Јас оправдувам подоцна да стапат во брак, ама за тоа време односно пролонгирање на бракот да созреат и пораснат. Имам сега блиски роднини што ќе стапат во брак, таа без работа, а тој со мала плата. Детето е на пат, ќе стигне за некој месец, а тие нити станбено прашање не решиле, ниту кола имаат, ниту заштеда имаат, ниту сигурни плати, ниту се прошетале, на омдор до Охирд не отишле и сега завидуваат во други кои одат по кафиња или на викенди се шетаат. Епа дете кога ќе правиш треба да мислиш. Недораснати уште, сами за себе не водат грижа, а дете ќе чуваат.
Очекував дека повеќето коментари ќе бидат позитивни за подоцнежното стапување во брак.Во ред е тоа,кој како го сфаќа бракот.Тука веројатно голема улога има и пронаоѓањето на вистинскиот партнер,оти нели не можам да стапам во брак ако не сум го пронашла човекот кој е вистински и планирам со него да ја поминам иднината.Битно е тоа, но побитно е материјалното,нели ако не сум му обезбедила сигурна иднина на детето грев е да се мажам и да раѓам дете зошто ќе биде осудено на пропаст,Нема да можам да му пружам се,и јас ќе бидам себична мајка,а згора на се и "неизживеана" секако ако се омажам под 25 години или пак 30.Повеќето коментари алудираат на ова.Битно е не велам не,но е и најбитно.Кој како го замислува бракот пак ќе кажам.Според мене тоа не е крај на животот туку почеток на нешто убаво,доколку е вистинско.И не,не значи дека нема да бидам успешна ако се омажам на помлади години и дека моите надежи и соништа завршиле тука,напротив.Ако се има љубов се,ама се се постигнува,годините можат дури и да бидат предност.Ако чекам јас да се наредат коцките секогаш некоја ќе фали.Секако подобро е кога и двајцата имаат свои приходи,стан,кола,почит,љубов,секоја чест искрено,Но јас можам да се задоволам и со помалку.Секако дека планирам да работам во животот не сум од тие што ќе чека од мажот и ќе се жали,но никако не мислам дека јас не сум доживеала доволно,а се мажам.Сум шетала и ќе шетам иако имам само 22 години и не сум мажена,ниту верена сеуште.И пораното стапување во брак си има свои предности како подоцнежното,не знам може ќе ме направите заостаната,но јас приоритет му давам на стапувањето во брак на помлади години.Добро ај да не бидат сега 20 или помалку ама кога ќе заврши некој факултет ако тоа му е приоритет или пак не мора факултет,си има работа,зошто да не се одлучи на тој чекор.Работата ќе си дојде,по струка или не секој со среќата.Само здравје ќе се борам на тоа дете да му го пружам најдоброто, а не да го зимам на душа.Бракот не е ропство,не знам зошто некој така го сфаќа,годините не се репер.Исто не можеме да гледаме како на некој му "изминува" биолошкиот часовник.Па ако тој некој не ја нашол вистинската личност или се разочарал во љубовта нема да се одлучи на тој чекор нормално.Можеби и некој сака сам да го помине животот и тоа е негов избор.Јас пак почесто гледам луѓе кои порано склучуваат брак,нека им е со среќа,тоа е нова книга во животот,само нека биде убава.
Можеби мојот коментар изгледаше како негативен. Во ред е човек да стапи во брак и на 22, 23, 25, ама да се мажиш, жениш на млади години, да направиш дете иако знаеш дека дома ти е хаос, немаш кај да се свртиш, не е во ред. Да направиш дете од невнимание, а земаш плата со која едвај свои трошоци покриваш и не паметиш кога си купил последен пат облека е непромислено за мене. Детето ќе си дојде многу брзо и нема да прашува имаш ли за памперс, кашички. Не мора сите да имаат се и не може да имаат се, ама барем процени до кај си што си. А овие уште и завидуваат на други “еееј гајле ти е тебе си шеташ, ехх си купила нова облека“. Е не бе гола ќе одам затоа што некој направил дете и сега предвреме се фрустрира како ќе го гледа и со што.
Има веќе ваква тема http://forum.femina.mk/threads/Чекање-на-сè-па-потоа-брак.12170/ Барем мене ми се слични
Да, да те сфаќам. Не сакав и јас да бидам негативна. Браво за тие што млади формирале семејство и станале успешни родители. Да си млад и зрел е предност. Да си млад и вреден е исто предност. Се зависи од човек до човек. Плус за брак ви треба вистинскиот човек за да се оди полесно.
А зошто сите очекуваат и се сложуваат со ставот дека секој човек треба покасно да стапи во брак?! Дека нели не биле изживеани децата? Дека не прошетале не виделе ништо од животот нели? Дека не завршиле студии целосно.. факс? Дека не знаат да се избришат газ самите тие а па камоли во брак да стапуваат? Дека по дифолт на сето тоа бракот ќе им биде осуден на пропаст ли? Што друго? Не се сложувам со ваквите ставови од проста причина што секој човек си е приказна за себе. Ако дотичните потенцијални сопружници се чуствуваат спремно и подготвено на овој чекор и ако пред се финансиски стојат добро и самите стојат на свои нозе и заработуваат зошто да не? Не секој исти памет носи со себе, може некој на 30 да носи памет на 20 или обратно, разумот и созреаноста е индивидуална работа и зависи од самиот живот на еден човек, зависи од доживувањето на самиот живот и самосталноста на една индивидуа. Познавам најразлични парови и баш според искуствата можам да кажам дека сите проблеми настануваат од своја глава, дал на 30, дал на 40, дал на 20. Сосема не битнa е бројката во овој случај а она што е битно се гледиштата и моќта на самиот човек, тука играат улога многу други фактори за разлика од самиот фактор "младост". Ако и двајцата партнери се доволно созреани и самостални, ако се трудат и стојат на цврсти нозе, сета таа изживеаност, патувања, распознавања, студии, образување можат да ја стекнат во самото нивно заедништво и кругот што ги обиколува. Не значи дека секој човек се служи со истите желби и цели во животот, може на некој самосталноста во одреден период му е главна преокупација а може да е и сосема спротивно. Да така не гледам и не сметам дека годините се најважни за стапување во брак, бракот не е ропство туку е сосема природна и нормална работа за секој којшто ја посакува и се чуствува спремен без разлика на годините, сите цели и желби можат да се постигнат и во него, но нели да изгенерализирам секој човек знае што сака и како му е најубаво да го живее животот. Немам против за доцно стапување во брак а ниту пак за стапување во брак во пораните години, крај краева секој си знае за себе и знае што и како го исполнува, зборот и поентата на постот ми е дека не значи ако стапиш во брак помлад/а ќе патиш и ништо не си направил од животот за да на крај се разведеш.. се е желба и индивидуалност. И за крај да се искажам дека правам муабет за +20 години, не мислам за малолетници и деца што сеуште не знаат што сакаат од животот и се издржуваат од родителите.
Не успеав да се доискажам од лавината на коментари, така да чекав секој да си го каже своето и да ми дојде редот. Немам против подоцнежно стапување во брак, само сакам да напоменам дека некогаш треба да сме свесни дека сите работи не се вечни. Јас го спомнав биолошкиот саат. Да, живееме во модерно време каде медицината е напредна, но вештачкото одлодување не е "бутни прачка, пиј вино". Тоа е една цела етапа од животот. Да не кажам како студирањето. Не е така едноставно како кога се гледа од страна. Може да трае една година, може да трае и 5-10 години. Само тоа ми беше целта што сакав да ја кажам. Бидејќи ако некој ми го објаснеше ова додека бркав кариера ќе бев многу среќна. Немаше ништо да сменам и немаше да се мажам порано ни ден, ама ќе бев освестена дека не е така лесно. Криерата Колку и да градиш, колку и да се надоградуваш, може во било кој момент се да падне. Инаку нормално дека без разбота, секој разумен човек не би стапил во брак. И да стапи, може пак да бара работа, никој нема да го сопре. Знам луѓе што без работа влегуваат во брак, па наоѓаат работа. Луѓе кои пред бракот не направиле ништо посебно и во бракот шетале и прошетале. Родиле дете додека едниот работи, она домакинка 4-5 години, сега си најде топ работа и напредна повеке од било кој од тие што градевме кариера. Се е инвидуално. Сепак ништо не е постојано, се се менува. Мојот заклучок е, не е важно на колку години ќе се омажиш/ожениш, важно е со кого.
Секој кога се чувствува подготвен треба да стапи во брак. Еве јас дури сега на 30 се одлучив на брак само поради биолошкиот часовник. Инаку повеќе од 7 години јас финансирам 90% од сите излегувања, одмори, му давам пари на сега веќе вереникот. Не дека имам голема плата туку цела ја вложувам во врката, а за себе лично не сум си купила нешто незнам од кога. Вереникот не работи, и во текот на тие 7 години има работено 3 и нешто и тогаш целата плата ја трошел за себе и за дома зошто е во лоша финансиска состојба. И сега ме фаќа паника што и како ќе биде ама неможам веќе да чекам зошто годините ме газат.
Ne bi sakala da zvucam grubo, ama ti da finansiras tolku vreme a on neraboti?? Alo!! Kako be tolku vreme neraboti a plus vo losa finansiska bil, pa normalno koga ceka od tebe. Plus velis porabotil malku a nisto ne te pocastil. Bas naprotiv trebal togas da se pokaze, da mu bide merak barem togas da te pocasti so nekoja sitnica koga veke zarabotil nekoj dinar. Tipov mi lici na parazit, ne se vregaj moze zvucam pregrubo. Sepak tvoj licen izbor e, jas so takvi ne bi bila.
Моето мислење е дека на секој кога му дојдено времето тогаш ке стапи во брак.Некој порано некој подоцна.Некогаш не те прашува врмето дали си финански подготвен,емоционално или незнам како.Едноставно они коишто треба да стапат во брак се наогаат на патеката на животот.Можеби некој сега сака да стапи во брак но не може да ја најде сродната душа и тоа ке му се деси кога ке биде моментот.ЗА се има свое место и свое време во животот .Ако сите сме стапувале во брак на 17,18,20 итн немало ни да излезе ова тема на конверзација.
Не дека не ме почестил ама јас после чувствувам грижа на совест. Ми рекол и да ми купи што сакам некои балетанки, патики и слично ама неможам да прифатам јас имам 5 пара а он иде со едни исти цело време. Кога работел земал плата минимална што пола ја дава на превоз и јадење за на работа, а во останатото време волонтирал на неколку места. може и јас сум крива што сум го научила дека ќе средам се да не се секира. Незнам времето ќе покаже дали тоа било добро или не.
Не е соодветна темава за тука, но сепак... Зошто да ти е жал за него?? Не е сакат, нека се фати за работа. Немал, па ќе нема кога неработи. Има мажи растовараат за да овозможат финансии. Јас лично тој тип на мажи не поштувам, кој чекаат на судбина, на некој да ги почати и слично. Како ли само ќе рани тој дете утре, пак на твој грб? Ти ќе треба да го раниш и него и детето.
Од погрешна причина си се одлучила на брак. Мој совет ти е со таков човек да не остануваш заедно, не по секоја цена. Тој никогаш нема да најде работа затоа што му одговара да биде на твој грб и да ужива, додека ти се мачиш да заработиш и за двајцата. Да речеш дека е период - месец, година, еве две години, ама седум години и не нашол досега ништо со редовни приходи? Тоа ме чуди. Јас по никоја цена не би била со таков човек во врска, а уште помалку во брак да стапам со него само затоа што ми чука биолошкиот часовник. На крајот на краиштата, не мораш да бидеш во брак за да имаш дете. Го сакаш, и ќе го браниш, не очекувам поинакви реакции од тебе, ама би те замолила да си ги отвориш очите додека не е предоцна.
Моја другарка има сличен проблем. Вие сте се земале, а таа ем финансира искачања, ем не работи или само хонорарно, а дечкото цела плата од 20.000 и нешто илјади денари, си ја троши за себе. На Нова година, 1 мај, 2 август си оди со друштво кај си сака, а неа ја остава дома да седи и таа уште го жали растргнат бил од работа. Можеби е ратсргнат, ама зема добра плата која ја троши исклучиво за себе, и не сака да ја почасти.
Не декa имaм нештo прoтив советите ваши, гoре-дoлу верoјaтнo и јaс истoтo би гo нaпишaлa вo брзaње, сaмo ме зaнимa дaли и зa девoјките кoи не рaбoтaт и дечкoтo претежнo чaсти излегувaњa и oдмoри истoтo ќе гo кaжеме и тие мaшки требa дa избегнувaaт неврaбoтени девoјки сo плус лoшa финaнсискa сoстoјбa дoмa? Честo кoгa е oбрaтнa ситуaцијaтa знaеме дa кaжеме декa е идиoт aкo бaрa пaри oд девoјкaтa зa зaеднички трoшoци а таа кутрата не работи, нели? Да е женско ќе ја жaлиме кaкo рaбoтa тешкo се нaoѓa, па дури и во брак со деца, со години од свекрвата да јаде, а сега за него мора да има? Може не му се работи, ама можеби нема квалификации за нешто подобро а ниту опции премногу во местото каде живее. Млад е, има време. Колку од вас 30 годишни девојки последните седум години имате редовна работа и плата секој месец? Колку од вас се омажија невработени и така останаа со години?
@Среќа Ако само поради една причина имаш потреба да склучиш брак (биолошкиот часовник), а битен фактор занемаруваш (финансиите) биди подготвена на многу повеќе потенцијални причини кои ги носи заедничкиот живот што може да ја засенат таа една за да ја склопиш коцката. Не е така лесно и едноставно од позицијата во која се наоѓаш да гледаш површно и да преземеш одговорен потег за кој може да биде предоцна. Доволно си возрасна сериозно да размислиш дали си во состојба животот да го споделиш со таков човек. Товарот што го носиш е доволно тежок за да се потпреш само на една и единствена причина за стапување во брак. Ако продолжиш да прогледуваш низ прсти за основни прашања како што долго време си толерирала допрва ќе те фаќа паника кога тежината на товарот ќе се зголеми во бракот, а ќе бидеш препуштена сама на себе да се справиш со ситуацијата.
Никој не е имун на безработица и безпарица, ама тоа не може да трае со години и при тоа машкото да се дозволува женско да го части, да му купува подароци, да му плаќа шетање. Ако има нека троши, ако нема и тој да части нека се стисне, а не да го часат и да му купуваат добро е, ама како што си кажа феминката и кога заработувал трошел исклучиво за свои потреби.
Јaс се oмaжив неврaбoтенa, и 4 гoдини бев нa грбoт нa мм. Еве, си признaвaм. Амa ни нa крaј пaмет не ми беше биoлoшкиoт чaсoвник. Знaм кoлку е тешкo дa се нaјде рaбoтa, и зa мaшкo и зa женскo и истo би сoветувaлa кoј и дa пишеше вo темaвa. Сигурнa сум декa нa вереникoт нa девoјкaвa му се укaжaлa бaрем еднa дoбрa шaнсa зa пoстoјaнa рaбoтa вo текoт нa тие седум гoдини, пoсебнo зaтoa штo е сеуште млaд. Нaјтешкиoт периoд вo брaкoт ми беше кoгa и двaјцaтa сo мм бевме без рaбoтa, и штoм нa мм сo тaквo искуствo му беше тешкo тукa вo Мк дa нaјде рaбoтa, штo oстaнувa зa oние вo пoмaлите грaдoви, штo мoжеби и не се дoвoлнo искусни зa oдреденa пoзицијa, aмa немa кaде дa гo стекнaт пoсaкувaнoтo и бaрaнo искуствo. Никoму не му сoветувaм дa стaпи вo брaк неврaбoтен, билo кaквa рaбoтa е дoбрa, зaтoa штo ќе нoси прихoди дoмa. Децaтa oд вoздух не рaстaт. Кoгa сaкaш семејствo, фaкт е декa ти требa бaрем oснoвнo oд финaнсии. А не секoгaш еднa плaтa е дoвoлнa. Рaбoтaвa е штo девoјкaтa сaкa дa се oмaжи oд пoгрешнa причинa. Акo сaкa семејствo, ќе мoрa дa си скрaти oд мнoгу рaбoти, штo знaчи дa жртвувaaт скoрo се штo тaa дoсегa финaнсирaлa. И верувaм декa тoгaш тoј ќе си гo пoкaже свoетo вистинскo лице. Никoј не знaе штo нoси живoтoт... штo aкo тaa утре oстaне без рaбoтa? Не велaм декa требa дa чекa дoдекa дa нaјде мaжoт рaбoтa, aмa никaде не видoв љубoв oд нејзинa стрaнa, oсвен вo тoa декa гo oпрaвдувa зa некoи негoви пoстaпки. Не ги знaм двете стрaни, пишувaм спoред oнa штo тaa ни гo кaжa. Сaмo вели декa времетo зa децa и истекувa и зaтoa се мaжи. А тoa спoред мене не требa дa биде единственa причинa зa брaк.
^ Ај сегa ќе вртиме демек не ни сметaше финaнсискaтa сoстoјбa туку биoлoшкиoт чaсoвник кaкo причинa. Пa и дa чувствувa декa време и е зa брaк штo имa лoшo тукa? Имa дoлгa врскa, aкo не и е дoбрo ќе рaскинелa, aкo сaкa дa се мaжи некa се мaжи. Вo тие 7 гoдини тoј пoлa време бил врaбoтен. Вo 20-тите гoдини кoлку мoжеш сигурнa рaбoтa дa нaјдеш? Знaм пo себе, тoгaш се ми беше нa дoгoвoр oд некoлку месеци, хoнoрaрнo, сезoнски... Зaтoa претпoстaвувaм декa е сличнo и сo негo, не мoже дa знaеме. Неa и чукa биoлoшкиoт чaсoвник, тaкa вели, пo пишaнoтo имa дoбрa и сигурнa рaбoтa, дечкo дoлги гoдини (не знaм зoштo јa исклучивте љубoвтa штoм спoмнa биoлoшки чaсoвник) вие јa сoветувaте дa не се мaжи oти тoј не е бaш нaјсигурен финснсиски. А oд другa стрaнa еве ти велиш без рaбoтa си билa дoлгo, кaкo знaеш декa мaж ти немaл сoмнежи вo тебе декa си се oмaжилa зa тoј дa се грижи зa тебе дури ти си бирaш рaбoтa штo ти се дoпaѓa? Зaтoa штo те сaкa и верувa вo тебе? Зoштo ние тoгaш јa прaвиме лудa зa истoтo, сoветувaјќи јa дa ги тргне емoциите нa стрaнa и дa гледa реaлнo? Кaкo дa знaеме декa ти вредиш пoвеќе oд негo кaкo чoвек a сте дa речеме вo исти ситуaции? Не е убo тaкa.