на бременост. А здравствениот систем да не го ни спомнувам.

    И тоа. Постарите не можат да ги разберат овие работи, а од друга страна државава ни старее, повеќе пензионери има, отколку млади и новороденчиња, па ела разбери се со нив.

    Ајде доста беше, и така премногу информации ставив во мислењево.
     
    На crazylady, papillonP, iki26 и 25 други им се допаѓа ова.
  2. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Ne osuduvam nikogo, ni onie koi stapile vo brak pomladi ni onie postari.koga im doslo togas.poznavam i takvi i takvi i obata slucai se srekni.taa sto se omazila i rodila na nepolni 18 denes e mlada majka, zgodna, doterana, ima finansii dovolno, so maz i na odmor si ide sekoja godina sama so drustvo posto kerka i ima 26 god magister e i si e mn ok.vtoriov slucaj e zena koja rodi na 47 god.vtoro dete, vtor maz( ljubovta na nejziniot zivot)
    Zenava vika ako nee malata vika doma ke bideme penzioneri, dojdi od rabota i sekoj na svoja strana a vaka sakale nejkele malava ne zblizuva.i taa podmladena, zgodna srekjna.
    Se omaziv na 28 ipol na 29 prvo dete na 34 ipol vtoro.neznam dali se vodam vo staromazena ili ne:)
     
    На crazylady, samovila.red., CrazyOne и 3 други им се допаѓа ова.
  3. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    28.177
    Пол:
    Женски
    Според мене кому како му одговара така нека прави.Ги подржувам и тие што порано се мажат/женат и тие покасно.Од лично искуство се омажив на 22 и не ми е криво одучивме со мм една година да уживаме да шетаме па после детенце.Ама не иде се по планот прво ние не сакавме дете потоа тоа не сакаше.Родив дури на 25 не можев да останам бремена скоро 2 години.Му благодарам на господ за детето.Каде што работев како немажена девојка газдите ми беа релативно млади.Имаа склучено брак на нивни 18 години двајцата врсници се,имаа бизнис шетаа ама деца не можеа да имаат тек кога почнаа да се спремаат за инвитро таа остана бремена на 29 години,а потоа одма и со второ на 31.Додека пак тетка ми се омажи на 39 ,заврши два факултети бркаше кариера се вработи според струка со добра висока плата,остана бремена на 41 заради ризична бременост цело време беше на боледување и не одеше на раб,кога и заврши породилното што заради детето,што заради нејзини лични здраствени проблеми ја напушти работата.Малиот сега има скоро 5 година а таа при 2 завршени факултети седи дома само сопругот работи.Така да секој со својата среќа.Само нека сме сите живи и здрави.
     
    На VladeMila и tina-63 им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Јас сум за подоцна стапување во брак.
    За брак мора да се созрее.Не е секој зрел.
    И цифрата на годините не е знак дека си зрел, секогаш има исклучоци.
     
    На crazylady, samovila.red., Daydream и 4 други им се допаѓа ова.
  5. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    Тоа што се зборува - е на времето како растеле 5 деца во сиромаштија - воопшто не с споредува со денес.
    такви биле условите порано, немале интернет, немале телефон на жица а камоли без жица :), немале кукли, играчки...тогаш се играло со кал.
    Се е различно, се па и сфаќањата.
    Јас не сум материјалист, но искрено сама заработувам - работам две работи, за да можам сама да си платам одмор, сама да си купам облека и да одам на кафе.
    Но кога некој ќе ми рече, не одам бре за 10 000 плата подобро дома ќе седам, а од друга страна го пристискаат да се омажи/ожени....е тоа неможам да го разберам.
    фамилија не се гледа со дома седење и терање инает.
    врти сучи, се е околу парите....а дали тоа има врска до подоцнежна одлука за брак - не би рекла баш, ама пак не сум паметна да знам :)))
     
    На Kenzoo, Tanjamm и okcenzi им се допаѓа ова.
  6. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Дефинирајте ми што значи подоцнежно! Подоцнежно може да значи после 25, може да значи после 30, после 35 или после 40тата година во животот.Едно време подоцнежно значеше после 30, сега во зависност од средина на 30 години или е тамам или е премногу доцна бидејќи во последно време секоја втора штом заврши факс се мажи оти е бремена, без разлика дали е вработена или не е. Истото некако важи и за постарите како ако не останат бремени нема да се омажат. Најчесто во помалите градови од 27 па натаму е веќе доцна за стапување во брак. Во Скопје каде повеќето се насочени кон градење кариеа, 30 години е некако дифолтна возраст. Што се однесува до мене јас ќе се омажам кога ќе имам доволно пари, не планирам бракот да го крунисам со кредит и славната „Ве молиме доколку сте во можност поклон во плик“.
     
    Последна измена: 4 декември 2015
    На crazylady, papillonP, samovila.red. и 13 други им се допаѓа ова.
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Иделен период и возраст на склучување на брак не постои, како што не постои ништо идеално во животот. Секоја временска епоха, некогаш и денес има свои предности и негативности кои не можат да се избегнат и негираат затоа што се одлика на развојните фази во секое општество. Се навикнуваме и ги прифаќаме како такви, но индивидуални се ставовите и потребите на луѓето за оформување на своја брачна заедница и семејство.
    И јас се вбројувам во групата на брачни парови кои стапиле во брак на прилично зрела возраст. Тоа бил периодот кога сплетот на околности се совпаднал со моите мислења и критериуми, а не дека времето веќе изминува и морам да бидам во брак. Никогаш не сум размислувала и не сум се споредувала со туѓиот живот затоа што не е мој и тоа не сум јас. Не ми се битни нивните прашања за да им давам одговори со објаснувања какви што луѓето сакаат да слушнат. А тие се толку љубопитни и проникливи што би ископале работи кои се уште не си ни на повидок да се случат.
    Никого не осудувам за своите постапки се додека тие се плод на индивидуални одлуки, а не исфорсирани потези само за да се задоволат другите барања како некој би се вброил во тој шаблонски ситем на опшстествено функционирање.
    И тие што склучиле брак во раните години од младоста имаат своја убава страна и не значи дека тука ставиле крај на удобностите во животот и тоа е грешка што не се поправа. Секој период има нешто што го карактеризира само најважно е да ја пронајдеме суштината и да го извлечеме она по што сме трагале низ годините.
    Во годините што изминаа не можам да кажам дека нешто ми недостасува. Не чувствувам дека нешто сум пропуштила. Категорично сум си дала можност да реализирам некои лични потреби што ми биле приоритетни и со цврст став кон случувањата.
    Финансиската страна е битна, но уште побитна е психо-емотивната зрелост и компатибилноста на партнерите. Многу добро е позната економската ситуација во државава што значи дека семејните палнови и општествените случувања не се движат во една насока.
    Работа тешко се наоѓа за стручни кадри и лесно се губи. Тој е реален факт со кој многумина се соочуваат.
    Но најтешко е да се пронајде личност што ќе ја состави другата половина и ќе издишува на ист начин кога ќе треба да се надминат проблемите. Ако тоа отсуствува, и на 50 години да се склучи брак, ништо не е гаранција за убав и среќен живот.
     
    На papillonP, samovila.red., Abrakadabra и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Според мене животот едодека да се омажиш. Потоа времето лета.
    Тие работи треба да се средат докај 30 години.
     
    На crazylady, Kenzoo и VladeMila им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Една работа не ми е јасна, а ја приметувам низ повеќе теми, а тоа е идеализирањето на „старите“ времиња, зборам за оние на нашите (пра)баби и дедовци.

    Во тоа време условите и можностите биле поинакви. Речиси никој немал „кариера“ – сите биле земјоделци и одгледувачи на стока, и со ова започнувале да се занимаваат од најмала возраст – кога можеле да го држат копачот или да ја чуваат стоката, значи од 7-8 години па нагоре. Образование или немало никакво, или било до 4-то, максимум 8-мо одделение, што се завршува до 15 год. Шетање по светот немало, многу од луѓево поише од неколкуте околни села не виделе во животот. И нормално, како последица на све ова, стапувале во брак порано – едноставно, немало што и зошто да чекаат.

    А имале по 4-5-6 деца од различни причини – прво, луѓето не чуле за контрацепција. Си сакале секс, што е нормално, ама резултат на тоа биле и многу деца. Поинаку не знаеле. Второ, децата во тоа време биле и работна сила – поише деца значело поделба на работата на поише делови. Трето, многу од децата им умирале од болести, па имањето на 4 деца во суштина значело некаква сигурност дека барем едното до нив ќе преживее. Четврто, тогаш се сметало (додуша, многумина и денес така размислувааат) дека децата се должни да ги чуваат родителите под старост по секоја цена, па така раѓањето на деца на некој начин им било како инвестиција и депозит за „старечки дом“. И така натаму.

    И стварно не ми е јасно зошто ова некој би го земал како добар и светол пример у денешно време.

    Ако „порано“ живееле по 4-5 деца у една соба со родителите, ништо не им фалело затоа што повеќето (да не речам сите) живееле слично и не знаеле за подобро. Но, во денешно време да осудиш дете да живее во такви услови, мислам дека е малце сурово.

    Што се однесува до темава, зошто денес луѓето се одлучуваат на стапување во брак подоцна во животот, ќе се сложам со повеќето дека причини има повеќе. Финансиите секако не би требало да се занемарат и да замижуваме пред фактот дека во Македонија двајца млади луѓе со просечни плати едноставно никогаш нема да имаат можност со сопствени пари да си обезбедат свое живеалиште, како и пристојни услови за живот за себе и своето потомство. И сето тоа под услов да успеат да дојдат до работа, нели.

    Читав тука се збори за градење не-знам-ти-какви кариери, а вистината е дека е тешко да се дојде до било каква работа, со која би се обезбедила основна егзистенција. Освен тоа, многу од девојките се дискриминирани од работодавците – на многу не им ни даваат работа кога ќе чујат дека се мажени, уште повеќе ако (не дај Боже) се осмелиле да родат дете, а кога ќе дознаат дека останале бремени – по итна постапка им даваат отказ. Што значи, девојка која ќе се реши да си ја оствари својата желба да биде „млада“ мајка, практично се осудува самата себе никогаш да не најде работа и цел живот да биде „домаќинка“. И после се чудиме зошто прво чекаат да се вработат, па после се мажат. Е зошто, де...

    Но, да ги оставиме социо-економските причини на страна. Уште еден многу битен фактор зошто денес луѓето покасно стапуваат во брак е слободата која ја уживаат. Во тие ваши стари, идеализирани и „бајковити“ времиња, речиси незамисливо било дечкото да преспие кај девојката или обратно или да појдат на заеднички одмор. А да не зборам за заедничко живеење пред брак. Така да, луѓето кои се сакале и сакале да бидат заедно баш и немале друг избор освен да стапат во брак, за да можат да имаат нормална врска.

    Денес сите овие работи, за среќа, повеќе не се табу, но како резултат на тоа луѓето веќе и не се толку мотивирани да ги озаконат своите врски, бидејќи реално, бракот се повеќе станува само обична формалност. Многу луѓе во денешно време се во долгогодишни врски, многу и веќе долги години живеат заедно. А што е тоа ако не е брак, само што не е официјализиран.

    Интересни сте ми сите вие млади луѓе (околу 20 години), со вашите планови околу тоа кога е „идеалната“ возраст за брак и имање деца и искрено, ви се восхитувам на оптимизмот кој го имате. Можеби дека сум машко или едноставно е у прашање карактерот, ама никогаш, ни како помлад, не сум правел планови и не сум си поставувал цели до која возраст би сакал да стапам во брак или кога би сакал да станам татко, па така сега не можам да речам дека на овие мои години нешто од планираното ми се остварило или не. Знам само дека сум среќен со тоа што го имам во моментов и тоа ми е сосема доволно.

    Мој совет до вас е да не се оптеретувате со правење планови и зацртување на рокови, бидејќи, пред се, размислувањата и приликите се менуваат, а планираното често пати не се остварува, па ризикувате да бидете разочарани или да се чувствувате како да не сте успеале во нешто.

    Нешто како љубов, врска, брак и дете не може, а и не треба премногу да се планира. Љубовта се случува непланирано, а бракот треба да дојде кога вие ќе почувустувате потреба од такво нешто со партнерот, а не кога општеството или некој друг ви налага или затоа што пред 10-ина години вие сте си ветиле дека на таа-и-таа возраст ќе бидете во брак. Истото важи и за имање на дете – тоа треба да се случи кога вие ќе добиете желба и ќе се чувствувате спремни за тоа, а не затоа што некој ви рекол дека е „полесно“ да си млад родител, затоа што вашите родители сакаат внуче и сл.

    Одлуките и причините за вакви битни работи у животот треба да произлезат само од вас и вашиот партнер, и никој друг или ништо друго.

    На крај, ќе „клиширам“ со изјавата дека сите сме различни и се е индивидуално – некој сака брак и дете на помлади години, некој нешто подоцна во животот, некој воопшто не се пронаоѓа во институцијата брак и во улогата на родител. И сето ова е ОК. Можам само да кажам дека треба да бидеме среќни што живееме во денешново, а не во некое „старо, добро“ време и што денес секој може да си го живее животот како што сака, без притоа да наиде на (преголема) осуда од средината.
     
    На Artemission, elisabeta, papillonP и 28 други им се допаѓа ова.
  10. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    6.428
    Пол:
    Женски
    Лоша математика :)
    Епа, имам 27. Татко ми е 55.
    ама партнерот е 30, Татко му 65. :) И сега колку време имам за чекање? :)
     
    На VladeMila му/ѝ се допаѓа ова.
  11. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    За мојата баба која се омажила на 16 години - кога завршив факс 23 беа доцна за мажење.
    за моите родители кои на 23 години имале прво дете - моите 28 беа доцна
    мојата братучетка со 38 години - вика НЕ е доцна

    хахааха така да, јас не знам што е доцна што не е - секој ќе си знае длабоко во себе кога е вистински момент
     
    На crazylady, samovila.red., Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  12. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Е па оди брзоооооо мажи се!!!! Не губи време на форуми.
    ПС: За мене си кажвав.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Мене ми се чини дека денес оние што се мажат порано се сметаат за прости, а бракот како да е нешто лошо и влегуваш во него покасно, за да си поживееш претходно. Лелеее онаа се омажила, 22 години, ццц, или е трудна или досадно и било, ни факултет не завршила, трча да се омажи. Епа нека си седи дома и нека си готви тогаш и нека му ги пере гаќите.
    Јас барем се изнаслушав вакви муабети, иако не може да се генерализира на темава, си кажувам од искуство и од муабети околу мене.
    Нормално дека и други фактори кои веќе се набројани тука си имаат влијание, ама ете, не е и модерно млада да се мажиш.
     
    На Kom.pot, crazylady, Kenzoo и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    6.428
    Пол:
    Женски
    Целосно те разбирам, и моите проценки беа тука некаде.

    Сепак се омажив пред 2 години. На 25 влегов во брак.
    Сепак само сакав во лошата математика да вметнам уште една, за жал во мојот случај променлива х.
    х
    = проблеми со стерилитет.
    јбг не оди се така во животот со математика.
    Така да сите вие кои имате во план да проживеете и прошетате, имајте во предвид дека кај сите вас чука еден биолошки саат. Ако не кај вас, тогаш кај партнерот.

    Ви посакувам многу среќа и успех во животот :f:
     
    На crazylady, Tanjamm и VladeMila им се допаѓа ова.
  15. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал кога слушам за стерилитет, но неможам ништо да помогнам.
    Но стерилитет не се јавува само заради биолошки сат, туку од Х причини.

    Една тетка моја остана трудна на 46 години и си го роди.
    Друга роднина остана трудна на 39
     
    На GirlLove, crazylady, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Па и деца ако не може некој да има, а сака, може да си посвои.
    Не мора да им попувате за биолошкиот часовник на другите.
    Гледајте си за себе.
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.552
    Биолошкиот часовник не треба да биде причина за брак. Историјата покажала дека деца се прават и надвор од брак и дека деца се прават и после 30тата година, а и браковите кои настанале со цел да прават дете, без да сакаат брак, прават дете и после немаат брак.

    Вака мајка ми ми викаше, роди си дете, ќе остареш, а свесна беше дека маж и е роден од мајка на 35-36 години. Денешната медицина пресадува глави, ние на 20 ќе се мажиме за деца да родиме. Стерилитетот не е поврзан со возраста секогаш, има милион причини зошто не може да се зачне и стравот од тоа дека на стари години не се прави дете не помага многу во животните одлуки. Многу жени родиле на 40, многу млади мајки лежеле за време на бременост.

    Затоа, не треба да се брзаме за брак од оваа причина. Бракот треба да дојде спонтано, како последица на љубов, не избрзано како последица на страв.
     
    На julie77, Ninichka, slobodka и 17 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Потребата која се јавува да имаш дете, во поголем број случаи доаѓа во пакет со потребата за дом, маж, сигурност, за себе и за детето кое го посакуваш. Ретки се оние жени, посебно па во Мк кои успеале сами да си ја создадат таа сигурност потребна да се одгледува едно дете пред да почне да им чука часовникот, па да речат -ок, ќе посвојам, или ќе родам без маж. Да ја отфрлиме таа идеја за овие простори моментално.
    Па кога оваа потреба ќе почне да се интензивира, не е баш тешко да ги поврзеш емоциите кои ги имаш кон партнерот со кој си во тој момент како и повеќе од доволни да ја исполниш својата желба. Дали го сакаш премногу и затоа сакаш деца и дом со него, или сакаш дом и семејство па затоа го сакаш и него? Сите сме убедени дека е првото, иако често несвесни дека оваа потребата несвесно може да ја поттикне љубовта. Така некако.
     
    На slobodka, eloves, dunika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.761
    Пол:
    Женски
    е амам де со тој биолошки часовник , сто пати пишав и пак ке пишам, годините немаат врска со плодноста, се верив на 22 се омажив на 23 и уште немам дете, лечам неплодност, комшики мои дупло постари од мене без никаков проблем испородија деца.
    Остајте го тој биолошки часовник на мира.
     
    На GirlLove, elisabeta, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Немало презервативи, немало спирали, креми..немало интернет, кабловска, фејс..и повеќе се сексале одколку денешнава младина која е умна и знае како треба да се заштити:rofl::rofl:останувале трудни на 14 години и одма у тавче рипале..кај смеело абортус..Ууууууууу
     
    На GirlLove и Tanjamm им се допаѓа ова.